Преставници на Федералната Унија на Европските Националности (FUEN) во посета кај Македонско друштво ”Илинден”-Тирана
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај, потпретседателот Незир Меча и претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај, потпретседателот Алфред Садику и секретарот Агрон Фетаху осварија средба со потпретседател на Федералната Унија на Европските Националности (FUEN) г-дин Халит Хабип Оглу исто време и претседател на Федерацијата на Турците во Западна Тракија во Европа (ABTTF) и правен советник на ФУЕН г-дин Франк Де Боер гостите се информира за состојбата на Македонското национално малцинство во Република Албанија и за активностите на друштвото. На средбата се разговара за членството на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана во Федерална Унија на Европските Малциства (ФУЕН) се нагласи потребата за соработка меѓу двете организаци. ФУЕН е eвропска организација на автохтони, национални малцинства и етнички групи во Европа. ФУЕН има околу 90 организации-членки во цела Европа. ФУЕН е основана пред 65 години во Париз е застапник и претставник на Европските малцинства со седиште Фленсбург Германија. |