Среда, 15 Април 2015   
Македонците од Тампа Беј регионот на Флорида

tampa-bej-1

Македонците од Тампа Беј регионот  на Флорида  во Август 1999 година  го одржаa оснивачкиот состанок на кој решително ја искажаa својата  желба и потреба за свој македонски православен божји храм.  Веднаш потоа Светиот Архиерејски Синод на МПЦ ја прифати и ја благослови нивната одлука за формирање на Македонска православна црква под патронот на Св. Јован Крстител.

Горди на себе, горди на својата македонска нација и поттикнати од делата на своите татковци, дедовци и прадедовци, кои граделе Божји Македонски храмови како во Македонија така и низ светот, во Април 2006 година, го купија скромниот објект на МПЦ Св. Јован Крстител во  Њу Порт Ричи, Флорида. Веднаш потоа го прилагодија  да функционира според правилата и традицијата на Македонска православна црква, а Митрополитот на Американско-Канадската  Македонска Православна Епархија, Неговото Високопреосвештенство Г. Методиј го освети. Од тогаш па се до денес овај македонски православен црковен и национален храм МПЦ Св. Јован Крстител, преставува главно собиралиште на сите македонци од регионот на Тампа Беј во Флорида. Тука се одбележуваат и прославуваат верските празници и се споделуваат радосните и  тешките моменти.

Во периодот од 2006 до Март 2015 година, црковните служби ги воделе повеке свештеници на Американско-Канадската  Македонска Православна Епархија. Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме за нивното залагање и придонес.

tampa-bej-2

На почетокот на Април 2015 година Митрополитот на Американско-Канадската  Македонска Православна Епархија, Неговото Високопреосвештенство Г. Методиј ни го испрати Прота Драги Трпески за постојан парохиски свештеник. Прота Драги Трпески долги години служел во МПЦ Света Богородица во Детроит, Мичиген, како и во Македонија, во Скопје, а со неговото скорешно преселување во  Њу Порт Ричи, во Флорида,  постана дел од нашето македонско семејство.

Ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите македонци од етничка Македонија што почесто да го посетуваат овај наш црковен и национален македонски центар МПЦ Св. Јован Крстител во Њу Порт Ричи, Флорида. Очекуваме нашиот почитуван парохиски свештеник  Драги Трпески да биде матица на сите македонци од овај регион на Флорида, и со својата позната искреност и професионална посветеност да ги собери сите верници на МПЦ од регионт Тампа Беј  да црквуваат и се дружат во МПЦ Св. Јован Крстител, Њу Порт Ричи, Флорида.

Воедно, ние црковната управа, заедно со нашиот парохиски свештеник Прота Драги Трпески, на сите православни христијани,  им ги честитаме Велигденските празници со желба  за  христијанска љубов, здравје и среќа.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!    НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА.

МПЦ Св. Јован Крстител

3509 Blayton St.

New Port Richey, FL 34652

Парохиски Свештеник, Прота Драги Трпески, Телефон: 586-747-2792

E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Во име  на Црковна Управа на МПЦ Св. Јован Крстител,

Драги Коњановски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.