Среда, 03 Јуни 2015   
Признание од Владата на Нов Јужен Велс за Душан Ристевски

Priznanie-za-Dushan-Ristevski

Премиерот на Нов Јужен Велс , Hon. Michael Baird, за време Денот на Австралија во јануари оваа година на нашиот познат општественик, поет и драматург Душан Ристевски, му додели државно признание (Community Service Award) за неговиот неизмерен  допринос во австралјанската заедница. Од името на Премиерот, плакетата му ја предаде членот во парламентот од Рогдаел Госп. John Flowers, кој на Душан наискрено му се заблагодари од владата на Нов Јужен Велс за неговото долгодишно работење во мултикултурна Австралија.

Имено, Душан приближно 40 години активно е вклучен во општествениот живот во Сиднеј. Покрај тоа што е вклучен во Литературното друштво „Григор Прличев“ тој има одиграно голема улога во воспоставување на социјални служби за емигрантите, посебно за Македонците, во Сиднеј. Тој бил главниот носител на воспоставување на посебни служби за жените, младите и постарите граѓани преку Македонско австралиското добротворно друштво и Емигрантскиот изворен центар во регионот Св Ѓорѓи, а за последните 20 години е еден од најважните носители во воспоставување на соодветни програми за менталното здравје во оваа држава. За неговото иноваторство во употребување на театарот како средство за намалување стигмата од менталните и канцорозните болести бил и наградуван, а тој приод веќе се употребува од повеќе етнички заедници во Австралија како и интернационално. Неговите прирачници за обучување на здраствените работници се применуваат нашироко. Минатата година успешно се презентира драмата „The Fence - Ограда“ која имаше за цел да се промовира хармонија и толеранција во мултикултурното австралиско општество.

Како поет Душан досега има објавено шест книги поезија за што и беше награден со наградата Иселеничка грамота  и „Стојан Христов“ на СВП,  а на сцена преку Австралиско македонскиот театар од Сиднеј досега има поставено осум врвни драмски дела кои обработуваат социјални и семејни теми тесно поврзани со животот на Македонците во Австралија.

Честитки до Душан за неговата неуморна работа преку која успешно ја промовира македонската култура и нација овде во Австралија.

Иван Трпоски

Фото: Госп. John Flowers и Душан Ристевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.