Среда, 11 Март 2015   
Средба во албанското МНР со претставници на малцинствата

mkd-180406

Во Министертвото за надврошени работи во Тирана се одржа  средба на преставниците на малцинствата со претставници на Секторот за човекови права на ова Министертво.

На средбата се дискутираше околу подобрувањето на законската рамка и политиките за почитување и заштита на малцинствата во Албанија.

Еден од петте приоритети на Европската комисија кои треба Албанија да ги исполни поврзан е со заштита на малцинствата. Со одлука на премиерот е формирана работна група составена од неколку министерства и други независни институции, како Народниот правобранител, Комесарот за заштита од дискриминација и други инситуции. Министертвото за надворешни работи на Албанија е носител и ја кординира ова работната група чија задача е да предложи подобрувањето на законската рамка и политики за почитување и заштита на малцинствата во Албанија пренесува весник Македониум.

На средбата преставниците на малцинствата покренаа повеќе прашања кој се од интерес за малцинствата и кој Албанија треба да ги реши.

Од страна на македонското малцинство, своето обраќање пред Секторот за човекови права на МНР на  Албанија имаше Васил Стерјовски, кој зборуваше за положбата на македонското малцинство во Албанија кое се признава само во областа на Мала Преспа и селото Врбник во Деволската област, додека не се признава во областите Гора и Голо Брдо, за укинувањето на македонските општини во областа на Гора и Голо Брдо, за неможноста за изучување на македонскиот јазик во школите каде за тоа има барање идр. 

Исто така, Стерјовски  потенцираше дека потребно е носење на закон за малцинствата со кој ќе се регулира признавањето на македонското и другите малцинства на целата територија на Албанија, овозможување на образование на мајачин јазик за малцинствата, посебен фонд за подршка на културата на малцинствата како и реорганизација на Државниот комитет за малцинствата и негова функсионалност.

На средбата присуствуваа и преставници од Советот на Европа и амбасадата на Европската Унија во Албанија.

(Македониум)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.