Фељтон

Александровата биоблиотека – светски научен центар (13)

aleksandrovata-biblioteka

aleksandrovata-biblioteka

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Библиотеката во Алексабдрија, во Египет која е изградена во околу 31 година п.н.е. во склоп на Музејот, одиграла големо значење во развојот на македонската и светската кутура и цивилизација. Оваа најпозната античка библиотека имала уште во 250 година п.н.е. фонд од 500 000 ракописи, за во времето на Цезар да достигне 700 000. Со ова Александрија навистина станала најважен светски научен   центар, привлечен за интелектуалците и од најдалечните земји.

Во нејзината гимназија се изучувал александровиот македонски јазик, а на тој јазик е преведен Стариот завет од јудејски, од страна на 70 научници за време на Птоломеј II. Овој значаен цивилизаторски превод званично има два назива и тоа александриски, бидејќи е направен во Александрија и септуагинта по бројот на преведувачите. Според преданието секој од седумдесетмината морал да работи потполно независно од останатите. Сепак, на крајот, сите преводи биле идентични, што се толкува со општата инспирација од Светиот дух кој се излеал на Евреите кои ја извршиле работата.

И како што Александар тежнеел кон создавање единствен глобален свет, така исто и во религиски поглед во Македонско-египетското кралство се родила идејата за создавање единствена монотеистичка христијанска религија и нови облици на религиска свест, што е понатамошен прилог на Македонците во светската цивилизација.

Во Александриската библиотека е извршен и превод на будистичките канони на кинески јазик. Покрај тоа, таа влијаела на формирање библиотеки во будистичките центри во Индија. Овој моќен културен центар ги привлекол најмоќните мислители на тогашниот свет, како славниот математичар и оснивач на геометријата, Еуклид, математичарот Архимед, географот, историчарот, филозофот и хроничарот Ератостен (285-205), астрономот Аристарх и други бројни медицинари и културни работници.

biblioteka-aleksandrija
Библиотеката во Александрија

Библиотеката е запалена во VII век н.е. од страна на арапскиот Халиф Омар, кој рекол: „Она што им е потребно на луѓето да знаат, тоа е напишано во Коранот, а што не е напишано во Коранот, тоа не им е ни потребно на луѓето да го знаат“. И покрај тоа многу документи биле сочувани и подоцна се преведувани. И денес, по толку векови, во почетокот на овој милениум, т.е. во 2002 година, завршени се работите и повторно е отворена Новата Александриска библиотека во Египет, чиј спонзор е УНЕСКО, а чинела повеќе од 200 милиони долари.

Зградата со 11 ката изградена е таму каде што порано била Македонската александриска библиотека и станала симбол на целокупното светско знаење и уште еднаш го потсетила светот дека Македонците и под Птоломеите биле оние кои ги создале темелите на денешната цивилизација. Денешната библиотека е институција на информатичката епоха со околу осум милиони книги, 300 читални и конференциски амфитеатар за 3 500 учесници, ќе служи, како и во време на Македонскиот комонвелт, на целата светска култура и наука.

На финансиски план, Александар Македонски (Велики) прв во светот вовел централизација на финансиското работење, со база во Пела, Еквабатан, а потоа во Бабилон. Надвор од Македонија, на чело на овој ресор е ставен Харпал, кој ја држел финансиската администрација, собирал порези и такси и раководел со империјалниот трезор. Покрај тоа, воведен е монетарен систем и кралска валута од ковани златни и сребрени пари.

Паралелно со ова, создадена е  и нова економска политика со развојот на трговијата, копнениот, речниот и поморски сообраќај. Со преземените мерки ставен е крај на гусарството, кое со векови беснеело на Медитеранот, за што многу пластично сведочи Тукидид. Воден од идеите на својот голем учител Аристотел и опкружен со одлични соработници, Александар ја развил истражувачката и научна работаво природните науки.

Со цел да се истражува флората и фауната, пратил големи истражувачки екипи на Кавказ, на Каспиското Море, во Персискиот Залив, Црвеното Море, водопадите на Нил и друго. Резултатите од истражувањата направиле вистинска револуција во зоологијата, фитологијата, географијата, физиката, математиката, астрономијата, метереологијата, геологијата, архитектурата, медицината, фитотерапијата и др.

На полето на културата направени се единствени чекори во религијата, филозофијата, историографијата, филологијата, реториката, поезијата, музиката, сликарството, вајарството и други форми на интелектуалниот и уметничкиот живот.

Многу идеи кои ги поттикнал Александар, остварени се во текот на неговиот краток живот, или се реализирани од неговите наследници, додека другите се актуелизирани дури и од римските императори.

magnus-veliki
Александар Македонски (Магнус-Велики)

Почитувајќи ги неговите услуги, Римјаните му ја дале почесната титула „Велики“ (Магнус), кој назив му останал сè до денес.

Од страна на историографите, а на основа на историскиот придонес, на Александар Македонски му е дадено првото место, а потоа се класифицирани Скипион Африкански, следи Пир Македонски итн. Кај многу народи Александар Македонски станал легенда.

Од друга страна, Александар Велики достојно му се оддолжил на својот народ на тој начин што големиот син на една мала балканска земја, на вреден и горд народ, сторил името Македонија да стане познато и почитувано во целиот свет низ сите историски периоди до денес.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

To top