Среда, 29 Јули 2015   
Предлог за итно консолидирање со ВМРО-ДПМНЕ за основање на интелектуална патриотска група

janko-tomov

Пишува: Јанко ТОМОВ, Бризбен, Австралија 25 Јули 2015

Овој предлог за оснивање Иницијативен комитет на “ Македонска интелектуална патриотска група, за помош на ВМРО-ДПМНЕ, Илинден 2015”, е врз основа на критичните моменти, од досегашната дестабилизација на демократскиот систем на Република Македонија, од страна на СДСМ, подржана од антидемократски елементи во државата и лидери-преставници на поедини институции на Европската унија, а со цел да се поврати демократското владеење, воспоставено во Уставот на Република Македонија.

Спогодбата од 15 Јули 2015 година во Пржино-Црниче, наложува консолидаризација со ВМРО-ДПМНЕ, со група Македонски интелектуалци од Република Македонија и од иселеништвото-диаспората, за спас на македонската демократија.

После долги години подршка на ВМРО-ДПМНЕ, односно нејзиното раководство, специјално под водство на претседателот Никола Груевски, кој го сметам за најдобар досегашен лидер на оваа демократска партија,  а врз база на договорот од Пржино-Црниче, за кој сметам дека е дело за лукаво манипулирање на опозиционата СДСМ и поедини институции на ЕУ и актуелната демократска партија на САД. Сега  дојде време ВМРО-ДПМНЕ да ги отвори вратите на патриотските интелектуалци, кои досега беа недоволно прифатени, занемарени или запоставени. Оваа  прилика ВМРО-ДПМНЕ да не ја пропушти, бидејќи истите интелектуалци, гарантирам дека нема да се приклучат кон опоцизионата СДСМ, но постои можност тие вредни интелектуалци да формираат нова политичка партија!

Ако не се разгледа или усвои овој мој предлог, коалиционата влада на Република Македонија, до изборите во 24 Април 2016 година, ќе доживее неуспех,  кое за жал ќе уследи СДСМ да основа своја влада, а тоа би било најлесен начин за  сменување на уставот на Македонија, што никој чесен Македонец, а камоли Македонски патриот, посебно интелектуалец, не може да биде равнодушен на овој проблематичен Пржински договор.

Договорот на лидерите на 4-те најголеми политички партии на Македонија, со преставниците од институциите на Европската унија и благословен од САД, кој се случи на 15 Јули 2015 година во Пржино-Црниче, почна со предвидените меѓусебни комисии или преставници, да се реализира, но за кој се евидентни и поедини покушаи за наложување на свои недозволени првични идеи од страна на преставниците на СДСМ.

За да се помогне на ВМРО-ДПМНЕ, односно на демократскиот систем кој го спроведува актуелната коалициона власт на Република Македонија, предлагам оснивање на Иницијативен комитет на “ Македонска интелектуална патриотска група, за помош на ВМРО-ДПМНЕ, Илинден 2015”. Според моите сознанија, ги предлагам следните личности, за кои сметам се едни од најспособните, за пружање на стручна и научна помош на македонскиот блок од преговорите, предводен од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски:

Александар Донски, Историчар, Автор од Штип;

Александар Русјаков, Новинар, од “Нова Македонија” од Скопје;

Проф д-р Велимир Стојковски, Ректор на универзитетот “Св. Кирил и Методиј”од Скопје;

Гордана Димовска, патриотка, лингвист и автор на историски и литературни дела, една од уредниците за дијаспората, на списанието “Македонска нација”, живее во Мелбурн, Австралија; 

Драган Павловиќ Латас, Главен уредник на “Сител” и “Вечер” од Скопје;

Проф. Драган Јањатов, стручњак по меѓународно и уставно право, соработник на “Нова Македонија”;

Дарко Јаневски, Новинар од “Дневник”;

Катерина Нешкова, Новинар, од “Дневник”;

Мане Јаковлески, Главен уредник на списанието “Македонска нација” и еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ во дијаспората;

Мирка Велиновска, Новинар од “Нова Македонија” од Скопје;

Проф. Нестор Огинар, заменик претседател на СМК, од САД;

Сашо Клековски, Новинар-аналитичар од “Нова Македонија”;

Проф. Стефан Влахов Мицов, Новинар, Автор од Скопје;

Сотир Костов, Новинар-Аналитичар од “Дневник”;

