Среда, 13 Мај 2015   
Македонски организации во САД и Канада

slave-katin-feljton
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Како и другите етнички групи во САД и Канада, македонските доселеници создале повеќе етнички организации. Тие им давале чувство на сигурност и станале место за етничко организирање на национален план, градејќи кај нив патриотска верба, љубов и надеж кон својата татковина, Македонија.

Пред Втората светска војна асоцијациите на македонските доселеници биле под силно туѓо влијание, особено на бугарската пропаганда. Но без оглед на тоа, тие ја за­држале својата македонска етничка припадност, зошто нивните друш­тва и асоцијации создавале можности за редовни меѓусебни контакти и за побрза интеграција во новото оп­штество.

Според историските документи во делото „Македонците во САД и во Канада“ на авторот на овие редови, иселениците биле по­врзани преку бројни спомага­телни, односно со­ци­јално-културни, верски, по­ли­­тички, ин­фор­мативни и други ор­га­низации и асоцијации. Во периодот меѓу Првата и Втората светска војна, ма­кедонските доселеници биле организирани, меѓу другото, во неколку етнички асоцијации.

Првата организација која ги собирала македонските доселеници во САД и Канада беше МПО (Македонски политички организации). Поради ставот на аме­ри­канската влада која не дозволувала политички организирања на доселениците, го променила името од политичка во Македонска патриотска (патриотическа) организација (МПО) и како таква дејствува и денес.

fort-vein
Форт Веин, центарот на МПО

МПО била формирана на 30 септември 1922 година во Форт Вејн, Ин­ди­јана,

каде што бил свикан првиот конгрес на Македонските политички ор­га­низации, односно на селските и околиските друштва. Оваа организација се појавила како резултат на желбата на македонските доселеници за свое етничко ор­га­ни­зирање. Таа првобитно имала правилен став по македонското прашање. Се борела пред светот и пред македонската јавност, како и пред иселеништвото за национална и социјална слобода на населението во Македонија.

Затоа МПО реагирала кај владите и другите институции на Бугарија, Србија и Гр­ци­ја кога се појавувале разни притисоци и убиства на Македонци, испраќајќи свои резолуции и други документи и написи. МПО честопати се јавувала и како донатор на акции сред македонските доселеници за најразлична помош на Македонија.

Во почетокот за МПО Македонија била еднаква меѓу еднаквите држави на Балканот. Меѓутоа, во периодот меѓу 1927-1929  организацијата потпаднала под силно бугарско влијание, кога меѓу македонското иселеништво настапил процес на дезориентација и дезорганизација. Оттогаш МПО започнала да ја негира националната самобитност на македонскиот народ, застапувајќи ја тезата за некаков бугарски карактер на Македонија.

Исто така, во периодот по Втората светска војна (1945) и до осамостојувањето на Република Ма­ке­донија (1991), ја негирала македонската држава, нација, јазик и  Ма­кедонската пра­во­слав­на црква. Затоа, во македонската држва во из­ми­на­тиот период ор­­­ганизацијата МПО беше претставувана како пробугарска ор­га­низација која де­лу­­вала, главно, меѓу македонските доселеници во САД и Ка­нада, а со тоа и’ било посветено скромно научно и општествено внимание.

mpo

Ме­ѓутоа, бугарската наука на МПО и’ посветила посебно внимание, користејќи ја како бугарска исе­леничка орга­низација на “македонските Бугари”, за­ста­пувајќи ги ин­те­ре­сите на бугарската пропаганда меѓу Македонците во САД и во Ка­на­да. Тоа осо­бено беше изразено преку гласилото на МПО “Македонска трибуна” кое и де­нес излегува како месечник на англиски и бугарски јазик. Поради намаленоста на член­ството, кое претеж­но е од старата генерација од егејскиот дел на Македонија, орга­ни­зацијата е во изумирање.

Од посебно значење е тоа што по прогласувањето на независноста и сувереноста на маке­дон­ската држава во 1991 година, односно од 1996 година, пак, започна еден нов процес во односите на МПО кон Македонија. Имено, реализирани се повеќе акции за признавање на не­за­вис­носта на Македонија, направени се бројни посети и средби со политичари и вла­дини претставници од Македонија и друго.

Така, покрај тоа што МПО останува на ста­рите определби, сепак се забе­ле­жу­ваат извесни позитивни промени во ра­ководството на МПО и во однос кон ма­кедонското национално прашање,  кон Македонската православна црква и кон македонскиот народ во це­лина. Денес генерациите на старите членови на МПО, кои се чувствуваат ка­ко Аме­ри­канци и Канаѓани со симпатии гледаат кон прогресот на Република Ма­кедонија.

pontiak
Понтиак, центарот на МАНС

Во 1929 година, во Понтијак, Мичиген, пак, е формирана Првата македонска независна прогресивна група, чиј  број подоцна се зголемил на шест во САД и Канада. Организирањето на со­ра­ботката и воопшто координирањето на акциите меѓу прогресивните групи било до­­верено на Иницијативниот комитет, кој ја свикал Првата конференција, што се одржала  во Толидо, Охајо, на 22 и 23 март 1930 година.

На конференцијата била усвоена Резолуција со која сите македонски не­­зависни прогресивни групи се обврзале да ја координираат својата дејност ме­ѓу себе и да создадат услови за што поуспешно ширење на своите идеи ме­ѓу македонските доселеници.  Во  Резолуцијата, меѓу другото се зборува  за борбата што требало да се води против организацијата МПО која, како што се вели, била  оружје на великобугарската државна политика. Исто така, и во другите документи на конференцијата, МПО се третирала како еден од нај­­големите противници на прогресивното движење на македонската емиграција. Прогресивните групи за свој сојузник ја прифатиле само ра­ботничката кла­са со која  биле готови преку единствениот револуционерен фронт, постојано да се борат против фашизмот и империјализмот.

Целта на Македонските независни прогресивни групи била да ги обедини Македонците заведени од МПО и да развие политичка активност сред ма­ке­донските доселеници. А, една од големите желби и барања на овие групи би­ла да се создаде балканска федерација, во која ќе бидат гарантирани широки на­ционални, политички и социјални права и слободи на балканските народи, вклу­чувајќи го и македонскиот народ од трите дела на Македонија. Во реа­ли­за­цијата на ваквата политика новиот Македонски народен сојуз (МНС) сметал на содејство и поткрепа од сите прогресивни сили и луѓе во светот, ососбено од оние на Балканот. Организацијата МНС своите активности започнала да ги пренесува и афирмира во поголем број гласила, меѓу кои, во весниците: “Македонски билтен”; “Балканско з(с)дружение”, “Трудова Маке­до­нија” и  “Народна волја”.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.