|
|
Денот на Австралија прославен на достоен начин |
26 јануари е државен празник во сите републики и градови во Австралија. На овој ден се одбележува годишнината од пристигнувањето на Првата флота на британските бродови во Порт Џексон, Нов Јужен Велс во 1788 година, и подигнување на знамето на Велика Британија на австралиско тло од страна на гувернерот Артур Филип. Денес преку низа активности, манифестации, церемонии низ цела Австралија се рефлектира австралиската историја, се слави мултикултурализмот и се она што ја прави Австралија уникатна. Прва официјална прослава на овој ден е направена во 1818 година во Нов јужен Велс а од 1994 година сите републики во Австралија го одбележуваат заеднички на 26 јануари. И во Мелбурн каде живеат голем број Македонци, Денот на Австралија се прославува на достоен начин. Главната церемонија на кревање на знамето се случува пред Melbourne Town hall со присуство на воена гарда и австралиска кралска морнарица. После обраќањата од гувернерот Алекс Чернов и Премиерот Даниел Ендрус, започна парадата по Swanston street во која како река се слеваа претставниците на своите групи, млади таленти, етнички групи облечени во разнобојни традиционални костими, маски. Ниту врнежливиот ден не го расипа расположението кај илјадниците присутни во одбележувањето на Денот на Австралија.\ На парадата официјално беа најавени и претставени макдонските учесници, организирани од Советот на Македонската заедница за Викторија.
|