Фељтон

Наследниците на Александар – Периодот на Дијадохите (15)

diadohite

diadohite

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Александровата смрт е опишана во „Дворскиот дневник“ кого го цитира Плутарх (Ц, Александар, 76). Во него се истакнува дека за големиот војсководец се одржани комеморации и му се укажани почести невидени дотогаш, со церемонии од македонските свештеници, неговата војска и претставници на целиот свет, во траење од триесет дена.

Желбата на покојникот била да биде погребан скромно ва Амоновата Оаза во Либија. Меѓутоа, еден од неговите наследници, идниот крал на Египет Птоломеј I, инсистирал неговите мошти да се пренесат во Мемфис, а потоа биле пренесени во прекрасната кралска гробница во кралскиот дел на Александрија. Со ова Птоломеј целел кон наследството на Александар, што од страна на Птоломеј II е претворено во величење и во државен култ на боженствената монархија на Птоломеј.

На државен план меѓутоа, ненадејната и трагична смрт на императорот, го поставила прашањето за наследник и за карактерот на власта. Пред смртта, кога го прашале Александар на кого му го остава кралството, тој одговорил „…на најдобриот меѓу најдобрите“.

По сите церемонии, македонската војска и нејзините претставници биле построени во Бабилон, на чело со нивните војсководци. На собирот на војската, решено е да биде двојно царство. Така, за кралеви се избрани малолетниот син на Филип II со Фелина од Лариса, младиот Аридај, како Филип III и идниот син на Александар со Роксана (што се случило три месеци подоцна), како Александар IV. Со оваа спогодба, сочувано е формалното единство на Македонската империја.

Истовремено е решено власта во Македонија и европскиот дел на Империјата да ја задржи Антипатар, додека во другиот дел да бидат две личности. Прв бил Пердика, кој потекнувал од кралското македонско семејство од Орестида-Костурско, односно  заповедник на коњаницата „дружбеници“ и неофицијален „Голем везир“ (хилијарх). Тој бил поставен за командант на македонската војска надвор од татковината и претседател на владата.

Плутарх (Алекс. 15) изнесува интересна анегдота за односите меѓу Александар и Пердика. Кога пред тргнувањето во персискиот поход Александар им поделил богати подароци на своите пријатели, речиси сите кралски поседи, Пердика го прашал што ќе му остане нему, а Александар му одговорил: „Надежта“. На тоа Пердика одговорил дека и тие кога тргнуваат со него сакаат да учествуваат во тие надежи, па и тој го поделил својот имот во Орестида, а неговиот пример го следеле и други.

olimpija-ptolomej

Втората личност бил Кратер од Линкестида, еден од најдобрите Александрови генерали, кој станал чувар на државниот трезор и регент на малолетните кралеви Филип III и Александар IV. Бил најомилен кај војниците, верен на прадедовските обичаи и останал прав  Македонец. Умрел две години по смртта на Александар.

Меѓутоа, и покрај тоа работата станала тешка и за да не дојде до граѓанска војна, Пердика, како главен управител, надвор  од европскиот дел на Империјата ја извршил следната поделба, меѓу генералите. Птоломеј го добил Египет, Леонат хелеспонтската Фригија, Антигон Монофталм  Фригија, Памфилија и Ликија, Лисимах Тракија, Питон Медија, Лаомид Сирија, Евмен Кападокија и Пафлагонија итн. Ваквата  поделба била прва манифестација на националистичкиот и сепаристички дух на наследниците, спротивно на големата Александрова идеја за единството на комонвелтот.

Тежнеењето на поедини владетели за самостојност  и децентрализација од една страна и недостаток на доволни политички и економски предуслови заради хетерогеноста од друга страна, довело до антагонизам, меѓусебни сојузи, конфликти и до граѓанска војна. Непосредното посталександрово време означено е како период на „наследниците или дијадохите“, со траење од 323-281 и период на „следбениците“ или „епигоните“ од 281-221 п.н.е. Во антагонизмот меѓу династиите значајна била улогата на жените од македонскиот двор. Пред сè, доминантно место заземала Александровата мајка Олимпија, ќерка на кралот Неоптолен од Молосија. Следат, жената на Александар Роксана, Аридаевата  жена Евридика, роднината на Пердика и сестра на Александар, Клеопатра.

Во меѓудинастиските борби кај Ипса (Sipsin-Karahisar), силите на противниците биле изедначени. Во оваа борба загинал еден од најзначајните Александрови соработници, Антигон Монофталм (август 301 п.н.е.), а со него е погребана идеја на Александар за „единствена држава“. Во оваа сурова граѓанска војна страдала и мајката на Александар, Олимпија (316), неговата жена Роксана и синот Александар IV (309) и Евридика со Филип III.

feljton-knigi

Конечно, во 275 година п.н.е., по смртта на непосредните Александрови соработници: Птоломеј I, Селевк, Антигон, Монофталм, Лисимах и други, дошло до поделба на Александровата империја во три водечки македонски кралства: Балкан, Египет и Азија.

Стручната литература за македонистичките држави многу добро е обработена и позната, посебно по откривањето на египетските папируси, трудовите на Поливиј, Плутарх и многу други, посебно современите автори (Рановиќ, 1983, Папазоглу, 1995 и други). Во неа опширно се изнесуваат историски податоци, општествените и економските односи, религијата, духовниот живот и развојот на науката во овие македонски држави во III, II и I век п.н.е., до римската окупација. Бидејќи овие податоци се надвор од целите на овие тековни анализи, но и заради обемноста на материјата, ситуацијата во македонската историја по смртта на Александар, односно во македонските кралства на Балканот, Египет и Азија, ќе биде изнесено накратко.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ-10

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top