|
|
Никој нема да види аир од Грчките подмитувања и интереси |
Александар Џеповски Богами, тежок шамар и боли многу. Им зујат ушите на Грците. Си го бараа. Искрените и нормални Македонци во дијаспората не се изненадени од Петар Ристевски, за разлика од контрашите кои се сокрија некаде и не коментираат, но тие се само малкумина. Во Австралија Петар Ристевски, јас , Владиката Петар и сите други кои од оправдани причини не можам да ги набројам... ја тераме линијата на непопустливост за Македонските прашања и интереси со голем пиетет и гордост на нашето потекло. Тоа им го рече Петар Ристевски во општината Ливерпул каде е тој заменик градоначалник и побара Македонскиот јазик, Македонија и официјалните документи од Македонија да престанат да се означуваат како ФУРОМ, зошто е навредливо и нему и на сите Македонци им дојде преку глава од вакви лакрдии и малтретирања. Кој бара, ќе добие. Значи, семожело нешто ако се сака. Паралелно со ова, се поставува прашање, што правеле и ќе прават и другите Македонски преставници во Владата и општините низ Автсралија? Се уште Македонците паметат кога еден Македонски градоначаник на општината преполна со Македонци, го бакнуваше Грчкото знаме на денот на Грците, а ништо нема за Македонија направено, дури трча во Македонија да се слика со сите од Премиер, Председател, Поглавар, па се така до чистачот Перо. Дали интересот нивни со Грчките групи и лоби доаѓаат до израз, не е тешко да погодите од два пати. Запомнете : Заедно со Петар Ристевски им го припремаме шамарот на векот на Грците. Да се запомни и да остане во историјата и со кого тие се играа сите овие години. Даваме ветување дека најкасно во рок од две години ќе добијат шок, ќе пискаат, врискаат и се ќе им наплатиме. Тој момент ќе го објавиме за прв пат овде во Македонска Нација. Може да се случи за два месеци или за дваесет. Сеедно, но ќе се случи. Другите дали ќе спијат или ќе се со Нас, не е важно. Важно е дека Македонија ќе празнува тој ден, како што е ова само мал почеток со општината Ливерпул. Во четврток напладне, Петар ќе дојде во Скопје, па низ Македонија ќе има некои бизнис контакти и средби. Пречекајте го, дајте му малку сила да работи за Македонија повеќе. Дури бизнис и работни места ќе понуди на Македонија и Македонците, па со среќа нека е... а кога ќе се врати, со полна пареа ќе работиме на ветеното. Овој гест и шамар на Грците нека биде поттик на сите Македонци низ цел свет каде и да се и во било која Влада или општина, да тргнат по примерот на Петар и да бараат како него сите официјални документи да се означуват како Македонски и да се признава Македонија под уставното име. Никој нема да види аир од Грчките подмитувања и интереси. На крај, би ве замолил во иднина кога некој ќе доаѓа и ќе се преставува како голем Македонец, потсетете го овој случај и ако не се на исто ниво, кажете им да престанат да трошат црковни или друштвени пари и сами да си ги плаќаат трошковите за престој таму и што е најважно дека ни дојдоа преку глава од такви "патриоти" што ги кочат правите Македонци да си ја вршат должноста, да придонесуваат за Македонија. |