Среда, 06 Мај 2015   
Незаборавен концерт на ансамблот „Македонка“ во Торонто

slave-katin-2

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Втори мај оваа година ќе остане запаметен меѓу Македонците во Торонто по одржаниот незаборавен концерт на ансамблот “Македонка”, кој минатата година прослави 55 години од своето постоење во Канада. Во преполнетата голема сала на македонската православна црква “Свети Климент Охридски”, пред повеќе од 700 почитувачи и вљубеници во македонскиот фолклор, родители и гости настапија  над 100 играорци на ансамблот “Македонка”.

Исто така, на овој концерт зедоја учество над 50 Македончиња на фолклорните групи “Билјана” од македонските православни цркви “Свети Димитрија Солунски” од Маркам, “Илинден” од “Свети Илија” во Мисисага и “Везилка” од “Света Недела” од Ајџекс.

Музичкиот дел на концертот му припадна на познатиот македонски оркестар “Бисер” од Торонто, кој со девении настапува заедно со “Македонка”. Сите тие, на чело со искусните играорци на ансамблот “Македонка” ги покажаа и ги потврдија своите фолклорни квалитети, постигнувања и потенцијали, а притоа ја изразија силната љубов не само кон убавата и вековна македонска песна и оро, туку и кон дедовската земја етничка Македонија.

Тоа беше вечер на македонското оро и песната во Канада. Вечер кога ансамблот “Македонка” им покажа и докажа на присутните пред заминувањето на турнејата и учеството на повеќе фестивали  и фолклорни настапи во Република Македонија. Се очекува на ова патување ансамблот “Македонка” да ги прикаже најдобрите македонски кореографии поставени од познатата фолклорна легенда, Алек Петличков, кој со години наназад остава силен печат во македонската игра на северноамериканскиот континент. Затоа овој концерт беше наречен еден вид настап пред големите настапи. Ансамблот “Мекедонка” ќе патува И ќе се претстави со најдобрата постава на 25 фолклористи, кои со ентузијазам и силен жар го презентираат македонското фолклорно богатство во Канада и САД, а ова летна сезона тие ќе ја имаат својата шанса тоа  да го направат во дедовската земја – Македонија. 

ansambl-makedonika-1
Ансамблот “Македонска” пред црквата “Свети Климент Охридски”

Инаку, ансамблот “Македонка” од Торонто е една од најстарите, најдобрите и најпознати форклорни асоцијации во македонското иселеништво во светот. Како фолклорна група е формирана од ентузијасти и вљубеници во македонското оро и песна, кои потекнуваат од сите делови на Македонија. Таа е формирана во Торонто во далечната 1959 година, кога и го започна своето аматерско дејствување со организирање на концерти пред македонската и канадската јавност.

Уште на почетокот, пред педесет и пет години оваа фолклорната група стекна популарност и углед меѓу Македонците од сите делови на Македонија кои живеат во Торонто и околните места. Како резултат на тоа, кон “Македонка” се приклучија голем број млади фолклористи кои, од тогаш до денес, со голема љубов го учат, негуваат и презентираат богатството на македонскиот фолклор. Од 1969 година до денес нсамблот “Македонка” е дел, односно една од најглавните гранки кои работат во состав на македонската православна црква “Свети Климент Охридски”. Меѓутоа, ансамблот “Македонка” е и значаен дел на севкупното живеење во македонската заедница во новата средина на Канада и САД.

Формирањето и негувањето на фолклорот, како и постигнатите резултати на “Македонка” се тесно поврзани со името на Алек Петличков, познат и признат фолклорист, кореограф и вљубеник во македонскиот фолклор. Сите изминати 55 години Алек Петличков е на чело на “Македонка” како искусен и докажан кореограф, а со години и како прв ороводец. Често Македонците во Торонто велат дека Алек Петличков ја сака “Македонка” како свое дете и дека со него оваа позната и призната македонска фолклорна група стана фолклорен бренд на Македонците од дијаспората.

kliment-ohridski-toronto
Црквата “Свети Климент Охридски”

Секако, за афирмацијата и постигнатите резултати на “Македонка” се заслужни и бројни членови на управите на ансамблот, соработници, стотици играорци и играорки, кореографи, музичари, ентузијасти, спонзори, симпатизери,  членови на црковните управи на “Свети Климент Охридски” од Торонто, како и многу други институции и асоцијации во Канада и во Република Македонија. Сите тие се заслужни што ансамблот “Македонка” од многу гостувања и учества на фестивали и други различни манифестации во Канада, во Македонија, во Австралија, во Северна и Јужна Америка и други земји се врати со највисоки признанија, награди, освоени први места и скапи трофеи.

Кореографот, организаторот, играорецот и душата на “Македонка” Алек Петличков е роден на 6 март 1941 година во селото Буф, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Таму помина дел од своето детство, а во 1947 година, заедно со илјадници деца протерани од дедовскиот праг во Егејска Македонија, заминува по домовите за бегалците во Битола, а потоа и во Валандово.

Во 1957 година Алек Петличков од родната македонска земја се пресели во Торонто, каде и сега живее со своето семејство. Во Торонто се ожени со својата избраничка и играорка Мери Џигоманова, родена во село Баница, Леринско, со која ги имаат убавата ќерка Гула и синот Крис, со семејствата, кои сите заедно  повеќе од половина век се душата и моторната снага на играорната група “Македонка”. Денес Крис Петличков тргна по стапките на својот татко и се очекува да биде вистинска замена на учителот.

Исто така, под несебичното залагање и работа, преку фолклорното училиште на “Македонка”, а под раководство на Алек Петличков, поминаа стотини македонски младинци, кои го изучија македонскиот мелос и фолклор, а некои од нив се оспособија да бидат кореографи и водители на играорни групи. Залагањата и упорноста за да се постигнат врвни фолклорни резултати на сцената, кореографот Алек Петличков и бројните играорки и играорци, соработниците И донаторите се темел на работата на ансамблот “Македонка” и на другите македонски фолклорни групи, кои се во состав на  македонските православни цркви во Канада и САД.

ansambl-makedonika-2
Дел од “Ансамблот  “Македонка” со претседателот Иванов

И денешното раководство е неуморно да го одржи и да го покрене уште повеќе реномето на фолклорниот ансамбл “Македонка”, кој е гордост и репресент  на црквата “Свети Климнт Охридски” и на Македонците од Канада. Во исто време “Македонка” е амбасадор на Македонија, кој го афирмира и го презентира богатото фолклорно наследство во Канада, САД  и во светот. Меѓутоа, успешните врвици продолжуваат и натаму, младоста со успех чекори напред, а ансамблот “Македонка” своите фолклорни достигнувања ќе ги покажи и докажи, овој пат на големата турнеја,  во Република Македонија.

ansambl-makedonika-3

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.