Проф. Стефан Буџаковски (по Кривично право);

Ристо Стефов, историчар, Автор, од Торонто, Канада;

Тодор Петров, Претседател на СМК и Правник од Скопје;

Проф. Тања Карамишева Јовановска, (по Кривично и Уставно право) од Скопје;

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, лидер на “Македонска Алијанса”, основач на списанието  на интернет “Македонско сонце” и  бизнисмен од САД;

Христо Ивановски, Новинар од “Дневник”;

Цветин Цилиманов, Новинар од МИА;

Жаклина Михајловска, линглист, автор на поетични дела, уредник на Мактел, во Сиднеј, Австралија

Сите горе поменатите интелектуалци, одлично го владеат македонскиот академски јазик, кој е потребен за Република Македонија, а многу од нив владеат и странски јазици, посебно Англискиот и Рускиот јазик. Вероватно има уште интелектуални патриоти, кои сум ги пропуштил нивните имиња, а вие заинтересираните слободно предложете ги и додајте ги во оваа интелектуална патриотска група.

Постојат и Македонски интелектуалци во дијаспората, кои го владеат англискиот јазик, а некои од нив и делумно македонскиот јазик, а кои би биле во состојба да помогнат на оваа интелектуална патриотска група. Еден од познатите интелектуалци, кои активно ја помага македонската историја, Македонскиот јазик, и македонските национални традиции и сл., преку својата компанија за  публикации и за нивно промовирање (Politecon Publications, PO BOX 3102, Wareemba NJW 2046 Australia), е Виктор Бивел од Сиднеј, Австралија, кој го владее одлично англискиот јазик, но не и македонскиот. Потоа Душан Ристевски, претседател на МКА “Григор Прличев”, од Сиднеј, Австралија и автор на десетина Македонски драмски дела, кои се прикажуваат во австралиските театри и пошироко, исто така и како  издавач и промотор на историски дела-книги од Македонски автори од дијаспората и од Република Македонија, кој ги владее академски македонскиот и англискиот јазик. Исто така еден од нив е Иван Трпоски, кој е автор на повеќе поетични  и прозни дела  И кој е библиотекар во МКА “Григор Прличев” од Сиднеј.Но, постојат и други патриоти интелектуалци од САД, Канада и Европа, кои го поджуваат ВМРО-ДПМНЕ, нека ми се јават за контакт, ги молам.

Исто така размислете за составот на оваа група и ако не сте, со некој од нив, на исти начини, во решавање на оваа политичка криза, мислам дека со добра воља и со  потребно помирување и извинување еден према друг, ке се дојде до компромисно решение. Настојував да не ставам имиња, кои мислам дека многу имаат негативно реагирано, чак и навредливо, на адреса на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, иако ја ценам нивната интелектуална способност за поранешен позитивен придонес кон демократската ВМРО-ДПМНЕ. Тој дел на вредни кадри, посебно од дијаспората, го оставам на претседателот и неговите најблиски соработници, да им се извинат или да им дадат на знаење дека им простуваат и дека се добредојдени во ВМРО-ДПМНЕ, ако сакаат.

Што треба прво да се направи, оваа група да се оснива, а потоа да стапи во контакт со Претседателот Никола Груевски и со централата на ВМРО-ДПМНЕ?

Прво, личностите од списокот, да ми ги достават своите е-маил адреси, а воедно со тоа  првите 4 - 5 личноисти, кои ќе ја дадат својата согласност, за оснивање на Иницијативен комитет на “ Македонска интелектуална патриотска група, за помош на ВМРО-ДПМНЕ, Илинден 2015”, што покасно може називот да се редактира или смени, ќе ги известам за да раководат со оснивање на оваа иницијативна група. За кратко догледно време, на оваа група ке им ги приложам и адресите на останатите интелектуалци, од оваа листа. 

Второ, да закажете итен состанок, во простории каде би ви одговарало, за непречено договарање, само на личности од списокот кој го приложив. За таа цел треба да оснивате меѓусебе група обезбедувачи и раководство на состанокот-оснивање на Иницијативен комитет, кој би бил со следниот дневен ред:

1. Одредениот водителот на состанокот, кого ќе го изберете, на кратко да ја објасни идејата за оснивање на споменатата интелектуална патриотска гупа. Потоа да се избере записничар и двојца заверувачи.

