Среда, 29 Јули 2015   
Прво македонско музичко ЦД во историјата на Смитсонијан

smithsonynightОбединетата македонска дијаспора (ОМД) е горда што после долгогодишен труд на познатиот танцов и музички етнолог Мартин Коениг, Смитсонијан Институцијата ќе го издаде првиот и долгоочекуван историски албум на македонска музика. Целиот проект чини околу 90,000 долари, од кои 30,000 долари беа собрани и донирани од страна на Обединетата македонска дијаспора преку својата програма за промоција на богата македонска култура, која е најдобриот амбасадор на Македонија.

Подолу можете да го најдете официјалното соопштение од Смитсонијан. Кликнете тука за англиска верзија.

"Слушање на Додека Душата не ти Излезе! Музика од Македонија" - аудиозапис на ретки фолклорни традиции (Датум на издавање: 28-ми август, 2015)

На 28-ми август, продуцентската куќа Смитсонијан Фолквејс ќе го издаде албумот "Слушање на Додека Душата не ти Излезе! Музика од Македонија". Овој албум е составен од записите на познатиот танцов и музички етнолог, Мартин Коениг, чиј записи на оригинални македонски народни песни датираат од 1968 и 1973 год. Ова е многу важен период од фолклорната историја на Македонија, бидејќи го означува времето непосредно пред да почне популаризацијата на модернизирани или новокомпонирани фолклорни песни. Од таа причина, овие песни претставуваат временска капсула за звукот на Југоисточна Европа. Седумнаесетте аудио снимки се единствените снимки за кои се знае дека припаѓаат на овие умешни фолклорни изведувачи, и заедно со деталниот патопис кој е вклучен во "Слушање на Додека Душата не ти Излезе! Музика од Македонија", тие документираат историско значајни градски и рурални традиции кои константно се занемарени од државните радио и фолклорни продукции.

Албумот "Слушање на Додека Душата не ти Излезе! Музика од Македонија" илустрира три стилови на македонска традиционална музика: Христијанско, женско, селско пеење; Ромски, зурли и тапан ансамбли; и Османлиски градски музички ансамбли наречни чалгија. Овие различни стилови на музика се доказ за ентничките, религиозните и јазичните различности, т.е. огромниот диверзитет, во Македонија. Чалгија, споредено со другите два стила, е најретко застапениот стил, и е инструментален градски стил во кој се користи македонскиот мекам, што брои само три живи изведувачи (Коениг). Сите, освен еден од музичарите кои се снимени од страна на Коениг се веќе починати. Преку белешките кои доаѓаат со самиот албум, Мартин Коениг и Соња Тамар Симан обезбедуваат историска позадина и уникатен преглед на македонската музика од средината на 20-тиот век, и нудат  историски и културен контекст за секоја песна, како и превод на сите текстови на англиски јазик.

Продуцер на овој албум е Мартин Коениг, а за истражувањето има помогнато Маргарет Мид, Институтот за Интеркултурни Студии, и Фондацијата за Антрополошки Истражувања, Венер-Грен. За производството, придонес имаат Меѓународната Фондација за Уметност и Фолклор, 4Култура, и Обединетата Македонска Дијаспора преку нејзината работа со македонската заедница на глобално ниво, особено во Америка и Канада, како и други љубители на македонската музика и танц.

Датум на издавање на албумот "Слушање на Додека Душата не ти Излезе! Музика од Македонија"

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.