Досиеја

Програмски цели на ВМРО – Демократска Партија за Македонско Национално Единство-1990 г.

Македонија над се ! 1990 година

МАКЕДОНИЈА НАД СЕ !!!

  1. ВМРО – ДПМНЕ ќе се бори за враќањето на гордоста и достоинството на македонскиот човек, македонскиот народ и македонската држава.
  2. ВМРО – ДПМНЕ ќе работи за целосно духовно, политичко, економско и етничко обединување на распарчениот македонски народ и држава по линијата обединет Балкан (Балканска конфедерација) и обединета Европа.
  3. ВМРО – ДПМНЕ ќе се залага за конфедеративен статус на македонската држава во рамките на СФРЈ, како единствена гаранција за целосниот македонски суверенитет и како основен предуслов за преговорите со соседните земји за обединување на Македонија.
  4. ВМРО – ДПМНЕ ќе се бори против секое тоталитаристичко владеење и властвување во македонската држава; ќе се бори за целосни граѓански слободи и права; секој граѓанин да има право да бира и да биде биран на изборите за претставничките тела и другите општествени форуми и организации, слобода на говорот, слобода на печатот, слобода на организирањето, слобода на вероисповеста, рамноправност на половите, еднаквост пред судовите, социјална правда.
  5. ВМРО – ДПМНЕ ќе се залага за суверена македонска државна економија, нејзин брз развој во условите на пазарна економија и приватната сопственост како носител на новата економска политика.
  6. ВМРО – ДПМНЕ да има за трајна грижата за македонскиот народ во незаконски присвоените делови на Грција, Бугарија, Србија и Албанија, како и грижата кон разните народности и етнички групи кои живеат на територијата на македонската држава.
  7. ВМРО – ДПМНЕ е за самостојна македонска надворешна политика, која ќе тргнува од интересите на Македонија и за потполно нов однос кон македонската економска и политичка емиграција, кои во минатото беа претставувани во македонската јавност како непријатели. За национално помирување на сите Македонци кои остануваат до духот на бесмртниот Илинденски идеал.
  8. ВМРО – ДПМНЕ е за протекционизам на македонскиот културен простор, во кој ќе владеат подеднакво пазарната економија, но и законот на естетската вредност. Културата како најсилно оружје на новата македонска држава, за реформа на македонскиот литературен јазик и неговата заштита.
  9. ВМРО – ДПМНЕ е за македонска народна армија во склоп на заедничката братска југословенска армија, како носител на одбраната во македонската држава.
  10. ВМРО – ДПМНЕ ќе се залага за целосно преиспитување на постарата и поновата македонска историја, преиспитување и преоценување како на личностите така и на настаните, ослободени од било какви идеолошки предрасуди или цензури. За пишување и учење на заедничката историја од трите дела на Македонија.
  11. ВМРО – ДПМНЕ ќе работи за здрава, заштитена и еколошки чиста животна средина во Македонија.

ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР НА ВМРО – ДПМНЕ
СКОПЈЕ

Најново од: Досиеја

Одржан семинар за Македонија во Берлин

Берлин, 08.09.95 Во преполната сала во Ратхаус Шенебер – седиштето на поранешната Берлинска влада, се одржа семинар на тема „Македонија на пат кон Европа“. На семинарот зедоа учество дипломати од неколку амбасади и тоа: Кина, Египет, Русија, Британија, Словачка, Чешка, Бугарија, Хрватска, Шведска, Индонезија, Франција, Италија, Словенија, Полска. Исто така на семинарот во Берлин присуствуваат […]

Отпорот на македонскиот народ кон странските пропаганди

Во текот на XIX век Македонија била изложена на силно дејствување на пропагандите на соседните држави. Грчката, српската и бугарската пропаганда, потпирајќи се врз своите државни институции, цркви, училишта, дипломатски претставништва и различни друштва, настојувале да го прошират своето влијание меѓу македонското население и да создадат услови за остварување на своите територијални претензии кон Македонија. […]

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

31 октомври 1982 – се појавува „ШТАЗИ“„Да се набљудува“

На 31 октомври 1982 година во источногерманската документација се појавува оперативно барање. На него стои: Jakovleski, Manojlo. Целта е јасна: „In der Zeit von Einreise bis Ausreise beobachten.“ Во времето од влегувањето до излегувањето – да се набљудува. Ова е еден од најважните документи во целата приказна. Тој покажува дека интересот на Штази кон Мане […]

Мане Јаковлески и Ресторанот „Ново Скопје“ под надзор на Штази во поделениот Берлин

Повеќе од три децении не знаев дека источногерманската тајна служба – Штази – собирала информации за мене, за моите движења и контакти, како и за рестораните „Ново Скопје“ и „Македонија“ во Западен Берлин. За тоа дознав дури во 2017 година, благодарение на мојот близок германски пријател Матија Дорнфелд, кој работеше во Министерството за надворешни работи […]

To top