2. Кратки излагања на дискутантите, кои треба да ја истакнат својата согласност и во кој дел од професионалната потреба би го дале својот придонес за помош на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.Поканетите членови, оснивачи на Иницијативниот комитет, предходно да се запишат во списокот за дискусија, по однос на 2-та точка од дневниот ред, за која  водителот ќе им даде збор.

3. Водителот бара со јавно гласање одлука за оснивање на Иницијативниот комитет.

4. Водителот го раководи тајното гласање, за избор 5 членови на Иницијативниот комитет, по пат на тајно гласање, кои мегусебе бираат Претседател, а кои членови ги подготвуваат административните и стручните организацијски активности, за Основање на “Македонска интелектуална патриотска група, Август (или Јули) 2015”

 Моја сугестија е да секој од Иницијативниот комитет, кој според своите способности и желби има специјален афинитет за било кој дел од општествениот живот, поврзано со договорот од 15 Јули во Пржино, што може подобро да придонесе за реконструкција на извршниот одбор на  ВМРО-ДПНМНЕ, во согласност претседателот Никола Груевски, односно, дополнување со нови членови, за да од неа се делегираат интелектуални – способни и со искуства патриоти, во владата и во институциите на Република Македонија, треба да спреми краток реферат со предлог да биде прифатена неговата понада.

Таквите реферати можат да бидат пишувани од поединци или од групи.

Ако претседателството на ВМРО-ДПМНЕ, раководено од Никола Груевски, одобри да се организира Вонредно годишно собрание на ВМРО-ДПМНЕ и на него да се дискутираат рефератите од членовите на “Македонска интелектуална патриотска група Илинден 2015”, тогаш има голема можност да се створи поголема демократија во оваа популарна, но недоволно отворена према повозрасната и поспособна Македонска интелигенција, политичка партија. Тоа ќе преставува и изнаоѓање на најправилни одлуки и решенија за признавање на уставот на Македонија, од меѓународната заедница, или итно зачленување во ЕУ и НАТО, но искључиво со уставното име на Македонија.

 Ако тоа не се случи, евентуално треба да  се оди на остварување на крајната и најповолна варијанта за иднината на Македонија: Војна и економска независност на Република Македонија.

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Како Македонски активист Јанко Томов е основач, челник- лидер на Тајна Народна Македонска Револуционерна Организиација (ТНМРО),со огранокот "Група Македонски Патриоти" од 1985 година во Перт, З.Австралија, насочена за осамостојување на Македонија и против едноумениот-комунистички систем на Југославија.

Томов е оснивач и прв претседател на огранокот (задграничниот Комитет) на ВМРО-ДПМНЕ за Перт, Западна Австралија. Бил член и на Координативниот Одбор на ДПМНЕ за дијаспората, со одлука на идеологот Драган Богдановски и со одлука на неговите претставници во Австралија, Панко Стамкоски и Јонче Трајчевски. Освен огранокот на ВМРО-ДПМНЕ во Мелбурн, кој го оснива Панко Стамкоски, Томов ги организира правните процедури, праќајки напатствија  и материјали, како политичката платформа и статутот и сл., за оснивање на останалите огранци, по поголемите центри, на оваа партија, во Австралија.

 Томов е и еден од главните организатори на македонската демонстрација одржана во Перт на 01.07.1990 година пред Грчкиот конзулат, каде за првпат пред јавноста на Перт се истакнаа македонските знаминња со шеснаесетзрачното сонце и други одбележја поврзани со  античко - македонското потекло. Бил и активен член на Извршниот одбор на организацијата за Македонски Човекови Права (МЧП) за З.А., а бил, кусо време и член и благајник на Извршниот Комитет на АМКЧП. Јанко Томов бил и еден од уредниците на "Македонски патриотски билтен", кој излегува во 1989-90 година.

Бројни се останатите активности на Јанко Томов, а ќе издвоиме само некои од нив:

- Еден од организаторите на Австралиската Конференција за Македонски Човекови Права, што се одржа во Перт 1989 година во рамките на Австралиската конференција на македонските општини;

- Активен учесник на првиот (неофицијален) Македонски Светски Конгрес за Македонски Човекови Права, што се одржа во Аделаид, Австралија, во Март 1990 година;

 - Еден од главните организатори за формирање Координативен Одбор на македонските организации (општини и клубови) во Западна Австралија во 1985-1986 година;

- Иницијатор за одржување на традиционалното македонско дефиле на кое се полага венец на монументалниот споменик  на паднатите борци, во Кингс Парк во Перт, во чест на Илинденското востание, секоја година на 2 август, почнувајќи од 1986 година;

- Еден од иницијаторите и активен учесник на единствениот заеднички, “Македонскиот патриотски пикник”, одржан во Ванеру Парк, Перт  во1987 година.

