Фељтон

Белешки за интригите и аспирациите на елинизмот во Македонија

dimitriu

Македонска нација

Во 1878 година Берлинскиот конгрес го доведе Балканот до лудило. Едно од отворените прашања било прашањето за прецизирање на новата грчко-турска граница. Атина и Цариград биле повикани да се договорат за корекција на заедничката граница, при што во случај на неуспех би следувало посредништво од големите сили. Властите во Цариград и во Атина воопшто не се колебале во своите политички игри да ги активираат негрчкото и нетурското локално население. Новата грчко-турска граница и присоединувањето на Тесалија кон Грција директно ги засегало влашкото и албанското население во Тесалија и во Епир.Францускиот државник Barthélemy Saint-Hilaire можел со еден збор да го спречи припојувањето на Тесалија кон Грција – пишува Георги Трајчев (1869 – 1945), во својата книга „Белешки за интригите и аспирациите на еленизинмот во Македонија“ (1904).

Во третото поглавје Трајчев се осврнува на неколку настани: посета на офицер од прускиот Генералштаб на грчко турската граница; Влашка делегација се подготвува да протестира пред преставниците на големите сили против присоединувањето на Тесалија кон Грција, но нејзиното заминување се одложува од Отоманското Министерството; Пад на Министерството на Биконсфилд; Писма од Ларискиот митрополит и од грчкиот патријарх; Пристигнување на влашки делегација во Цариград; Нивниот протест прeд преставниците и Нивните одговори.

„Аргументите кои Албанците ги претставија пред Европа и на кои аргументи Софет паша бил само толковник пред Цариградската конференција беа само приговори за купување време. Исто така не станало сериозен збор за присоединување на Епир кон Грција, кога Силите го наметнуваа свое посредување.

Според една депеша од Берлин, од 11 јули 1878, mr Wadington добил од конгресот одлука внесена во текстот на трактатот, да воспостават свое посредување, доколку Турците и Грците не можат да се договорат. Неговиот предлог бил живо оспоруван од турските полномошници, но конгресот го прифатил.

Грците исто така многу настојувале да им се отстапи Мецово, под изговор да ја заштитат својата територија од една турска инвазија; тие сакале да направат еден воен и политички коридор: Воен за да го прошират во кратко време своето владеење дури до Битола; Политички за да ги соберат во едно Пиндските Власи и да ја комплетират нивната елинизација.

Но, еден Пруски агент извршил инспекција на границата. По враќањето во Берлин, тој објавил дека присоединувањето на тоа место кон Грција би било за Турција еден вид самоубиство, и дека при таква една остапка војната би била неизбежна. – Самото Мецово пак го отврлија и конференцијата на преставниците и се ограничила на Тесалија.

Впрочем, освен дека Тесалија, исто како Епир, никогаш не припаѓала на Грција, како и Албанците од Епир, Власите сакаа да претстават исто така добри аргументи против присоединувањето на таа земја (кон Грција). Тие составиле мемоари кои многумина делегати имаа за задача да ги претстават пред амбасадорите. Исто така, дури еден патриот предложил доброволно 100 фунти турски за трошоци при патувањето. Но, Високата Порта рекла дека сеуште не било дојдено времето за такво нешто. Делегатите требаше да чекаат… И кога таа делегација пристигнала во Цариград, отстапувањето на Тесалија било веќе завршено…

Како што се воинствени, и поддржувани од Албанците, Власите би се справиле лесно со Грците. Но незадоволни зашто било спречено тргнувањето на влашките делегати, тие се спротивставиле на едно навлегување на Грците заедно со 15.000 Албанци. Подоцна, тие се спротивставиле така што 300-400 Албано-Власи биле подготвени да го грабнат кралот Георги и неговите министри, во моментот кога тие, ќе ја посетат за прв пат новата провинција.

