Среда, 09 Септември 2015   
ЛИДЕРИТЕ И РАКОВОДСТВАТА ОД ДИАСПОРАТА АКТЕРИ НА ТРЕТИОТ ИЛИНДЕН СО ПОСЕБНА БЛАГОДАРНОСТ ДО ДЕМОКРАТСКИОТ СВЕТ

Пишува: Јанко ТОМОВ

lideri1

Македонското движење на патриотското иселеништво, ќе им се заблагодари на локалните, државните и федералните власти , за нивната подршка ,на овие демократски земји од западната хемисвера, каде македонските национални и политички организации, ги организираа активностите, меѓу која главна цел беше осамостојувањето и ослободувањето на Македонија од комунистичкиот и социјалистички систем на владеењето, кога СР Македонија, беше во склоп на СФР Југославија.

lideri-2

Благодарноста ја заслужуваат овие народи и демократски влади, каде после Втората светска војна емигриравме, пред се, политичките Македонски емигранти економската емиграција, која ги подржа македонските поголеми организации и се вкључи во редовите на МАК, ОКМ, ДОМ, ДООМ, ТНМРО, НМРО, НОФМ и ВМРО-ДПМНЕ. Нивната подршка се заснива, на нашата Македонска работливост, вредноста, културата и лојалноста, како иселеници, во втората татковина, према принципите за соживот со мултикултурни и мултинационални општества, како и почитувањето на правосудските системи и органи на власта, специјално на Австралија, Канада и САД, а и на поедини држави на Европа.

Од оснивачкото Собрание на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на Перт,Западна Австралија, на 19 Август 1990 година.

Благодарноста за тие наши пријателски народи и држави, од западната хемисвера, е изразена во поголема доза на разноврсните собири и свечености на македонската емиграција. Од нив ќе избереме позначајни, како прослави за победа на првите парламентарни избори, специјално на таа прослава во Ванеру Парк, Перт, Западна Австралија, во 1990 година, каде ВМРО-ДПМНЕ, победи на овие избори во СР Македонија-СФР Југославија. каде со преку 300 Македонци се разви најголемото Македонско оро, кое било играно,било кога во овие земји. Потоа Првите Македонски традиционални дефилеа, од 1985 година, по улиците на Кингс Парк и проложување свежи цвеќиња, на монументалниот споменик на паднатите борци од миналите војни, на 2 Август во годините, посебно за борците Македонци од Првиот Илинден, 2 Август 1903 и Вториот Илинден, од АСНОМ на 2 Август 1944 година.

Карактеристично за овие Илинденски прослави со дефилеа, беше вкучувањето на специјална војна гарда, за такви воени прослави и свирење со труба при дигање на националните знамиња и положување свежи цвекиња и венци од преставниви на власта на западна Австралија, пропратени со прикладни говори. Исто така и на многу други пригодни свечености и национални Македонски празници и активности, каде благодарностите беа јавно изразени, при нивното одржување, а и преку писмени форми и изјави во медиумските изданија на тие земји и држави каде живее иселеништвото. Што се сретнувало и во Канада, САД и Европа.

Примери за благодарност од патриотското иселеништво, кои се евидентирани во авторски дела ,публикувани во диаспората, а кои се однесуваат за патриотската активност на поедини поголеми Македонски политички организации, можат да послужат и како прирачници на сите заинтересирани Македонци и други националности, кои се од историрски карактер. Темите во тие книги се однесуваат за периодот на патриотските активности на ТРЕТИОТ ИЛИНДЕН ВО ДИАСПОРАТА. Овие книги, за кои од некои давам кратки појаснувања, поодле во текстот, можат најповеке да послужат околу организирањето на јубилејното 25 годишно чествување на Денот на републиката, односно Почетокот на ТРЕТИОТ ИЛИНДЕН. Со специјална и оригинална содржуна, бидејки се единствено документирани и докажани од самите учесници, во тие четири деценијски патриотски активности во диаспората.

Најголема благодарност е искажана од авторот на овие редови, за Австралијското општество, преку насловот на неговата патриотска книга: ПОТКРЕПА ОД УБАВИОТ ПЕРТ, публикувана во 2000 година. Благодарност е изразена за еден од најубавите градови на Австралија, за неговото сесрдното гостопримсво и грижа за македонските иселеници, од крајот на Втората светска војна до осамостојувањето и до денес. Темите на преку 310 страници, на оваа патриотска книга, ја опфаќаат детално организацијата и одржувањето на првата демонстрација на македонците во З.Австралија, пред Грчкиот конзул во Перт, на 1 Јули 1990 година, каде преку 400 демонстранти, со голем број транспаренти и фотографии ги бараа основните и национални Македонски човекови права, од шовинистичката влада на Грција, за Македонците во Егејска Македонија (Северна Грција). Оваа демонстрација всушност беше подршка на Демонстрацијата во СР Македонија, против Грчката  шовинистичка власт во 1990 година, на граничниот премин кај Богородица, Валандово-Гевгелија, раководена од Тодор Петров и СМК. На оваа демонстрација, се бараше од Грчкиот конзул да се признаат основните и националните човекови права на македонците кои останаа во своите огништа во Егејска Македонија и правата на тие кои беа протерани и избегани по државите на Европа, за време на Граѓанската војна на Грција од 1946-49 година.

Втората тема на книгата ПОТКРЕПА ОД УБАВИОТ ПЕРТ, се однесува за подготовките на Оснивачкото собрание на (задграничниот комитет на Перт и З. Австралија) огранокот на ВМРО-ДПМНЕ на З.Австралија одржан на 19 Август 1990 година во Перт. Ова книга е со најповеке информации за оснивањето на ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ и за оснивањето на Задграничните комитети. Во овој дел од книгата покрај извештаите за одржаниот оснивачки состанок на Иницијативниот одбор, како и коресподенциите на Координативниот одбор на ДПМНЕ за диаспората чив претседател беше Драган Богдановски, со потпретседателот Панко Стамкоски и членовите Јонче Трајчевски и Јанко Томов, како и првите званични членови на ДПМНЕ, примени од Координативното тело за диаспората, Крис Стојчев и Илија Николовски од Перт. Потоа тука се прикажани поедини написи, од следните налови:

Национално-политички активности во Перт (З.А.) во 1990 година;
Идејно одганизирање и обединување на македонските патриоти ;
Нова активност како резултат на собирот на “децата бегалци” во1988 година ;
Размислување околу Комитетот за Македонски Човекови Права;
Врска: Перт- Берлин –Мелбурн;
Замислата и концептот на функционирањето на ДПМНЕ во диаспората;
Проширување на кореспонденции и соработки во врска со ДПМНЕ;
Изнаоѓање раководни кадри за ДПМНЕ;
Околу одржувањето на Четвртиот конгрес на ДООМ во 1978 година;

Писмено известување од Драган Богдановски за формирањето на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија. Потоа се приказани разни формулари, пристапници за членство,Политоичката платформа на ВМРО-ДПМНЕ, Уставот на ВМРО-ДПМНЕ, информации за новите ограноци на ВМРИО-ДПМНЕ на Австралија имногу други пригодни и припратни форми, за организирање и за активностите на новите ограноци на ВМРО-ДПМНЕ-задграничните комитети.

П р о д о л ж у в а

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.