|
|
Звукот на македонскиот мелос на Фестивалот за деца во Франција |
Викендов во Мант ла Жоли (Yvelines) Франција, се одржа "Фестивалот за деца", кој секоја година се одржува традиционално. Организатор на овој фестивал е турската асоцијација "APELTR". Околу 800 посетители имаа прилика да го проследат овој настан. Меѓу присутните беа Претседателот на Регионалниот совет господинот Pierre Bédier, Турскиот амбасадор господинот Ihsan Emre Kadioglu и други личности од сферата на јавниот живот. Фестивалот оваа година беше под мотото: "Овој ден е идеална прилика за нашите деца да создадат нови пријателства, забавувајќи се и придонесувајќи за универзалниот мир ". На овој фестивал учествуваа и нашите деца со изведба на македонски ора. Облечени со традиционалните македонски носии и преку звукот на македонската народна песна, ја пренесоа македонската традиција на присутните. |