Среда, 13 Мај 2015   
„Македонска Трпеза“ во Сиднеј

Жаклина Михајлова

Во организација на Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик, на 8-ми мај, во свечената сала “Conca D’Oro”, во Сиднеј, по 22-ри пат се одржа традиционалната вечер  на македонските бизнисмени и професионалци , наречена “ Македонска трпеза“.  Покрај многубројните гости, присутен на вечерата беше и Амбасадорот на Република Македонија во Австралија Господинот Веле Трпевски, како и генералниот конзул на Република Македонија во Мелбурн, Госпоѓата Бети Коруновска и пратеникот во Општината Рокдаел, Господинот Николас Мицковски.

Вечерта, Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик ги додели највисоките признанија “ Македонско сонце“, за најдобри достигнувања во 2014 година.

Од областа на бизнисот наградата “ Македонско сонце “ за 2014 година, за натпросечни деловни резултати ја добија Господата Жарко и Игор Цветкоски, сопственици на Компанијата , MKD Transcorp од Сиднеј. Покрај нив номинирани за оваа висока награда беа: Господинот Николас Црковски,

сопственик на Компанијата "PROLINE" Civil, Plumbing & Drainage од Сиднеј, и Господата Аница и Николај Георгиевски

, сопственици на "GALA CATERING" од Сиднеј.

 “Македонското сонце“ за најдобри достигнувања во општествените дејности, образованието, културата и спортот, во 2014 година, го доби Мајкл Дамески, за  културна дејност, а номинирани за ова признание беа и Македонското Етничко Училиште „Филип Втори“ од Сиднеј, за просветно - образовна дејност и МКУД „Македонка“ од Сиднеј, за културна дејност .

Наградата за животно дело ја доби Господинот Бранко Наумовски од Сиднеј.

 Забавата помина во пријатна и весела македонска атмосвера. Присутните ги забавуваа музичката група “Мода“ и танчерката Магда Божиновска.

Македонскиот Телефонски Именик е книга за секој дом. Тоа е најиздавана македонска публикација во дијаспората. Македонскиот Телефонски Именик е гордост на македонската заедница во Австралија. Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик на сите Македонци им се заблагодарува на довербата со желби за понатамошна успешна соработка.

makedonska-trpeza-sidnej-1

makedonska-trpeza-sidnej-2

makedonska-trpeza-sidnej-3

makedonska-trpeza-sidnej-4

makedonska-trpeza-sidnej-5

makedonska-trpeza-sidnej-6

makedonska-trpeza-sidnej-7

makedonska-trpeza-sidnej-8

makedonska-trpeza-sidnej-9

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.