Фељтон

Заслуги и признанија за постигнувањата на борците Македонци(23)

feljton23-1

feljton23-1

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Oбидот за реорганизација на војската од страна на Александар во Суза, по завршените освојувања и нејзино пополнување со кадети од Персија, со цел создавање на една голема империјална армија, довело до искушение на националната гордост на македонските војници и офицери и до нивниот отпор. Сметајќи го тоа како акт на недисциплина, Александар во Опис крај Тигар, соб-раните Македонци ги потсетил што сториле за нив неговиот татко и тој. Алудирајќи на нивната свест, истовремено ги прекорил, велејќи им дека биле сточари и сиромашни, а дека сега се сатрапи (заштитници на области), генерали, адмирали и високи офицери. Дека тој живее под исти услови како и тие, дека работи сè што прават и тие, дека бил повеќепати ранет како и тие и  дека добиле значајни одликувања и награди како него.

На оние кои ги дале животите за Македонија им се подигнати прекрасни споменици, семејствата им се згрижени и ослободени од давачки. На крај им рекол ако се бунат и ако сакаат да одат во татковината нека одат и да им кажат на сонародниците дека го напуштиле царот, кој како победници ве водел низ цела Персија и Индија, па преку Персискиот Залив до Суса, каде сте го напуштиле. По овие зборови на патриотизам и национална гордост, многу брзо дошло до помирување и Александар ги нарекол своите војници „роднини“ и сето тоа е прославено со гозба. Околу 10 000 војници се вратиле во Ма-кедонија со големи подароци, под команда на Александровиот генерал Кратер. Во пораката  до својот намесник во Пела, генералот Антипатор, му препорачал на сите јавни игри, во театар, тие треба да имаат право да седат во првите редови, со венци на главата. Истотака одредил децата на загинатите во неговата служба, кои така станале сирачиња, да добијат трајна потпора (Плу-тарх, III, Алекс., 71).

spomenik-vo-suva
Споменик во Суса

За високата национална свест истотака зборуваат и податоците за називите на многу градови кои ги изградиле Македонците низ целата Империја. Покрај градовите со лични имиња на македонските владетели, како што се Александрија (повеќе од 33 од Тракија до Индија), Антигонија, Селевкија, Антиохија и други, постојат и имиња на македонски градови: Пела, Бер, Амфупол, Едеса, Европа и сл., како и македонски области: Пиерија, Мигдонија итн., како и реки, на пример Аксија и други, а никако називи од елинскиот свет.

 Што се однесува до Александар Македонски, тој сметал дека примарно бил крал на својот македонски народ и војска, која со акламација го избрала на своето собрание. Понатаму, ова го потврдува фактот дека заверката на писмата праќани во Европа е вршена со македонски печат (Wilcken, 1988, 275). Неговите мирнодопски свечени и воени носии истотака биле македонски. Потоа, официјален јазик во војската и администрацијата во целата Империја бил македонскиот јазик, неговиот прадедеовски „коине или Александров коине“. Покрај тоа, целата комуникација со светот, претставите и другите културни изразувања, се вршени на македонски јазик, кој бил и јазик на дипломатијата, сè до последната македонска кралица на Египет, Клеопатра VII.

Исто така, институциите кои ги поставил Александар, како што биле управувањето, судството и други, биле според  македонската традиција, како и кралските, дворските, генералските и војничките обележја, униформите, правила на службата во мир и војна, изгледот на колониите во марш, правилата на војување и слично. Од многубројните историски податоци, интересен е и следниот, кој укажува на љубовта на големиот војсководец кон неговата татковина. Така, од освоените области околу Хималаите, Хиндукуш, Кабул и Равалпинди, ги собрал најдобрите и најголемите стада говеда и друг рогат добиток (биволи, кози и друго), па сите ги испратил во Македонија за да го унапреди стопанството. Тоа истото го сторил и со некои житарици, како што е оризот.

Дека грижливо била чувана свеста за припадноста кон единствениот македонски народ, сведочат и подоцнешните литерарни споменици и надгробни споменици на офицерите на Александар, кои го обележале своето потекло како „Македон“ или со етникон според градот. Тоа се податоци како „Македонец од Бореја“, или „Македонец од Европа“, „Македонец од Амфиполе“, „Македонец од Аретуса“ и слично. (Papazoglu, 1957, 40). Според истиот автор, слични сведоштва се наоѓаат и во IV и III век п.н.е. со натписи: Pellaios, Beroiaios, Aigaios, Miezeus и др. Покрај тоа, на надгробните споменици од IV век п.н.е. од Вергина, Халкидика, Пела и Каламото, можат да се видат првите македонски антропоними, како што се Никанор, Арпал, Парменион, Пердика, Филоксен, Птолемеј, Антигон, Филота, Ксенократ итн.

aleksandar-makedonski-kniga

Антигон Досон (229-222), кој извршил реорганизација на својата држава, а која дотогаш имала племенско обележје, прв почнува да издава акти не само во свое има како „крал на Македонците Антигон“, туку и во свое име и во име на Македонците „крал Антигон и Македонците“.

Што се однесува до односот на свеста за различната националана припадност на Македонците, постојат многубројни историски сведоштва кои се веќе изнесени. Заради куриозитет, можат да се наведат кажувањата на Плутарх (III, Арат, 38), каде разликите во свеста меѓу Македонците и Елините никогаш не исчезнале, сè до римскиот период (Wilcken, 1988, 334). Покрај тоа, тоа се гледа и од реченицата „дека и најнезначителниот граѓанин на Спарта бил подостоен од првиот меѓу Македонците да си го направат водач оние кои макар и малку се грижат за племенитоста на елинскиот род“.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ-10

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top