Среда, 10 Јуни 2015   
Враченa картатa за Македонија

vracena-karta-za-makedonijaВо неделата,  Претседателката на Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс , Жаклина Михајлова, на брановите на Радио Програмата “Глас од Македонија“свечено ја  врачи наградата – Карта за патување до Македонија , на Катерина Марковска, која патем речено на матурските испити во НЈВ доби најголем број поени по македонски јазик и излезе прва во државата.

Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс, секоја година доделува Награда - Карта за Мајкедонија, на ученик кој најмалку пет години , во средното училиште го изучува македонскиот јазик.

Катерина Марковска беше најсреќна матурантка кога на Матурската вечер, минатата година , беше извлечено нејзиното име како добитник на наградата.

Таа во јули ќе замине во Македонија. Примајќи ја Наградата, Катерина се заблагодари на Македонскиот Просветно Училишен Одбор, а на  слушателите им порача дека е многу корисно да ги носат децата на македонски јазик. Спред нејзиното искуство, поените добиени по македонски јазик значително и го покачија просекот и и овозможија да се запише на НСВ Факултетот, каде што сега учи за градежен инжињер.

Македонскиот Просветно Училишен Одбор за НЈВ и годинава  ќе додели карта за Македонија, на еден матурант кој што го изучува македонскиот јазик.

Сите овие активности Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс,  ги организира со цел да  го зголеми бројот на учениците кои што го изучуваат македонскиот јазик.

За повеќе информации околу изучување на македонскиот јазик во Нов Јужен Велс погледнете ја нашата Веб-страница:

Адресата е :

www.masedonianschoolcouncil.org.au и нашата

Фејсбук Страница :  macedonianschoolcouncilofnsw

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.