|
|
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (33 дел) |
(од фалсификати до коректно презентирање) Пишува: Јанко ТОМОВ Пишување во врска со културата Исто е и со музичката скала, која била измислена од Фригијците, а дури подоцна била прифатена од Грците (Плин. Н.Х.ВИИ, 197). Диод. ИИ, 58, Плутарх: "Де мус." 18). (Подетално кај: Александар Донски "Античко-македонското наследство во денешната македонска нација - прв дел фолклорни елементи", Штип, 2002 година). Во книгата на Фиона Мекдоналд (цит. дело), авторката го користи терминот "хеленистичка ера" за мешаната македонска, грчка и друга балканска култура. За значењето на овој термин веќе објаснивме претходно во книгава. Во книгата на Шон Шехан (цит. дело) пренесена е една констатација во врска со спортската култура. Овде читаме: "Грците биле горди кон нивната љубов кон атлетиката и натпреварувачките настапи. Тоа им била традиција која се протегаше дури до херојските времиња, опишани од Хомер и тоа е аспект на грчката цивилизација што одигра големо влијание на нашево време. Во главните атлетски натпревари биле привлекувани учесници од целиот грчки свет, а посебно на Олимписките игри во Елис на Пелопонез и на Питиските игри во Делфи". Во врска со оваа констатација ќе го кажеме следното: Како прво не е спорно дека Грците и навистина имале љубов кон спортот, но не е точно дека таа нивна традиција се протегала до времињата што ги опишува Хомер (тоа е околу 12 век пред Христа) затоа што, едноставно, тогаш Грци не постоеле. Што се однесува до тврдењето дека на атлетските натпревари биле привлекувани само учесници од "грчкиот свет", тоа е точно и во оваа констатација јасно гледаме дека Македонија не е спомната како дел од тој "грчки свет". Пак ќе потсетиме дека на Македонците (како на не-грчки народ) им било забранувано да учествуваат на грчките Олимписки игри. Веќе спомнавме дека авторот Улрих Вилкен (цит. дело) со право пишува дека за прв пат дури на Александар Први му било дозволено да учествува на грчките олимписки игри, иако отпрвин и тој бил одбиен, а подоцна, откако самиот го измислил своето наводно потекло од Херакле, му било дозволено да учествува, но само нему, а не и на Македонците. Познатата американска историчарка д-р Синдја Сиднор Словиковски (цит. дело), која е експерт за спортот во антиката, еве што пишува во врска со оваа тема: "Александар во времето на 76 Олимпијада бил прогласен за "проксен" од страна на Атињаните. Таа титула Грците им ја давале на своите гости пријатели". (стр.. 46). Практично, самата титула "проксен" била давана на не-Грци, па штом истата ја добил Александар Први Македонски, тоа е најголем доказ дека тој не бил никаков Грк. Таа докажува дека Александар Први Македонски не учествувал на Олимписките игри затоа што неговото име го нема во списокот на победниците, за разлика од тврдењето на Херодот. Таа докажува и дека во времето на дотичната Олимпијада Александар Први бил престар за да учествува, а камо ли да биде победник во трката на околу 193 метри. Во подолжение (стр. 51), таа пишува: "Грците не ги признавале Македонците како свои Хелени и Македонците не можеле нормално да учествуваат во панхеленските натпреварувања." И понатаму: "...За време на владеењето на Пердика Втори, македонската култура се уште не била подготвена за хеленизмот". (стр. 62)... П р о д о л ж у в а
|