…Никогаш Англија, колку и да била наклонета кон Грција, не би се согласила на една измена на границите што ја ослабува Турција повеќе отколку што беше. Веќе од – порано Гамбета (француски државник) си дозволил “да се пофали пред Грците дека го победил отпорот на Англиската влада.” Но потребен беше падот на Биконсфилдовиот кабинет и доаѓањето на Гладстон за да Отоманската империја ја изгуби Тесалија.

Ова расположение на Биконсфилд не беше познато само на Атинскиот кабинет.

Сите нејзини тајни агенти го поздравија неговото паѓање со извици на триумф. Еве со какви зборови Ларискиот Митрополит го известил прочуениот Григор Агиотафитис за доаѓањето на Гладстон.

“Искривениот Арапин, проколнат од страна на нашиот народ, паднал од висина од своите овластувања и ќe исчезне заедно со сите соработници од лицето на светот. Тој веќе не може да се качи на висината на славата, од каде е соборен . . . Г-дин Гледстон, спасителот на нашиот народ, сега е на власт и сè ќе направи за нас”

Митрополит Лариски: Неофит

… Влашките делегати, кога пристигнале во Цариград, имале бројни средби со големиот везир Саид-паша, со министрите за надворешни работи, Асим-паша, со Махмуд- Недин, министер за внатрешни работи, со Сервер-паша, 1-от преседател и Гази Муктар-паша, 2-от претседател на комисијата во однос на работите на Тесалија. После тоа тие се претставиле пред амбасадорите. Но, сите не ги пречакале добронамерно… Според усното сведоштво на луѓе од делегација, еве на кратко што било изложено на тие состаноци.

Рускиот амбасадор не можеше да направи еден понепријатен прием на влашката делегација.“Пазете се, им рекол, меѓу другото, тука вие земате една голема одговорност. Вашата земја не е населена само од Власи, таму има исто Грци, Албанци и Муслимани. …Европа не може да води сметка за сите тие индивидуални интереси. Треба жртви. Бидејќи Грција е таму, ние мислевме дека можеме да ја припоиме и вашата земја. Вие сега се противите на едно Европско решение. Тоа од ваша страна е да земате врз вас одговорност за сето она што може да произлезе.

Ваша Екселенција му одговориле тие: Ние мислевме на сето тоа. Но, не ставија меѓу животот и смртта, и бидејќи меѓу тие две зла треба да се избира помалото, ние претпочитавме надеж за живот од сигурноста на една неизбежна, смрт.

Но Грците нема да ве убијат. Ние мисливме и за тоа нешто; вашите интереси се заштитени. –  Да, ние се согласуваме во тоа дека остапувањето на Тесалија содржи поволни услови. Но, каде е аргументот дека Грците ќе се усогласат на такво нешто? И ако тие не ги почитуваат вашите одлуки дали ќе им објавите вие војна? Амбасадор молчел; и не продолжил повторно со темата освен само за да го подвлече своето застрашување.

Сосем друг бил приемот на кој влашката делегација нашла во Германската амбасада… Амбасадорот не бил таму, но неговиот аташе покажал жив интерес кон сè што му се рекло… Австроунгарскиот амбасадор покажал жива симпатија кон Влашката делегација. Неговите прашања, како и неговите одговори покажале дека неговата влада ги познавале Грците и дека за своја сметка не би сакале едно исправање на границата во корист на Грција.

Ако имаше амбасада во која благонаклонето гледаа Романите дека би можеле да се потпрат, тоа беше несомнено, италијанската. Притоа, тешко ни е да кажеме дека Конт де Корти бил лут, откако го прочитал следниов извадок од застапениот мемоар од делегацијата: “Европа, натерана во заблуда, сака да откине од нејзините легални и вековни иматели дел од нивното земјиште, за да го даде на еден стран народ ..“ Потоа де Корти им кажал: “Европа, не ви го одзема земјиштето, напротив таа ви го гарантира нивното поседување.”

