|
|
Поддржувачите на „Пучот“ со анти-македонски пропаганди и во соседните држави |
Пишува: Јанко ТОМОВ Додека СДСМ и градоначалникот на Општина Центар, организираа референдум, за недозволување правење фасада на Градскиот Трговски Центар, која ќе се вклопи во сличен Барокен стил, како и останатите Скопски општествени згради, една група од познати поддржувачи на СДСМ-овиот Пуч, мислејќи дека референдумот ќе успее, а СДСМ и градоначалникот Жериновски ке прославуваат победа, се втурија во авантура со лажни информирања на јавноста на соседните држави на Република Македонија. Меѓувремено, референдумот одржан во Центар пропадна, за кое се изразуваат срамно за СДСМ и Жериновски, нивни новинари, како што се Бранко Геровски и други, дека незрело го организирале референдумот, кој требало да има 22.000 гласови, а кој едвај гласале 17.000. Оваа група “грижници” на македонскиот народ, кога видоа дека македонската медија, специјално дневната, не организира прес-конференции за нивното “вистинско” чувство, за спас на животите на населението на Република Македонија, во случај да се разгори политичката криза и дојде до немили сцени, со нивната изрека : “Стравуваме од можноста брат да го нападне братот и сосед соседот”, одржаа прес-конференции во Софија и Белград на 25 Април.о.г. Тоа беше и насловот во весникот”Нова Македонија” од 25 Април о.г. Нивното планирање за нови прес-конференции, е за во Тирана, Албанија, Приштина, Косово и во Солун, Грција!? Главното образложение на оваа група било дека медиумите на Република македонија не им давала простор за да се изјаснат, за смената на сегашната влада, по која фрлаат ”дрва и камења”. Тоа е специјално во стилот на нивни интензивни анти-владини и анти-македонски незаконски услови створени од опозицијата - СДСМ, специјално со дејствија од улица, вон институционалните тела на уставниот поредок на Македонија, што е нивна и желба на странски служби за дестабилизација на Република Македонија. Тоа се потврдува и се гледа и од средствата на милионерот Сорос, од САД, кој ги финансира невладините организации и медиуми, кои се склони кон бившите комунисти и сегашни социјалисти, специјално преку организацијата на Милчин “Современо општество”, да го дестабилизираат уставниот поредок, како што тоа го сторија во Украина. Со таа дестабилизација, да се смени уставното и национално име на Македонија и на македонците, за да сме се зачлениле во ЕУ и НАТО! Според мои евиденции, такви барања на опозицијата, која ги правеше најголемите проблеми во законодавниот дом-собранието, додека беше во него, како опозиција и уштре пожестоко кога, во миналите вонредни парламентарни избори доживеа уште еден пораз и не се врати во собранието, туку продолжи да врбува и ангажира делови на свое членство од институциите за излегување на улични демонстрации со антимакедонски барања, за пад на демократскиот уставен поредок на републиката, преку уцени со Пуч - насилен преврат на актуелната власт. Апелирам до сите добронамерни патриоти од диаспората да не бидат пасивни и да не се плашат од закани, ако евентуално постојат, од поединци, да го подржат премиерот Груевски и претседателот Иванов, како и спикерот- претседателот на собранието Вељановски, со свои статии и написи, преку своите врски преку и-маил адреси, Фејсбук, неделните Македонски весници и дневната Македонска медија и преку порталите на интернет. |