Од 13-17 мај 2015 година се одржа 60-от Конгрес на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) во Комотини, Република Грција. На Конгрес учестува 150 преставници од 20 земји и претставува повеќе од 30 малцинства во цела Европа. Покрај другите, во неговата работа учестуваше и претседателот на Македонското друштво “Илинден“ - Тирана, Никола Ѓурѓај. Конгресот го организираа Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа (ABTTF), Асоцијација на Дипломираните Малцински Студенти од Западна Тракија (BTAYTD) и DEB партија членки на ФУЕН. Истиот беше поддржан со гранд од Министерство за внатрешни работи на Сојузна Република Германија. Согласно својата определба и активност Македонско друштво “Илинден“-Тирана се претстави со подготвен материјал во врска со македонското население во Албанија пред делегати на Генералното собрание на Конгресот. Она што беше исклучително позитивно за Македонците во Албанија беше фактот дека Генерланото собрание со унанимно гласање одлучи Македонското друштво “Илинден“-Тирана да стане рапновправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). На тој начин, Македонско друштво “Илинден“-Тирана стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава, во Европа што стана член на ФУЕН. Согласно своите задолженија, во рамките на конгресот, претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средби со преставниците на Македонците во Грција. Имено, средбата се одржа со управителот на Движењето за култура и образование на Воден, Евгенија Натсоулидоу и со членот Петрос Казаис. Исто така, имаше средба и со отец Никодим Царкњас, кој претставува олицетворение на движењето на Македонците од Егејска Македонија. Одделни средби г-дин Ѓурѓај имаше и со Пеги Хеикинен, преставник на Шведската собрание во Република Финска и Халит Хабип Оглу, претседател Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа (ABTTF) и потпреседател на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). |