|
|
Македонски православни цркви во Флорида |
Пишува СЛАВЕ КАТИН (ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“) ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – САД Македонските православни цркви „Свети Димитрија“ во Јужна Флорида, која е донација на Јосиф и Џорџ Атанасоски, и црквата „Свети Јован Крстител“ во Тарпон Спрингс се едни од помладите црковни светилишта што Македонците ги формирале. Тие претставуваат место на собирање и другарување на доселениците од северните делови на САД и од Канада кои живеат на тие топли и убави простори Патувањето за Флорида го започнавме на аеродромот „Кенеди“ во Њујорк. Тој е еден од светските аеродроми на тие простори. И покрај тоа што е огромен, аеродромот е едноставен, практичен, со безброј патокази и упатства за да може патникот лесно да се снајде кон својата дестинација. Авионот во кој удобно се сместивме и патувавме полета на пладне од Њујорк. Првата дестинација беше аеродромот Шарлот, во Северна Каролина, каде останавме околу еден час, а потоа полетавме за Форт Лаудердел на Флорида. Поради вонредно добрата геостратешка положба, Форт Лаудердел е важна сообраќајна раскрсница и место на богаташи. Тој е најголемото пристаниште на американските јахти и најбогатите куќи на тој дел од Флорида, а можеби и во светот. На аеродромот не пречекаа нашите домаќини Лили и Стив Плиакас, кои ни искажаа македонско гостопримство, пред сè со топлина и љубов, а потоа со удобноста во нивниот богат апартман на брегот на Атланскиот Океан, во близина на познатата плажа Холивуд, на север од Мајами. Зградата во која бевме сместени на 32 кат беше со многу интересни архитектонски остварувања и со сите потребни простории за одмор, рекреација и удобно живеење. Секоја зграда покрај океанот е богата целина за себе, а сите тие облакодери прават една целина. Брегот диши, пулсира многу потопло, попријатно и убаво и за очи и за душа од каде било во светот. Затоа Флорида е интересна со својата географска положба, клима и посебност од секаков вид. Мислиш дека во должина на брегот се наоѓа еден град чија големина е непрегледна илјадници километри од Џексонвил до Мајами.
По неколку дена од апартманот во местото Авентура тргнавме по долгиот автопат од источниот до западниот брег на Флорида. Колона автомобили се движеше по автопатот кој поминува покрај многу населени места и фарми. Исто така, тој го дели и мочуриштето во кое имавме можност од непосредна близина на оградата од автопатот да видиме различни морски птици, но и крокодили, кои мирно го чекаа својот плен. Автопатот беше со сите американски нишани, но беше прав, недогледен и за возачот и здодевен. По повеќе часа возење се најдовме од другата страна на брегот на Флорида, во градот Нејплс. Таму, во ресторанот Вергина (Vergina), каде се вишнееше македонското знаме со сонцето од Кутлеш, имавме средба со познатите македонски иселеници и бизнисмени, наши долгогодишни пријатели, кои покрај Торонто и Чикаго свиле убави гнезда на еден мал богат остров во Мексиканскиот Залив. Во Нејплс се чувствувавме како дома, како во Македонија. Истиот ден кога пристигнавме, од ресторанот Вергина кој се наоѓа во центарот на градот, на главната улица ја гледавме парадата што започна токму пред ресторанот Вергина, чиј главен организатор и спонзор беше еден нашинец по потекло од Егејска Македонија. Средбата во Вергина беше многу срдечна, пријателска, македонска. Разговаравме за многу работи кои се однесуваат на збиднувањата, напредокот и иднината на Македонија.
Во текот на престојот на Флорида ја посетивме Македонската православна црква „Свети Јован Крстител“ во Тарпон Спрингс, недалеку од градот Темпа. Таму, на западната страна на Флорида, спроти Мексико, пред голем број Македонци, кои претежно живеат во северните делоти САД и од Канада, ја промовиравме монографијата на бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасовски. Задоволството се чувствуваше кај сите присутни што се одржа еден културен настан во таа македонска црква која слави неколку години од нејзиното постоење. Притоа, атмосферата беше празнична, кога и Џор Атанасоки се заблагодари за присуството и подари илјада долари на црквата „Свети Јова Крстител“. Исто така, во Флорида ја посетивме и Македонската православна црква „Свети Димитрија“ во Јужна Флорида северно од Мајами. Оваа црковна општина е една од помладите што Македонците ја формирале и претставува место на собирање и другарување на доселениците од тие топли и убави простори. Почетоците за формирање на црквата „Свети Димитрија“ започнале со конституирањето на македонскиот клуб на Флорида, на Василица, на 14 јануари 1989 година. Таа забава останала незаборавна како собир на другарување и братска љубов на македонските доселеници во тие убави и топли краишта на Јужна Флорида. Потоа, на 15 август 1989 година, била формирана Македонската православна црква „Свети Маченик Димитрија“ и која била рагистрирана пред американските власти во Талахаси (Tallahassee) во Флорида.
Почетоците на црковниот живот започнале во изнајмени сали и клубови, при што македонски свештеници служеле на сите поголеми верски празници. Потоа, започнале да се организираат пикници и други манифестации, на кои се собирале македонските иселеници од Соединетите Американски Држави и Канада. Во оваа прилика треда да се назначи дека секоја прва седмица во месец март Македонците од Флорида организират пикник. Пикниците се дел од активностите на членовите на црквата „Свети Димитрија“ и на други добронамерници и пријатели на Македонците од северните делови на САД и од Канада, кои како „птици преселници“ на есен доаѓаа на Флорида. Кога ние присуствувавме на еден пикник имаше околу 250 посетители. Тогаш се нагласи улогата на МПЦ „Св. Димитрија“ што ја има меѓу Македонците во Флорида, како и потребите за доизградба на храмот и за иднината на овој значаен духовен, национален и семакедонски центар во Јужна Флорида. На пикникот настапија македонски играорки и естрадни уметници. Инаку, пoчетоците за формирањето на црквата „Св. Димитрија“ започнале со конституирањето на „Македонскиот клуб“ на Флорида, на Василица, на 14 јануари 1989 година. Таа забава останала незаборавна како собир на другарување и братска љубов на македонските доселеници во овие убави и топли краишта во Јужна Флорида. Потоа, на 15 август 1989 година била формирана македонска православна црквим Св. Димитрија и регистрирана пред американските власти во Талахаси (Tallahassee) За Македонците во Флорида ке остане за паметење 2004 година, кога се купени две куки, на Булеварот Нортлеик во Палм Бич Гарденс (North Lake in Palm Bich Gardens). Тие потоа се адаптирани во црква и црковна сала. Во нив се продолжи и се практицира православната македонска вера, обичаите, традиции, песната и орото и други духовни и културните вредности донесени од Македонија.
Во црквата „Св. Дитрија“ има голем број Македонци кои од почеток до денес се вклучени во активностите за изградба и реконструкција на зградата, меѓу кои најголеми донатори се бизнисмените браќата Јосив и Георге Атанасоски. Се чини членките на женската секција се столбот на активностите во црквата. Тие заедно со другите членови на црквата, со младите генерации организираат игранки, прослави за верски празници, прослава на Нова година и други собирања за Македонците од сите делови на Македонија. Затоа, со право може да се рече дека црквата „Свети Димитрија“ во Јужна Флорида, заедно со уште стотина македонски храмови во дијаспората и околу три илјади во Македонија е доказ за постоењето и признавањето на Македонската православна црква во лицето на Охридската епископија.
|