Среда, 17 Јуни 2015   
Во Сиднеј промовирани стихозбирките „Двојник“ и „ Цут“ од Жаклина Михајлова

zaklina-mihajlova-0

Неделава бевме сведоци на еден одлично организиран и натпросечно реализиран културен настан во македонската заедница. Во Сиднеј беа промовирани стихозбирките „Двојник“ , во издание на Агенцијата за иселеништво и „ Цут“ , во издание на книгоиздателството „Бран“ од Струга, чиј автор е поетесата и писателка, Жаклина Михајлова.

Промоторите на книгите професорите Александра Ѓеорѓиевска и Благоја Јосифовски детално ги обработија поетските дела и својата презентација ја направија и на англиски и на македонски јазик. „Низ лирските песни Во „Двојник“ поетесата Жаклина  Михајлова ни е распослана со сета своја мудрост на вадење на есенцијалното од душата на луѓето, на површина и со мудрување на животните трнчиња и перипетии, удолници и угорници, а 132 хаику песни во „ЦУТ“ се 132 животни филозофии. Нивната големина на пространството е во суштината на минијатурната форма на хаику поезијата, која , ги покажува длабоките константи на природата и здравата природа на човекот,  удвоени и насликани од хаику поетот“, беше истакнато на промоцијата.

zaklina-mihajlova-1

 Впечатлива рецензија за поетските дела даде и писателот Бранко Наумовски, кој многу умешно ги долови поетските слики и моменти и им ги пренесе на публиката размислувањата и споствените доживувања на песните на Михајлова.

Стиховите ги читаше Госпоѓата Олга Николовска.

Пријатното поетско дружење го збогати музиката на Маестро Томе Јованов Темсо, кој ги доловуваше македонските звуци низ жиците на гитарата.

Вечерта поетесата Жаклина Михајлова ја лансираше и својата ВЕБ страница: www.zaklinamihajlova.com  На оваа страница, двојазично на македонски и англиски  јазик можат да се проследат сите нејзини книги.

Љубителите на убавиот пишан збор и на македонското литературно творештво имаа извонредно пријатна и богата вечер! Ѝ честитаме на авторката и ѝ посакуваме да ѝ се множат и книгите и читателите.

Жаклина Михајлова

Седенка во Стоби

На сон или на јаве, на седенка заседнавме
рано едно утро, јас, Царот и Боговите,
кај што Еригон* и Аксиос* се спојуваат ,
за вечен век заедно да векуваат.
 
Јас , како Грација, исто накитена,
исправена во гордоста своја порабена.
Разиграна,продуховена и преубава,
со насмевка среќа и радост што емитува.
 
Царот- како Дион* среде лозје исправен,
со светнати очи – блесок жежок, опиен.
од Артемида* со ниет благословен 
ко плен да очекува лесно добредојден.
 
Како мимичар од глина извајан,
таен јазик со Боговите зборува,
да го почнат веќе договореното,
да го направат уште нестореното.
 
На Психа* и шепоти в душата да ми чепне
на Ерос* со страст да ме гребне,
на Купид* со копнежлива стрела да ме падари,
на Изида* со неизмерна плодност да ме надари
и желба во подсвест да ми вдахнат сите,
да не го испуштам од срце низ вековите.
 
А тој, Царот,  како паун да се шета,
Од живот во живот каков што е редот,
од паунов пердув  во нов паун да се стори,
да се прераѓа, во недоглед да се обновува
до бесмртност името мое да го повторува.
 
Амин, рекоа сите суштества Божји, 
амин , Немеза* рече и со збор и дела пресече:
Јас и царот да царуваме во темнина,
Божјо благословени, добросани , 
осудени на немост и на гест,пеплосани...

Еригон - Црна река, Аксиос – Вардар, Дион - бог на виното, Грација – божица на убавината, на китењето на разиграноста, Артемида – божица на ловот, Психа – божица на душата, Купид – бог на копнежот, Ерос – бог на љубовта, Немеза – божица на судбината

Жаклина Михајлова

 

На мегдан

еј, Mакедонци,

за Армакедон

излезете!

Од вашето – туѓо

не правете,

со доброто зло победете!

Еј, вековни паталци

очи отворете,

срце раширете..

Еј, прадедовци

аманет испраќаат:

чакрите очакрете ги,

црквите отворете ги,

одродите проколнете ги,

изродите дотолчете ги!

Еj, свето вљубени,

еј, свето примати,

еј, свето писмени,

еј, ѕвезди водилки,

еј, ти розо на водата,

жива да си,

и Сонцето без

тебе не е сонце,

Македонијо!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.