|
|
Македонија доби нов пријател во Конгресот |
Конгресменот Дејв Трот од Мичиген се придружи на конгресната група за пријателство со Македонија Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ја има честа да објави дека конгресменот Дејв Трод, републиканец од 11-тиот конгресен дистрикт на Мичиген, се придружи на конгресната група за пријателство со Македонија. Конгресменот Трот ја презеде функцијата на 3 јануари 2015 година. Пред неговото доаѓање во Конгресот, тој беше претседател, главен извршен директор и сопственик на неколку компании, кои се креатори на 1800 работни места. Во конгресот е член на комитетот за правосудство и комитетот за надворешни работи. Членува и во поткомитетот за Европа, Евроазија и секторот за итно донесување на нови закони, кој е задолжен за американско-македонските односи. Мичиген е дом на околу 125.000 Американци со македонско потекло, од кои дистриктот на конгресменот Трот е дом на еден од најголемите македонско-американски заедници во државата. Со оглед на тоа што конгресното изборно тело има интерес за европските прашања, сигурни сме дека конгресменот Трот ќе ги следи прашањата во врска со македонско-американската заедница, вклучувајќи ја и надежта на Македонија да стане дел од НАТО, и ќе помогне во развојот на стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија - рече членот на Бордот и Секретар на ОМД со седиште во Мичиген Џорџ Питерс, кој неодамна се сретна со конгресменот. Конгресната групна за притателство со Македонија е двопартиска група на членови на Конгресот. Како глас на македонските Американци во Вашингтон, ОМД со нетрпение очекува да соработува со сите членови на групата за пријателство на Македонија за продолжување на нивните напори во зајакнувањето на македонско-американските односи. |