Среда, 27 Мај 2015   
Одржан саем на книгата во Мелбурн

saem-na-knigata-2

Во чест на 24 – мај, Денот на македонските просветители и учители, Св. Кирил и Методиј Австралиско Македонското литературно друштво “Браќа Миладиновци“од Мелбурн одржа Саем на книгата во просториите на библиотеката во Thomastown. Беа изложени голем број на книги од македонски автори и секако од авторите – членови на друштвото. Ова беше одлична иницијатива и чекор напред кон промовирањето на македонскиот збор и писмо меѓу Македонците во дијаспората. Како дел од кампањата “Сакај ја книгата, негувај го јазикот“, Друштвото “Браќа Миладиновци“ развива силна идеја меѓу Македонците во дијаспората и планира голем број активности за деца со кои би го поттикнале интересот за јазикот и меѓу најмладите од македонско потекло. Како пример за тоа беше и настапот на малата Шана Јовановска која ги импресионира присутните со чистото зборување Македонски јазик раскажувајќи занимливсти за Македонија. За малите учесници на овој Саем беа подготвени посебни активности и беа потпомогнати со Верка Георгиевска и Љубица Поповска.

Присутните се потсетија уште еднаш на ликот и делото на Св. Кирил и Методиј, а не изостана ни убавата поезија како излеана од душа. Авторите Виолета Јовановска, Иванка Петровска, Крис Дамос, Крсте Наумовски – Мечкар, Верка Георгиевска, Љубица Поповска, Гордана Димовска, Трајан Цветаноски.

Беше прочитан и дел од новата книга на писателот Нове Младеновски чија книга ќе биде промовирана од Агенцијата за иселеништво на овогодинашната иселеничка конференција.

Беше презентиран и дел од книгата “Железното момче од Македонија – Лерин од Кочо Крушорати.

Честитки до иницијаторите и организатори АМЛД “Браќа Миладиновци“, Мелбурн и успех во понатамошнните активности.

На македонски јазик нашите предци ги напишале најзначајните страници од нашата литература. Тие се значајни извори и документи за нашата цивилизација, историја и култура.

Јазиците се многу важни и потребни за борба против неписменоста, за квалитетно образование, за квалитетен живот на поединецот, за зачувување на знаењата и традициите од нашите предци.

"Во чест на нашите просветители Св Кирил и Методиј, ние го организиравме и денешниот саем на книгата, во нивна чест ja започнуваме нашата мисија, кампањата Сакај ја книгата, негувај го јазикот. Од семето што го посееја, денес го жнееме најубавиот плод, македонскиот јазик, македонската развиена книжевност. Да продложиме по патот на светлината со силна љубов и силна афирмација на македонскиот јазик и писмо, кое ни го дадоја и за кое се жртвуваа нашите претци.Нека ни е честит денот на македонските просветители."

Гордана Димовска

saem-na-knigata-1

saem-na-knigata-2

saem-na-knigata-3

saem-na-knigata-4

saem-na-knigata-5

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.