Среда, 15 Јули 2015   
Иселеници го напуштаат Зоран Заев и СДСМ

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

Покрај сите немили настани, организирани од социјалдемократите - СДСМ, врз владата на Република Македонија, со цел да даде оставка, а тие да завладеат и тоа со шовинистичко-издајничко завладување, односно за довршувањето отпочнато  од 1994 година, кога се откажаа од античкиот Македонски симбол и тогашното актуелно Шеснаестозрачно сонце - Македонско знаме, како и дозволување користење на навредливата натурена референца  ПЈРМ и присвојување на тотално шовинистичката и навредлива - непромислена  наводна  Задкарпатна националност,нема и нема да има  промени во актуелната влада на републиката. 

Поедини бивши патриоти во Австралија не го одбраа времето за да ја критикуваат коалиционата влада на Републкика Македонија, а посебно раководството  и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за наводен економски криминал, подлегнувајќи на лагите на “Бомбите” на СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев. Со тоа застанаа на настрана на  опозиционата СДСМ, која со подршка од странски западни поедини политичари и организации, кои се со цел за издајничко снемување на македонските човекови и национални права, потоа  јазични, културни, верски, традиционални и права за слободи и демократски поредок, со еден збор укинување на уставот на Македонија, кој е темел на новиот Македонски демократски поредок.

Застанувањето или поддржувањето на погрешната страна на бившите комунисти - денешната опозициона СДСМ, специјално во тешките времиња кои ги доживува актуелната влада на републиката, во дипломатска борба за спас на уставните  и демократски Македонски права. При тоа имајќи на ум 5-те позитивни препораки за прием во членство во Европската Унија (ЕУ) и НАТО, а најповеќе за признавање на уставното име на Македонија од официјалната меѓународна заедница. Овие бивши патриоти кои ги нареков Забегани, изгледа ја имаат осетено злобната намера на СДСМ, која почна да се растура со поминување на членството и поедини видни членови на високото раководство,на пример во редовите на поорганизираната и подемократска партија ГРОМ, раководена од Стевче Јакимовски, скоро ги прекинаа нападите према ВМРО-ДПМНЕ, специјално чувствувајќи ја  извесната правна подршка од поедини институции на ЕУ и меѓународната заедница.

Во врска со горното, имам забележано поедини дијалози на Фејсбук со поедини мои бивши пријатели, демонстрирајќи ја мојата приврзеност кон ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Никола Груевски, иако и јас, како и други стрпливи патриоти имаме извесни забелешки, не према премиерот Никола Груевски, туку према поедини негови соработници, кои , според мене, недоволно го информираат и ненавремено контактираат  и соработуваат со дијаспората, која даде  многу и сеуште даваат за ВМРО-ДПМНЕ и за  Суверена Република Македонија.

“Јанко Томов, Роберт Спасеноски, ме изненадува тоа што одвреме навреме го читам во Фејсбук, а тоа  се коментарите, меѓу поранешните патриоти, а сега забегани, каде без аргументи го напаѓаат водството на ВМРО-ДПМНЕ. Без аргументи, значи сега со бомбите на Заев, ви се отворија очите и добивте "аргументи", кои ве водат во утопија, бидејќи од нив се заслепивте бидејќи се било монтирано и лажно”.

“Роберт Спасеноски Јанко Томов..."бевме добри патриоти"??? а сега пошто сакаме да ја спасиме ВМРО ДПМНЕ од подлабоко тонење во абисот, и посто не се слагаме со крадењето на владата на Македонија, со местењето на избори, со фактот што се бориме да го смениме врвот на Партијата кој што ја валка целосно партијата ..затоа ли, спрема тебе, јас и моите сегашни пријатели', кој што ти не ги познаваш, а ги етикетираш, сме забегале?? Ајде вака, ќе видиме кој забегал....времето ќе покажи....јас пошто ги отворив очите, успеав да прогледам, и да видам што се се случува во мојата партија...се надевам дека и ти ќе прогледаш и сите како тебе...патриоти но слепи поддржувачи..Јанко, време е да се размислува со глава а не со срце. Значи по твое, ако не размислуваме и не подрзуваме исто како и ти, тогаш не сме патриоти??? назад во едноумието на комунизмот, само под друго име????.поздрав”.

