Четврток, 19 Февруари 2015   
Света мисија на македонските писатели во Австралија

grb-VEPМакедонска нација

Книгата останува да сведочи за едно време, за ликови, за настани, за желби. Книгата е верен и тивок пријател на човекот.

Па така и објавувањето на литературни дела, научни трудови, поезија, раскази, се дел од неуморната работа на нашите иселеници - писатели во Австралија. Тоа е уште еден знак дека нашето исконско и вредно обележје – македонскиот јазик останува да живее во делата на нашите поети, писатели, научници, новинари кои со децении творат надвор од својата родна земја. Токму во тие нивни дела е вткаена македонската историја, македонската култура, традиција, копнежот по родниот крај, вистинските приказни за македонскиот човек во минатото и денес.

На посебен начин, инспиративни и со многу емоции неуморно пишуваат и оставаат светли траги по кои ќе чекорат идните генерации.

Познатата мисла на Димитар Миладинов “Јас го посеав семето, а вие бидете живи да го ожнеете неговиот плод“ ги поттикна македонските творци во Мелбурн да формираат литературна асоцијација во далечната 1987 година. Минатата 2014 година ова литературно друштво повторно се возобнови и започна со низа активности на полето на културата и литературата. Со тоа на големо допринесуваат во промовирање на македонскиот јазик и борбата за негово зачувување во австралиските училишта. Нивната цел е и да се промовира македонската литература кај Македонците од сите возрасти.

Литературното друштво “Григор Прличев“ од Сиднеј кое веќе постои повеќе од 35 години секоја година распишува литературен конкурс за раскази и песни, за деца и возрасни.

Жири комисијата во состав на Силвана Трајковска (претседател), Наташа Котевска и Мери Петковска ја донесе својата одлука за прогласување на најдобрите дела од традиционалниот награден конкурс за Прличева награда за 2014 година во организација на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“.

За сите категории на конкурсот пристигнаа 40 дела од кои се избраа следни дела како најдобри на кои ќе им се доделат награди:

Најдобра поетска творба на годината за возрасни:

1- ва награда: „Книга“, шифра бр. 10, од Марија Александрова

2- ра награда: „Живот“, шифра Axius

3- та награда: „Мајка“, шифра Анабел

Најдобра поетска творба на годината за деца:

1-ва награда: „Роденденска“, шифра Кристофер

Најдобар расказ на годината за возрасни:

1-ва награда: „Старо училиште“, шифра Цветови, од Гордана Димовска

2-ра награда: „Селото на мајка ми“, шифра Мојата вселена

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.