. . . Да, му одговориле, “Европа ни го гарантира поседувањето на неколку полиња, на неколку планини, на неколку карпи, но таа не ни ја гарантира нашата романска народност, нашиот јазик, нашите обичаи. И токму со тие работи кои ние ги цениме повеќе од колку сето друго; бидејќи тие работи се оние кои Грците во корист на панеленизмот ќе гледаат да искоренат. Ние Романците, еднаш присоединети кон Грција, ќе станеме бездруго плен, и ако некој сака да остане Романец, тој ќе биде, сакал не сакал, принуден да емигрира на друго место. Вие гледате, пак, г. Амбасадор дека ако формата се разликува, основата останува иста. Да ја дадете нашата земја на Грците, тоа значи да ја дадете на нивно располагање нашата народност, нашиот јазик, нашите обичаи, со еден збор тоа што го имаме најскапо на светот.“

Англискиот амбасадор не бил дома и влашката делегација не можела да биде примена од него на аудиенција за да се изјасни за својата цел пред Англија. Таа исто не била примена и во Француската амбасада. Г-дин Тissot не ги сакаше Грците. Но поштата мораше брзо да замине и требаше да го заврши своето писмо, па ја замолил делегацијата да го прифати неговото извинување. Но се дознало подоцна дека Barthélemy Saint-Hilaire страшно е налутил, бидејќи порано не беше дознал за влашката манифестација. Би можел, одговорил тој. . сето тоа да спречи со еден збор.

Да направиме заклучок од сето што претходеше: Султанот Абдул Хамид ја должи загубата на Тесалија на „интелигентноста“ на своите министри. Сервер-паша, меѓудругото, не знаел дека во Тесалија имало повеќе од 40 села населени од коњари муслимани. Влашката делегација требаше да му ги изброи; но при незнаењето …. Треба да се отбележи и лошиот прием кој Абдул-Азизовите министри го покажаа кон предлозите на Романија, во време на реформаторските конференции одржани во Цариград.

Свесна дека ќе биде вовлечена во Руско-турскиот конфликт, и сакајќи да ја избегне таа ситуација, Романија и предлагала на Турција да ја признае нејзината независност, и да ја прогласи за неутрална земја. Европските сили ја поддржале или ветиле да ги поддржат овие барања. Но отомански министри одбија да ги исполнат овие предлози барајќи да се соединат нивните војски и заедно да ја водат војната. Отука, не само што Романија не би освоила ништо во тоа, но таа при ова требаше да биде несреќен театар на една погубна војна.

Трајчев во овој дел говори и за грчката пропаганда меѓу влашкото население во Тесалија. Во забелешките ќе напише:  

„Во Трново (Тесалија) бил назначен фамозниот Григориј Агиотафитис (Божигробски), управител на имотот подарени на Светиот Гроб и агент на грчката влада. И никој не беше антажирал толку колку предавникот Агиотофитис… Ние како квалификација за тој човек го употребивме зборот предавник, наместо патриот, бидејќи овој човек очигледно ги предавал на турската влада сите тие Власи кои се изјаснувале дека не сакаат да бидат Елини.

Пред да покажеме кој бил тој Агиотафитис и какви се неговите заслуги познати и како треба да бидат оценети од Фенерскиот Патријарх, треба да констатираме еден факт… Односно дека елинизмот е тесно поврзан со фанариотизмот и дека заштитени под црковната одежда, службениците на Фенер во раце на грчката влада е исцело најенергичниот и најмалку забележливиот инструмент на …пропагандата за лаги и за клевети.

Во огромната кореспонденција на архимандритот Агиотафитис, Турските власти ја положиле својата рака во месец Мај 1881. За што ли станува збор всущност? За револуционерното дело, кое Атинскиот кабинет го експлоатира пред очите на европските сили и на кое, по поттикнувањето на Фенер, владици, монаси, свештеници, силогоси и наставниците ја прошируваат мрежата преку школите по цела Турција. Имаше, на пример, 8 владици или архиепископи во Тесалија. Нивните седишта беа Лариса (Іени-Шехир) Аласона, Тринис (Трикала), Статон (Калабака) Фанарио-Ферсала, Гардинио, Домоко, Димитриадос (Воло)… Од кореспонденцијата на агентот Григориј Агиотафитис, интендант на Божигробскиот имот, родум од Дракија близина Трикери, следува дека сите тие владици и архиепископи добиле од Атина и од Фенер едни исти инструкции, со упатство да помагаат и да ја олеснат преку сето свое влијание мисијата на Агиотафитис, секој пат кога тој би имал потреба од нив.