Јанко Томов се бави и со пишување и објавување на свои трудови.  Во 1969 година во Скопје ја објави книгата "Штафетни игри и полигони" (прв прирачник за тренери и наставници по физичко воспитание). Автор е и на повеќе скрипти, материјали и статии поврзани со теми од квалитетниот спорт и физичка култура во Македонија.

Автор е и на неколку статии и обработени материјали од национално-политички карактер, објавени во "Македонски патриотски билтен" во Перт, во 1989-90 година.

Има објавувано и статии во локалните општински гласила во Перт ("Наш свет", "Македонска мисла" и "Слово").

Томов има објавувано и во списанието "Глас на Македонците" од Сиднеј (1986-1988).

Јанко објавувал статии и во весникот "Македонија" од Мелбурн, Австралиско Македонски Неделник од Мелбурн, 'Денес- Тудеј’ од Мелбурн, Утрински Весник од Скопје и други Македонски неделни весници од дијаспората, во Канада, како и во весникот "Македонско сонце" од Република Македонија.

Томов од 2003 година користи интернет и на стотици познаници и соработници во Македонското движење во дијаспората, редовно им испраќа е-мајли, со национално-политички содржини, со кои е поврзан со поголемиот дел на Македонски организации во македонската дијаспора.

Се занимавал и со пишување на лични творби (поезија) и бил учесник на бројни литературни читања, во поедини средни училишта и во “Дом на Градежните работници” во Скопје, до Плоштад Слобода, кој во неговата младост, како средношколец, беше главен културен Центар на Скопје. Добитник е на првата награда за поезија на средношколската младина во Скопје, во 1957 година, во Домот на градежните работници во Скопје, организирано од Здужението на писателите на СРМ,раководено од  македонскиот писател, г-дин Страчков и новинарот “Марко Новинарко”. Некои наградени стихотворби од поезијата на Јанко, се публикувани во “Млад Борец”, а и читани во “Радио Скопје”.

Од 2010 година објавува национално –политички статии и историјски материјали од активноста на македонското движење во диаспотара, во порталот на интернет “Македонска нација” од Скопје, Република Македонија, каде е еден од уредниците.

Во 2000 година ја објави книгата "Поткрепа од убавиот Перт", во која ги опиша активностите на македонските организирани субјекти во Перт, во деведесеттите години на 20 век, како оснивачкото собрание на Огранокот на ВМРО-ДПМНЕ во Перт, Западна Австралија и првата демонстрација на македонците, пред Грчкиот Конзул во Перт во 1990 година.

Во 2003 година ја објави книгата 'Солунскиот манифест од 1984 и движењето за човекови права во дијаспората’.

Во 2004 година ја објави книгата 'Откритија за важни настани во македонската историја’. Истата книга, во 2004 година, ја публикува преведена на англиски јазик.

Во 2005 година ја објави книгата 'Античка историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори- од фалсификати до коректно презентирање’. Истата година со проширено издание ја објави оваа книга на англиски јазик.

Во 2008 година ја објави книгата Тајното Народно Македонско Ревулуционерно Движење од Австралија.

Од 2000 година до денес, авторот учествува на организирани промоции од македонските организации во дијаспората, на своите публикувани книги, во Перт-Западна Австралија, Мелбурн- Викторија, Сиднеј, Канбера и Волонгонг- Нов Јужен Велс, Австралија, Њу Џерси- САД и Торонто- Канада. При овие промоции, во главно, а и при други прилики, авторот Томов, е гостин на македонските радио-програми, каде има интервјуа со водителите и уредниците. Едно од интервјуто, за положбата во македонската дијаспора, беше одржано во Скопје, 2007 година, во МРТелевизија, кога за прв пат после 32  години, Јанко повторно ја посети својата родна Македонија.

Авторот Томов организира поедини патриотски состаноци , со Македонци-патриоти од македонското движење во дијаспората, како и учествува и присуствува во Македонски културни манифестации и собири, при што, на некој начин, покрај пишувањето на историски дела, ги одржува контактите со македонската патриотска емиграција и со Република Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.