Среда, 19 Август 2015   
Врвни достигнувања на македонскиот театар од Сиднеј

teatar-sidnej-2

Минатата среда, 12.08.2015 год., во просториите на Културниот центар Илинден во Рогдал, Австралиско македонскиот театар од Сиднеј го одржа својот Генерален годишен состанок на кој покрај тоа што се направи избор на нов Управен одбор се разгледа извештајот за минатогодишната активност како и плановите и програмите за наредните една до две години.

Во минатата финансиска година театарот после успешната турнеја во Македонија имаше можност да настапи со драмата Борење со мечка во Мелбурн и Џилонг каде се изведоа три престави. Потоа следеше новата продукција The Fence (Ограда) со шест престави во Сиднеј и Волонгонг како и комедијата Доктор жими мајка од која се дадоа шест престави во Сиднеј, Волонгонг и Њукастел.

Се забележа дека драмата Борење со мечка, која се работеше во проектот за борбата против кенцорозно заболување Alive and Out There, беше номинирана и влезе во финалето за Australian Multicultural Marketing Awards. Исто така Театарот оваа година за својата долгогодишна плодна работа во промовирање на македонскиот јазик и култура ја доби престижната Повелба од претседателот на Република Македонија Д-р Ѓорѓе Иванов.

teatar-sidnej-1

За успешната работа на театарот се забележа групната работа на сите членови а посебно им беше заблагодарено на Сашко Вељанов, Сашо Димовски, Владо Сазданов, Иван Трпоски и Зора Сазданов.

Во однос плановите за наредните неколку години се изложија проекти за можни успешни продукции на македонски и англиски јазик.

На крајот од средбата покрај заедничката фотографија со Повелбата од претседателот Иванов, на Антонио Нешковски му беше прославен 18-тиот роденден со желба да продолжи неговата глумеча кариера и животот да му биде исполнет со среќа и љубов.

Душан Ристевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.