Среда, 20 Мај 2015   
Одржана промоција на „Битисување“ и „Крикови“ од Славко Крстевски

Гордана Димовска

Во организација на Социјалните културни здруженија на Демир Хисар и С. Слепче од Мелбурн, денес 15 мај, 2015 година во просториите на Sheldon Receptions, се одржа промоција на две значајни дела од писателот Славко Крстевски од С. Слепче, Македонија. Книгата, роман-мемоар  “Битисување“ и стихозбирката “Крикови“ се уште два бисера во македонската книжевност, книги кои претставуваат трајно сведоштво за важни моменти, настани, емоции, страдања, воздигнувања.

bitisuvanje

Програмата започна после оддавањето едноминутно молчење за загинатите бранители во последните инциденти во Македонија. На овој културен настан присуствуваа Конзулот на Р. Македонија за Австралија, Бети Коруновска која исто така се обрати до присутните и ја потенцира значајноста од одржување на вакви настани како и честитки за овие вредни дела на писателот Крстевски. На заедничките денови со писателот се потсети и претседателот на Културно  Социјалното Друштво – Демир Хисар, г-нот Симe Цветановски.

Присутни гости од Македонската заедница беа: претседателката на Македонско Австралиската Организација на Заедницата- г-ѓа Лидија Нешковска, претседателката на Учителското Здружение за Викторија, Љубица Талевска, Др Сузана Котевска и Др Сузана Максони, наставниците при Викториското Училиште за јазици од Килор Даунс (  Дона Димовска- Кантаровска, Гордана Јанинска, претставници на Литературното Друштво „Браќа Миладиновци“ од Мелбурн ( Игор Павловски и Гордана Димовска), кои исто се претставници – Игор на двата печатени весници „ Австралиско Македонски Неделник“ и „ Денес“, а Гордана како уредник на веб порталот „ Македонски Времеплов“- (Мacedonian timeline) и „Македонска Нација“ .

За Весна Дамчевска и Славчо Трајкоски кои го презентираа животниот пат на авторот и ги промовираа книгите, ова беше морална обврска кон нивниот роднокраец кој го  овековечи  пожарот во С. Слепче во 1948 година и за излеаните од душа стихови во стихозбирката “Крикови“.

bitisuvanje-2

Во дел од презентацијата Весна истакна: "За името на Славко Крстевски и неговиот богат животен пат се врзува макотрпна работа, особено истакната, нагласена и општествено призната  во областа на културата, уметноста, просветата, публицистиката. За него покрај веќе искажаните, чуени и потврдни епитети, уште ќе се чуе дека е човек со исклучително документаристичка педантерија, човек со исклучителен Божји дар да памти, но и да оживува настани за коишто досега, освен што некаде и од некого сме чуле, никој не се охрабрил да ги опише и овековечи."

За пријатната атмосфера се погрижија талентираните Џесика и Оливера Црнгаров со изведби на клавијатура. Читањето на извадоци од книгата “Битисување“ од страна на Дона Д. Катаровска ги понесе и посетителите за момент во Слепче, месец јули, далечната 1948, ден Св Леонтиј. Се отстапи простор и за дел од неговата емотивна поезија. Песната “Вознес”, која авторот ја посветува на неговата сопруга и нејзиното прерано заминување, ја рецитираа  Ана Цаковска и Мартин Масалковски. Песната “Ангелот” во која ги опишува најтажните моменти од својот живот кога ја губи и помладата ќерка при што му се урива цел свет, ја рецитираше Весна Дамчевска. Песната “Моето последно танго” Славко Крстевски ја посветува на постарата ќерка Лорета на чија свадба го изигрува и неговото последно танго. Ја рецитираше Ана Цаковска.

Во “Сјајот и бедата на стариот даб”авторот се споредува со даб самотник изгубен во просторот и времето. Рецитираше Гордана Димовска.

bitisuvanje-3

За фотографии од настанот се погрижи Ник Неделковски а техничката реализација и беспрекорна поддршка беше на Васко Степановски. Посебно видео обраќање имаше и самиот автор, Славко Крстевски кој ги поздрави присутните, им заблагодари на организаторите Славчо Трајкоски, Весна Дамчевска,на Лидија и Иван Нешковски за отстапување на просторот во Sheldon receptions и безрезервната поддршка. Им заблагодари на учесниците, промоторите, медиумите за поддршката и на крајот заврши со свои стихови на кои никој не остана рамнодушен. Говорот го заврши со стиховите:

"Не ме затворајте, в црна темна пештера , вечност бескрајна, в темница пуста црнеам: очите паралдисани, сонцето потемнето , немам сонце за гледање, сонце одамна не ме грее..Запејте песна македонска, прекријте ме со мека и лесна земја библискасо себе да си ја понесам, таткојната исконска.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.