|
|
Претседателот на албанскиот парламент Илир Мета ја посети општина Пустец |
Претседателот на парламентот на Албанија, Илир Мета ја посети Општина Пустец каде оствари средба со градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко како и со потпреседателот и генралниот секретар на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, Таќо Гроздани и Васил Стерјовски со кои разговараше за проблемите на македонската заедница во Албанија. Г-дин Мета беше придружуван на состанокот од страна на пратениците од албанското собрание, Спартак Брахо и Пиро Капурани.
На средбата претседателот на албанскиот парламент беше запознаен со состојбата во општина Пустец каде има потреба за инвестирање во водоводи, канализации, реновирање на гимназијата во Пустец, недостатокот на учебници на македонски јазик во училиштата во Мала Преспа, подршка за земјоделството идр. Исто така беше запознаен и со потребата од донесување на закон за малцинствата со кој ќе се регулира признавањето на македонската и другите заедници на целата територија на Албанија и ќе се регулира образованието на македонски јазик за македонската и другите заедница во Албанија пренесува весник Македониум. Претседателот на парламентот, Илир Мета ја изрази својата благодарност за вредностите кои ги носи македонската заедница во Албанија, додавајќи дека албанскиот парламент го поддржува развојот и зачувувањето на традициите на македонската заедницата и дека ќе се ангажира во најбрзо време да се направи реконструкција на гимназијата во Пустец, да се испечатат потребните учебници на македонски јазик. Исто така, вети и решавање проблемот со водата за пиење и канализациите, како и преку министерството за земјоделие преку субвенции да се подржат земјоделците. Претседателот на парламентот истакна дека ќе се превземат сите мерки да македонската заедница се интегрира повеќе во албанското општество и дека многу ја цени македонската заедница во Албанија која е равотлива и мирољубива и придонесува со нејзините најдобри вредности и заслужува поголемо внимание. После тоа претседателот на парламентот, Илир Мета ја посети гимназијата во Пустец и посетата во Општина Пустец ја заврши со работен ручек во с.Зрноско. (Македониум) |