“Роберт Спасеновски, Ицо Најдовски и компанија "забегани" време е да ја согледате вашата анти -владина анти-ВМРО-вска  пропаганда и да се извинете за вашите заблуди. Вие свесно или несвесно бевте на страна на Стојанчо Ангелов, групата кои правеа прес-конференции во Македонија и соседите за сменување на актуелната власт на Р.М. со преодна влада. Тоа се доведе и до настаните во Куманово каде страдаа најголемите патриоти на Македонија, за кои вие немате никакво право да пишувате или да ги спомнувате. Исто така, како што немавте право да го спомнувате идеологот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски, кога го напаѓавте Мане Јаковлески”.

 “Роберт Спасеноски  Ееееее, Јанко Јанко... ти сигурно  живееш на некоја друга планета, сепак не си ти крив, болеста е таа што те измачува...се надевам дека ќе се излечиш..има и за тебе лек, а тоа е 'вистината', која што ќе следи...а јас и 'компанија' не сме подржувачи на Заев, туку обратно, ние сме загрижени ВМРОВци кој што сакаат да ја спасат партијата од абисот..а ти, ти слободно ја пушташ низ вода..не очекувам коментар од тебе пошто знам дека истото ќе го зборуваш, за кое си награден, црното ке го велиш бело и обратно, само за пуста слава, и цена”.

Еве еден мал коментар сега од мене, на сите тие кои размислуваат како мојот пријател –соговорник на Фејсбук:

Првенствено јас би требало да знам, специјално за патриотите од Австралија, кои беа, а кои никаде ги нема при оснивањето на ДПМНЕ, односно на  ВМРО-ДПМНЕ, со оглед дека бев еден од членовите на Координациониот Одбор за дијаспората на ДПМНЕ и организатор на Задграничните комитети, во соработка и со претседателот Драган Богдановски и потпретседателот Панко Стамкоски. Потоа моите 10 (ДЕСЕТ) патриотски, историски и книги за Македонски човекови права и слободи, ако моите бивши пријатели и познаници барем ги имаат прочитано и се интересирале  за нивните содржини, ќе имаат малку поголемо почитување кон моите патриотски дела, кои би им послужиле да се воздржуваат од напади и провокации према раководството на ВМРО-ДПМНЕ и актуелната коалициона влада на Република Македонија, во време кога тоа е погибно за самостојната суверена Македонија. Со еден збор можам да речам, дека ги давам сите мои 4 децениски патриотски активности во дијаспората, моите 10 (ДЕСЕТ) публикувани  книги, моите стотици национални и политички-демократски  статии и безбројни непреспани ноќи,  саати поминати со расправии и докажувања на патриотски состаноци, во Македонското движење во дијаспората и сл., само и само да се признае уставното име на Македонија и да Република Македонија оди кон прогрес, равноправно со  сите нации и демократски држави во Европа и во светот. ЈАС НЕМАМ НИКАКВИ ЈАВНИ ПРИЗНАНИЈА ОД НИТУ ЕДНА ДЕНЕШНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА, А НИТУ ИМАМ МАТЕРИЈАЛНИ ИЛИ ФИНАНСОВИ ПОДРШКИ ЗА МОИТЕ АВТОРСКИ ДЕЛА. Сепак за Македонското единство, барем во диjаспората, можам да ги разберам тие кои дале да македонската националност , култура и православна вера и да не им замерам за нивните заблуди, со надеж дека наскоро самите ќе ја сознаат потребната вистина за македонското единство и за просперитетот на Република Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.