|
|
Прослава на радиото „Обединета Македонија“ од Торонто |
ОД ЖИВОТОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА Македонските информативни гласила во Канада се од посебен интерес и имаат повеќекратно значење и улога во севкупното живеење на Македонците од етничка Македонија во новата средина. Нивната историја и развоен пат се бурни и многу интересни од новинарски, информативен, музички, национален и друг карактер.
Инаку, радио часовите на Македонците во Канада, со мали исклучоци, главно се изведуваат аматерски, во комерцијални цели и се скромно организирани, но со силен ентузијазам и љубов кон македонската пена и оро и кон Македонија. Тоа е од потребата македонските доселеници од сите делови на Македонија да слушнат и да разберат за состојбите, пред с# во новата средина и поширо од “стариот крај” - од дедовското огниште во Македонија. Информативните гласила носат длабока порака: го јакнат патриотскиот дух, успеваат да го зачуваат националниот идентитет, јазикот, културата, духовното наследство и, над с#, богатите музички и фолклорни постигнувања на македонскиот народ. Од музички аспект, пак, радио часови во македонската дијаспора, носат исклучиво македонски карактер. Еден од значајните и слушаните македонските радио часови во Канада е, секако, Македонското патриотско радио “Обединета Македонија” од Торонто. Тоа е едно од неколкуте радио часови во ова канадска петропола, кај кое доаѓаат до израз, пред с# и над с#, националните белези на македонскиот народ од етничка Македонија. Македонското патриотско радио “Обединета Македонија” ја започна својата информативна дејност уште во 1998 година, со своја аматерка програма и скромни финансиски можности. Водитети и уредници се брачниот пар Драгица и Мицко Димовски, кои водат потекло од битолскиот крај. Радиото се емитува секоја сабота од 9-10 часот наутро на 1430 АМ на Радио станицата СНКТ, а повторно емисиите се емитуваат на интернет на Етничкото радио за слушателите во Ванкувер и Калгари, во западниот дел на Канада. Како што времето одминува овој радио час станува посериозен гласник и едно од водечките македонски информатори во демократска и мултикултурна Канада. Меѓу другото, Македонското патриотско радио “Обединета Македонија” за изминатите 17 година организира традиционални игранки, со настап на македонски естрадни уметници и со учество на фолклорни групи. Тој е спонзориран од македонски компании, Македонската православна црква “Свети Климент Охридски” и поединци, меѓу кои главен спонсор е, секако, почитуваната д-р. Елизабета Димовска. Македонското патриотско радио “Обединета Македонија” настојува во голема мера да го запознае слушателот со политичката состојба во Македонија, со македонскиот јазик, културата, религијата, историјата, фолклорот, обичаите и други постигнувања во Република Македонија.
Програмите на овој значаен и по многу нешта карактеристичен македонски радио час со единствено име во дијаспората како “Обединета Македонија” се разновидни и интересни за слушателите. На програмите се застапени, вести од Република Македонија, настани од македонската заедница во Торонто и пошироко, потоа соопштенија, поздрави и честитки и голем број музички програми со убави македонски песни и музика од сите делови на Македонија. Драгица и Мицко Димовски се душата на овој македонски радио час. Тие се познати и признати Македоци во македонската заедница во Канада. Двајцата како тандем се многу активни членови на Македонската православна црква “Свети Климнет Охридски” и особено на Литературното друштво “Браќа Миладиновци”. Драгица Димовска е активна во Литературното дртуштво уште од неговото формирањето во 1987 година, а била повеќе пати претседател и потпретседател. Тие се автори на повеќе објавени литературни остварувања. Една од активностите на Македонското патриотско радио “Обединета Македонија” е организирањето на годишната игранка. Имено, на 18-ти април оваа година, во големата сала на Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, се одржа 17-та традиционалната игранка. На оваа пријатна македонска вечер на која беа присатни околу 200 души, гостите ги забавуваше Бендот на Соња и Оливер.
Инаку, вечерта помина во пријатна атмосфера со поздравување, пред с# од домаќините Драгица и Мицко Димовски, а потоа од одреден број гости, меѓу кои, заменик конзулот на Република Македонија во Канада, свештеникот на МПЦ “Света Богородица” во Кичинер, Гоце Деспотовски, потоа, Бошко Рајчовски – Пелистерски, уредник и водител на Македонското радио “Оро македонско” во Детроит, Славе Катин, како гостин од Македонија и други. Исто така, на вечерта се претстави хуманитарката и поетеса, Дана Саиков-Скотланд, по потекло од егејскиот дел на Македонија со своја литературна творба на македонски јазик. Со својот убав И пријатен глас, вечерта ја збогатија естрандниот уметник Соња Лозановска, која, инаку е и главен и одговорен уредник на весникот “Македонија” во Торонто, како и познатата интерпретаторка на народни песни Мери Мајнас од егејскиот дел на Македонија.
Забавата на Македонското патриотско радио “Обединета Македонија” траеше до доцна во ноќта, кога македонските ора и патриотските песните беа еден вид причина за големото другарување на Македонците од Торонто. Славе Катин |