Среда, 20 Мај 2015   
Недоволно ефикасна одбрана на македонската битност, без користење на факти од публикуваните историски книги

janko-tomov
Пишува: Јанко ТОМОВ

На 7 Мај 2015 година во весникот “Дневник” се објави статија ГРЧКИОТ НАЦИОНАЛИЗАМ ВО АВСТРАЛИЈА “Македонците  бараат Унуверзитетот на  Нортдам да се огради од навредите на грчкиот професор Тамис”.

Професорот Тамис ги нарекувал  Македонците од Австралија “Македослави”.

Тоа било пишувано пред еден месец во грчкиот весник “Неос Космос”.

Тамис бил шеф на институтот за “Македонски студии” во Нортдам, Перт, З.Австралија.

Но, нашите пријатели политичари, навреме реагираат, кои почесто ги сретнуваме во австралискатра медија.  Специјално еден од најголемите подржувачи на македонската националност  е г-дин  Лук Симпкинс од Либералната Партија на Западна Австралија. Г-динот Симпкинс од проф. Тамис побарал да се признае уставното име на Македонија. Овој пријател на македонската емиграција во Австралија, како еден од основачите на Парламентарната Австралиско-Македонска  пријателска група, постојано меѓу првите реагира, во одбрана на нашиот Македонски идентитет, за кое треба да му одадеме поголема подршка и почит. Надоврзано на тоа, пријателството на г-динот Симпкинс е поврзано и со раководството на Македонската  заедница на Западна Австреалија. Според тоа, реакцијата од Македонската заедница на Западна Австралија, од претседателот Крис Ангелков, према шовоинистичкиот професор на Католички унуверзитет, во Перт е следната:

“За Тамис, единствено Грција има право на терминот Македонија оти историски “Елените се доселиле на оваа географска површина Илјада години пред Македославите”

pert-tamis
Професорот  на Католичкиот Универзитет во Перт Тамис

Ако ја анализираме оваа изјава на проф. Тамис, ќе заклучиме дека навистина иселеници од Африка и Арабија, се населиле во островите на Мореа (Јужниот дел на Егејско море), по племенските војни на Македонскиот полуостров, наречен Балкански полуостров, по војните околу Троја.Проф. Тамис, избегнува  да ја каже вистината за македонците, дека биле староседелци со своите племиња: Бриги или Фриги, Славјани,Пелазги, Палести, Венети и други исти или слични по ген и говор Македонски плениња.

Проф. Тамас, ги користи старите фалсификувани истории, од Европски политичари и историчари, кои  за прв пат дојдените од Африка и Арабија, доселеници на Мореа, познати како Хелени – Елени, а нивните први градови држави како Атина, Спарта и други град дрзави на Хелас. За прв пат се спомнуваат имињата Грк и Грција, во 1820-те години, кога големите сили , како Германија, Британија и царска Русија, Мореа или Пелопонес, каде се наогале тие градови држави, во античкиот период, им организира ослободување од Отоманската империја и создала православна  држава, наречена Грција!

За жал, обете Австралиски најголеми политички партии, како Лабуристичката, која е опозициона и Коалиционата владеачка Либерална партија   со  Нациналната партија на Австралија, иако ги подржуваат  сите Македонски национални права на македонските иселеници, званично не го признаваат македонскиот национален идентитет и уставното име на Македонија.

Во Австралија, вероватно и во Канада  и САД, младите Македонски ученици и студенти, во нивните образовни системи, во основните училишта, средните училишта-колеџите и  во универзитетите, званично, наставните кадри ги учат младите погрешно за историјата на македонците и на Македонија,  во полза на грците и на Грција!? Тоа  го потенцираат верски-приватни образовни системи, овој пат од Католичкиот универзитет на Перт, Западна Австралија, со помош на досегашната шовинистичката влада на Елада-Елас, која народот ја смени, поради корупција и сиромаштија. Со каква жалост и нервоза, да чуеме од нашите најмлади Македоннски поколенија дека ние Македонците не сме постојале, а постојале само Грци!

Добра е реацијата,  на Македонската заедница на З.Австралија, само и треба и малку постручно изразување, од историски аспект, а кој е поврзан со историските книги на македонските автори, во кои е промовирана историјската вистина на античките Македонци, кои се претци на нас денешниве Македонци. Ако се користат одредени и попрецизни историјски факти, преку одредени од постојните историски Македонски публикации, соодветни факти од  цитати, од страна на значајни Македонски лидери и членови на Македонски Заедници, Македонски организации, Македонски асоцијации и слични Македонски организирани субјекти, ќе има позитивни ефекти, на провокации, како што е оваа , од страна на професорот Тамис.

Да ве прашам вас, од управите или советите од Македонските зедници, од Австралија, а секако и од Америка, дали некои од вас имаат историски Македонски книги, со теми од античкиот период? Ако немате , не е ваша вина туку е вина на нас постарите патриоти, кои не можеме на крај да излеземе од анти-македонски пропаганда и влијанија! Не од нашите околни непријателски народи на Балканскиот полуостров, туку од самите наши Македонци. Како Тоа? Така, Македонци кои се под влијанија на бившите комунисти и денешните социјалисти, кои по секоја цена сакаат да ја соборат актуелната влада на Република Македонија и тие да завладеат и им ги спроведат анти-македонските планови, кои се за сменување на уставното име и исчезнување на македонскиот национален идентитет.

Да ви предложам успех, во одбраната на Македонскиот идентитет и сувереното уставно име на Република Македонија, на сите вас од Македонските заедници, поголемите Македонски национални и политички организации, како ОМД, Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ, да си ги набавите постоечите историски Македонски дела-книги, кои ќе ви послужат како прирачници. Истите се повеќебројни, а најблиски со факти од артифакти од археолоски ископувања во локалитетите на Македонија, од пронавоѓања од странските библиотеки, музеи, а специјално од дела на странски автори,  кои се на страна на нашата историска вистина.

Ви ги предлагам следните мои публикувани книги:

-        Discoveries abоut an important events in Macedonian history;

-        Ancient history of Macedonia and Balkans according to western autors.

Исто така еве и некои од многу значајни историјски книги од историчарот Александар Донски  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите :

-        The descendants of Alexander the great od macedon;

-        The ancient Macedonians were not greeks! (in defense of Macedonia)- A rejoinder to a recent letter, by authors sympathetic to the greek position,  addressed to the president of the united states, Barak Obama.

Еве и една од историјските книги на историчарот Ристо Стефов, од Канада Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите :

-        Short History of Macedonia..

Сите горенаведени историски книги се публикувани и на Македонски јазик. За повеќе информации, за нарачки, кои одприлика се по цена од АУС $ 20, по примерок, користете ги и-маилите на авторите. Така ке имате во своте раце факти, кои се непобитни за нас Mакедонците.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.