Фељтон

Богомили – Средниот Век во Македонија (3 дел. Почетоците)

bogomili3

bogomili3

Врз основа на оскудни пишани извори за Богомилите, и од нивните противници, преовладува мислење меѓу научниците дека ова движење најпрво се појави и започна во Македонија, според некои во 935 година. Со цел за утврдување на името на основачот на Богомилската ерес, потребно е да се проследат “Дискурсите” од постариот свештеник – пpезвитер Козма, кој на самиот почеток на неговата книга вели: “Тоа се случи во времето на царот Петар кога во „бугарскиот свет“ некој свештеник наречен Богомил се појави, но кој треба поточно да се нарече “Богонемил”, бидејќи тој беше првиот кој го проповедал ересот… ” Знаеме дека кралот Петар владеел врз Македонија од 927 до 969 година. Значи тоа е времето кога овој поп Богомил се појавил во Македонија. А во врска со изјавата на презвитер Козма дека Богомилството почна во „бугарска земја” – дефинитивно е утврдено дека многу Македонски региони биле дел од кралството на Петар, и Македонија во тоа време била 40-тина години под Бугарска окупација, какошто предтоа била под Римска.

Кој навистина беше попот Богомил? Беше ли тој мит или историска личност?

Според сите сознанија тој е роден во еден од градовите или селата во југозападна Македонија, од благородно Македонско семејство. Попот Богомил бил многу образyван човек за тој период; тој ги познаваше сите уметности и науки што училиштата на Ромејското царство можеа да ги понудат во средниот век. Според Ана Комнена, Богомилите имале скромен, но уверлив надворешeн изглед: тие носеле долга коса покриена со капуљача, која била спуштена надолу преку нивните очи. Самиот Богомил бил со сериозна личност и многу едноставно облечен. Неговите проповеди создавале огромен впечаток кај луѓето. Многу наскоро тој бил опкружен со голем број на верни следбеници, кои патуваа низ Македонскиот Полуостров и ги проповедаа новите учења.

Македонија, која сé дотогаш беше под туѓа окупација, за Богомилското движење представуваше најповолна почва за негова појава. Учењето на Богомилите се појави прво во Македонија и затоа што тука феудалното угнетување беше најтешко, а луѓето беа крајно очајни и решени да се ослободат од бремето на тешките страдања што е можно поскоро. Феудалниот поредок, воведен од страна на Бугарската окупаторска држава, и поддржан од страна на официјалната кристијанска црковна столица во Константинополитаната Нов Рим (Цариград, денешен Стамбол), создаде огромни внатрешни разлики во социјалното ткиво, разлики кои само Богомилството можеше да ги приближи. Оддалеченоста на Македонските краишта од главниот град на Ромејското царство и црква дополнително ги олеснуваше злоупотребите на црковните и феудални господари, така што социолошко-економската состојба на Македонскиот народ под нивна окупација стануваше се полоша и полоша. Македонскиот историчар Драган Ташковски запишал: “Во внатрешноста на Македонија беа создадени огромни класни разлики во структурата на општеството. Народот, жртва на огромната корупција, лишен од земјиштето и без основни средства за егзистенција, беше доведен do екстремен степен на беда и истоштеност, и беше спремен за сеопшт бунт. Тоа беше ситуацијата која предизвика да се разгори големиот пожар. Не требаше многу време за огнот да се рашири во регионите во Македонија каде што експлоатацијата беше најсвирепа. Протестот и револтот на народот се појави под името на Богомилството.”

На тој начин политичко-социјалните и економски услови на Македонскиот народ од средината на 10-тиот век, т.е. феудално-црковната експлоатација во средновековното бугарско царство, беа главната причина и предуслов зошто ова верско и социјално движење се појави во Македонија.

Покрај тоа, некои Македонски топоними покажуваат дека Македонија навистина беше центарот на Богомилството. Може да се цитираат на пример: Богомила, планината Бабуна, (името со кое постарите учители на движењето биле нарекувани во најрано време), имињата на селата Богданци, Богослов, Калуѓерци и Негилово, кои се на еден или на друг начин поврзани со делувањето на Богомилите во тие делови. Во согласност со народните преданија, место на раѓање на поп Богомил било во селото Богомила (јужно од Велес), кое и било наречено по него, а неговиот гроб и мала црква кои служеле како молитвен дом на Богомилите се во месноста „Црквиште“. Се верува дека во текот на прогоните гробот на Богомил бил користен како засолниште од следбениците. Селото се наоѓа во областа Азот на реката Бабуна (десна притока на Вардар), западно од Велес.

Во однос на појавата на Богомилството во Македонија може многу да се научи од книгата за животот на Св. Климент Охридски, напишана од архиепископот Теофилакт, кој раскажува како Климент недолго пред да умре “бил повикан од страна на Охриѓани да го испади надвор од Македонија лошиот ерес,” кој се рашири толку брзо меѓу луѓето. Св. Климент бил сметан од страна на луѓето од Охрид како свет човек, заштитник на градот и неговата околина, па затоа не е чудно што Теофилакт опишува во оваа книга дека луѓето го повикаа својот светител да им помогне. Многу веројатно е дека официјалната црква, искористувајќи ја предноста на оваа прекумерна посветеност на луѓето кон Св. Климент Охридски, го искористи неговото име и влијание против Богомилите, чии учители беа толку добро прифатени од страна на народните маси. Нивното негирање на слепата послушност кон црквата и отфрлање на стравот од смртната казна, во голема мера ги омаловажи вредноста и вербата во кристијанската држава во очите на голем број посветени верници.

Од Македонија Богомилството наскоро се рашири како шумски пожар низ целиот Балкан, а потоа преку Босна и Херцеговина, Далмација и натаму низ цела Европа. Вклучувајќи ги Павликанците и Катарите, Богомилството зема замав и се рашири од Црното Море се до Атлантскиот Океан. До почетокот на 13 век имаше раширена мрежа на Богомили и нивни следбеници со слични филозофии насекаде. Ширејќи се брзо низ целата Ромејска Империја и Балканот, Богомилството наскоро стана сериозен проблем и вистинска опасност и за западната црква и власт. Меѓу другото, тоа се закануваше дека ќе го подигне целото население во општонароден револт против угнетувачите и тираните.

Заради овие причини поранешните непријатели се здружија во заедничка акција за сузбивање на Богомилското Движење. Источното-Ромејско Царство, иако смртен непријател на новото Бугаро-Татарско кралство, ги остави настрана војните и непријателствата за подоцна, и заеднички ги прогонуваа Македонските Богомили. Како што е јасно покажано од писмото на патријархот од Константинополитаната Нов Рим, Теофилакт, до кралот Петар од Бугарија, за да преземе најрешителна акција против Богомилите и да ги елиминира колку што е можно поитно и целосно. Актите на суровост и свирепост кои беа вршени врз фатените Богомили се јасно илустрирани во многуте законски документи: “На оние кои ќе продолжат со ова зло и не чувствуваат потреба да се покајат пред Светата Црква … граѓанскиот закон предвидува смртна казна за нив.” А факт е дека смртните казни во тоа време биле применувани на најгрозни инквизиторски начини, што се докажува и со пишаните документи какошто е книгата “Naratio de Bogomili” од Eфтим Жигавен (лат. Evthymius Zygavenus), црковен писател кој дава многу јасен опис на овие страшни голготи. Презвитер Козма истакнува дека Богомилите “страдале со илјадници,” и ова докажува дека нивниот број бил навистина импресивен.

Васил Чулев

(продолжува)

Најново од: Фељтон

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

To top