
Многу владетели и просветлени благородници ги прифатија нивните учења и беа наклонети кон хуманизмот и прогресивните идеи кои ги рашири Богомилството. Почнувајќи од нивното прифаќање како официјална религија за време на владеењето на Цар Самоил во Македонија, нивните мисли беа запишани и споделени меѓу следбениците во други места и земји. Така е откриено дека во познатите Новгородски Страници се наоѓаат остатоците од Македонското Царско Еванѓелие од 10 век, веројатно испратено од Цар Самоил заедно со други книги. Несомнениот сооднос помеѓу Руските ракописи од 11 век со тие на Охридската Глаголска Верзија од 10 век, и Преславските ракописи, обезбедуваат основни информации за формирањето на стариот Руски правопис врз основa на традициите на Македонските Богомили.

Тајната Книга, производ на средновековната теозофија, исто така позната во литературата како Еванѓелие по Јован, му припаѓа на апокрифната литература со апокалиптична и визионерска ориентација. Содржината на Тајната Книга подразбира еретички елементи, главно карактеристични за дуалистичките учења и особено за доктрината на Богомилството. Во својата содржина ја опишува праисторијата на создавањето на светот, самото создавање, и, исто така, ја открива иднината на човештвото, во кое, во космогонска смисла, се мешаат кристијански верувања со не-кристијански, врз основа на религиозно-филозофски концепти со умерен дуализам и гностицизам. Овој текст денес е познат само преку два преписи на латински, Парискиот и Виенскиот, познати под имињата Каркашонски Кокдекс (Carcashsonien Codex) и Виенска Верзија. Преводот на латински е директно поврзан со мисионерската работа на Богомилот Насарија во 1170 година, чија цел беше да се зачуваат и шират идеите на Богомилите меѓу приврзаниците Катари.
Претпоставената линија на патот на Тајната книга започнува во Македонија. Врз основа на одредени латински извори може да се заклучи областа одкаде што Тајната книга дојде, во еретичкото упориште во Македонија – регионот на Преспанското Езеро. Овие податоци се дадени во документирани латински извори, како што се “Историја на крстоносната војна во Ерусалим” од Петар Тудебод (Рeter Tudebod), која се однесува на првата крстоносна војна, чиј учесник патувал долж важниот комуникацијски пат Виа Игнација, кој поминувал низ југозападниот дел на Македонија. Авторот пишува дека во периодот 1096-1099 г. имаше утврдена населба на еретиците (лат. Hæreticorum Castrum) во Пелагонија, која се наоѓалa во некоe езеро (лат. in quodam lacus). Повеќето историчари се согласуваат дека тоа е областа на Преспанското Езеро, коешто е единственото поголемо езеро во Пелагониската рамнина.
С. Антољак истотака го поврзува потеклото на Тајната Книга со денешното село Асамати на Преспанското Езеро, бидејќи во латинските документи се спомнува името ‘Асаматос‘ во врска со сектата на Богомилите, и се претпоставува дека на самото место на Асамати беше споменатиот утврден град на еретиците кој се наоѓаше покрај езеро, а не во езерото. Т. Томовски, во студијата “Преспа во Средниот век”, укажува на островот Голем Град како најможна локација на еретичкиот каструм. Е. Bosoki, во својата книга за Тајната Книга истотака дава мислење дека Тајната Книга своето патешествие го започнала токму во 1096 година, кога светиот град на Богомилите на островот Голем Град во Преспанското Езеро беше запален од страна на крстоносците.
Тајната книга од Македонија преку Босна пристигна во Хрватска, а потоа била пренесена во Ломбардија, силен центар на Катарите. Опишаната маршрута на ни овозможува да се утврдат вкупно околу 12 места на нејзиното движење низ времето и просторот, почнувајќи од островот Голем Град во Преспанското Езеро во Македонија, преку Југо-Источна Европа, а потоа низ Италија па се до Каркашоне (Carcassone) во Јужна Франција. Значи патот на Тајната Книга водел од Преспанското Езеро преку планината Бабуна и Богомила, Требиње и Мостар (во БиХ), а потоа преку Макарска и Далматинскиот брег до Имотски, Сплит и островот Крк (во денешна Хрватска), Ломбардија (во Италија), до Каркашон и Монсегур (во Франција). ).
Легенди и реални раскази се испреплетуваат тука, и Ј. Плевнеш најде еден пример од нив во своите истражувања во библиотеката на Ватикан, кадешто открил писмена забелешка за монах со отсечен јазик, кој ја носел книгата од островот преку Балканот до Италија и Франција. Записот за тоа беше прв пат најден некаде во близина на Венеција и запишан од страна на хрватскиот публицист Антонио Јерковин во едно списание (Relacion Масеdonia), објавенo во Рим во 1960 година.
Долго пред да се преведе на латински, оригиналниот јазик и јазичките карактеристики на писмото од Тајната книга, оригиналнo на Глаголица, нашла плодна почва на островот Крк, каде што со векови долгата традиција на Глаголичката Школа е најмногу евидентно. Добро познатиот натпис на Башчанската Плоча, (1100 г.) од островот Крк го докажува тоа. Таа е напишана во 13 редови на Глаголица.

Непобитен доказ дека Тајната книга на Богомилите од Преспа стигна во Каркашон е транскрипцијата на Каркашонскиот Кодекс на латински. Преводот на латински е поврзан токму со мисионерската дејност на Богомилскиот бабун Насарија во 1170 година. Тој во 1190 г. од Македонија во северна Италија ги донесе Апокрифните текстови за првиот и вториот век, припишани на Св. Јован Апостол. Појавата на Каркашонскиот Кодекс на латински е директно поврзан со мисионерската дејност на Богомилот Насарија (лат. Nasarius). Насарија во 1170 година веќе беше презентирал дел од неговата содржина на публиката, но се верува дека таа била целосно преведена во средината на 12 век. Делата за кои станува збор се под наслов „Опитот на Јоан“ („Interrogatio Johanis“), “Привидна исповед на гревовите,” и „Традиција: внесувањето во заедницата на бабуни” (“Traditio: Immersion into the Community of Parfaits (т.е. Perfecti).” Исто така различни древни трактати кои се припишуваат на Есенската и Јоханитската секта патувале низ рацете на Катарите и Богомилите од Македонија преку Медитеранот по трговски патишта до јужниот дел на Италија и Франција.
Во втората половина на 13 век, наоѓаме алузија на Тајната Книга направена од Рајнер Сакони (R.Saconi), кој во 1230 г. кога се пишува за Kатарите и сиромавите од Лион – истакнува дека тој дозна зa постариот свештеник на богомилите Насарија 60 години порано. Италијанскиот теолог и инквизитор Анселмо Александриски во неговата “Расправа за еретиците”, напишана 1260-1270, на крајот за Каркашонскиот препис подвлекува: “Ова е една тајна на еретиците од Конкорецо (Concorezzo), полн со илузии, донесени од страна на Македонскиот епископ Насарија.” Јасно е дека Катарите (наречени Albigenses во јужна Франција, и во Асти, Пиемонте и Фиренца во Италија) поседуваа сеопфатна религиозна литература, која сепак Римската црква, со некои мали исклучоци, успеала систематски да ја уништи за време на Албигенските Крстоносни Војни.
Продолжува
Васил Чулев