|
|
Промовирана книгата „Вечна светлина над Македонија“ од Гордана Димовска |
Во градската библиотека „Григор Прличев“ се одржа промоција на книгата „Вечна светлина над Македонија“ од поетесата Гордана Димовска, која живее во Мелбурн. За книгата зборуваа Вангелко Лозаноски и Љубица Чифлигароска. Делови од книгата читаа Магдалена Стефаноска и Јана Иваноска од литературната секција од О.У. „Кочо Рацин“ од Охрид. Сите заедно се потрудија со својата вештина да ја пренесат содржината на делото во кое афторката со голема љубов и храброст се бори за зачувањето на македонскиот јазик кај новите македонски поколенија во далечниот свет надвор од границите на Македонија. Научните и литературни дела на Димовска зборуваат за минатото , сегашноста и иднината на родната Македонија. Таа секогаш со голема почит и љубов зборува за нејзините корени со тоа што е чест дописник за македонски списанија , весници кои се печатат во Македонија и светот. Димовска е истакната поетеса, есеист, научник, публицист, новинар и просветен работник на македонските ученици во Мелбурн. OhridNews |