Опремен со највисоки и со потребни препораки, назначен од друга страна од цариградскиот патријарх со титулата Архимандрит, и од Јерусалимския патријарх со титулата управител, Агиотафитис бил секогаш во трчање нагоре надолу, кога давал инструкции на сите агенти на панелинизмот, кога ги потикнувал едните и потикнувал ревност кај другите, кога се заканувал со најтешки казни на секој кој не би се согласат со неговите заповеди.

Впрочем, било свештеник, калуѓер, лице, фамилија, школски учител, каков и да е човек и дури селанец христианин, имал ли потреба од некаква заштита, било пред митрополија, бало пред патријархот, било дури и пред турските власти (бидејќи итро ја присвоил дури довербата и на граѓанските и на воените турски власти) (?) се кон него требаше да се однесат. Доколку сакал човек да помине без неговата заштита, тоа било еднакво да се изложи на неуспех или на едно одбивање кое речиси беше неминовно. Бидејќи еден рапорт или извештај за или против, испратен преку него било до владиците, било до Патријархот и соодветните училишта, црквите, свештениците, црковните притропи, училишните доверители, демогеронтите (кметови), или лица кои имале расправија со други лица, беше вистинска пресуда; и тешко на оној кој не би ја поддржал со сета своја сила една работа препорачана од него.

Беспредметно е да додадеме дека бројни невини лица станале жртва на неговата тиранска моќ; и тоа затоа што овие не побарале да станат слепи орудиа на неговите погубни махинации или да стапат во служба за грчката политичко-национална кауза, влијанието и средствата со кои тие располагале…

Сепак, конечно, турските власти добиле известување да внимаваат на него. Најпосле, декларацијата која ја давал да се потпишува на Велигден за да биде испратена на Силогосот и преку него до грчката влада во Атина, направи да се прелее чашата преполнета од неправди, беззаконија и предавства.

Во овој документ, составен во форма на манифест, Агиотафитис им викал на Пиндските и на Тесалиските Власи “дека тие се нерастопиво соединети кон грчката нација, дека сето ова што се објавува во Европа за нивната положба во грчко-турското прашање и за нивните трендови е имагинарно, лажно и измислено. Ние сме Елини по срце, им велеше уште, и ние сакаме да бидеме Елини на дело.”

Папа-Михо, агент на Атинскиот Силогос го носел од место на место манифестот сочинет од Агиотафитис. (Тој) беше човек со скандалозно минато, под заштита на Агиотафитис кој беше го прифатил за агент, со плата од 100 драхми месечни исплаќани од Атинскиот Силогос… По (неговото) апсењето, полицијата веднаш побарала да се уапси и Агиотафитиса кој долго време бил скриен во Лариската митрополија, без да може да излезе. Конечно ја избричил брадата и преоблечен во цивилна облека, отишол во Воло, од каде Грчкиот конзул му овозможил да избегне во Сира.

Забелешки – Сепак на 2 јули 1881 година била потврдена новата грчко-турска граница, со која поголемиот дел од Тесалија и регионот Арта во Епир ѝ биле дадени на Грција. На 18 јули влашките делегати доставиле втора петиција против отстапувањето на Тесалија поради „очајот и загриженоста што беа предизвикани кај влашкиот народ поради веќе потпишаната конвенција“. Во неа на амбасадорите на големите сили во Цариград по вторпат им била образложена критичната положба во која ќе се најдат влашките интереси доколку на Грција ѝ се отстапи „толку значаен дел од територијата на која со векови живее влашкиот народ“ Како што и можело да се очекува, петицијата немала никаков ефект. Протестите и заканите биле залудни, а сонот за Голема Влахија бил срушен.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top