Среда, 11 Март 2015   
Македонците на Мумба фестивалот во Мелбурн

mumba1

По повод Денот на трудот (Labour day) во австралиската држава Викторија, секоја година се одржува спектакуларниот Мумба фестивал. Фестивалот кој за прв пат започнал да се одржува во 1955 година, трае 4 дена со 400 разновидни претстави, активности за деца и младинци. Зборот Мумба (земен од Абориџинска тв серија) во превод значи ‘Ајде сите да се дружиме‘. Емигрантите кои се доселиле на австралискиот континент имаа можност да го слават нивното културно наследство отсликано преку разнобојните традиционални костими и музички кореографии.

Како и секоја година така и оваа, круна на овој фестивал беше Мумба парадата во која учествуваа над 2000 учесници. Меѓу нив секако беше и македонскиот претставник, ансамблот “Тоше Проески“ со презентација на македонскиот фолклор и традиција.

mumba2

Многу е важно за Македонската заедница во Викторија да зема учество во што повеќе културни збиднувања во Мелбурн и да презентира дел од македонската култура пред 100 илјадната мелбурнска публика.

Eден од играорците на “Тоше Проески“, Даниел Димитријевски изјави: “Нас ни претставуваше голема чест да бидеме учесници на најголемиот Мумба фестивал во Австралија. Парадата е многу добро организирана, пренесувана во медиумите и одлично прифатена од австралиската публика. Посебно се радуваме што оваа година ние ја претставуваме Македонската заедница на Викторија. Многу убаво поминавме, бевме изненадени од интересот на публиката за нашата кореографија, музика, песна и културата воопшто. Многу од нашите за првпат настапуваа на Мумба и со големо задоволство би настапиле повторно“.

mumba3

Атмосферата на Мумба имаше силен ефект на нашите чувства и за сите нас е просто неопишливо. Ако некој друг има прилика да присуствува, би рекле: “искористете ја можноста затоа што е незаборавен и настан за паметење“.

Гордана Димовска

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.