|
|
Лидерите и раководствата за осамостојување на Македонија заборавени!? |
ЛИДЕРИТЕ И РАКОВОДСТВАТА ЗА ОСАМОСТОЈУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ОД ТРЕТИОТ ИЛИНДЕН ИАКО ПОВЕЌЕТО ОД НИВ СЕ ПОКОЈНИ НЕДОЗВОЛЕНО БЕА ЗАБОРАВЕНИ!? Скоро никој од македонската диаспора, специјално од македоските политички организации, културнопросветни асоцијации, Епархиите на МПЦ-О.А. и слични црковни општини, како и познати интелектуалци од организациите за Македонски човекови права, не организира потребна свеченост-чествување за Денот на независноста на Република Македонија, на 8 септември 2015 година-ТРЕТИОТ ИЛИНДЕН!? Со гордост и голема почит ке ги спомнам само поедини најблиски соработници на Драган Богдановски, кои се покојни и кои некои од нив не го дочекаа осамостојувањето-Третиот Илинден: Драган Богдановски (1929-1998); Благоја Шамбевски Шамбе ( 1921-1974); Панко Стамкоски (1938-2007); Михаил Шариновски Солунски (1932-1999), Крсто Шкодров (1944-2005), Ристе Блажев Ристески (1931-2000); Крсто Јенчев Димитров (1912-2003), Јонче Трајчевски (…-2015) и други заслужни патриоти и борци за осамостојување на Македонија. Во продолжение, ке се полсужиме од информации од поедини Македонски медиумски изданија, каде провизионално, а некаде и достојно според условите, се прослави 24 –годишнината од осамостојувањето, кое беше изведено преку референдумот на 8 септември 1991 година. Во еден напис стои: “Македонската заедница на Мелбурн достојно го прослави денот на независноста на Република Македонија, во центарот на Мелбурн, Викторија, Австралија”. Прославен Денот на независноста на Република Македонија, на плоштадот во Мелбурн, Австралија (Федератион Сљуаре) на 8 септември 2015 година, во организација на УМС ВМРО-ДПМНЕ, со претседателот Сашо Наумовски и пратеникот Васко Наумовски, кој е пратеник во собранието на Република Македонија, од изборната единица за Австралија и Азија. На нив им се прикључиле Македонскиот конзул, Бети Коруновска , МПЦ и Македонскиот совет за Викторија, раководена од претседателот Александар Мојсовски. Нема повеке информации иако неколку организации учествувале со минимален број на членови и на Македонски иселеници, каде не се спомнал Третиот Илинден и заслужните патриоти, барем починатите од диаспората, а И неколку од Македонија! Исто така без текст стои: Здружението “Антички Македонци” од Перт, Западна Австралија, го прославиле Илинден 1903, во одганизација на претседателот Александар Шапкаровски. Во Фејзбук: од македонската новина: Македонско знаме се разви пред парламентот на Онтарио во Торонто, во чест на независноста на Република Македонија , од страна на Генералнит конзул на Република Македонија. Во Квинс Парк имало бројни Македонци и Македонски здруженија. Притоа честитки испратиле и спикерот на парламентот на Онтарио Дејв Левок. Така лидерот на Прогресивната Конзервативна партија на Онтарио Патрик Браун и конзулот на Р.М. во Торонто Александар Стојковски. На присатните им се обратил и членот на Канадскиот Парламент Боб Бејли, Вера Белчевска, претседателка на Црковниот одбор на С. Климент Охридски исто и Мендо Балаковски од ОМД. На споменикот на паднатите борци, во Ред Клиф, Квинсланд, Австралија, а во чест на починатите лидери, членови на раководства на Македонски политички организации од диаспората, како и на членството и помагачите –симптизери на МНК, МОК, ДОМ, ДООМ, ТНМРО, НМРО, НОФМ, ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ, авторот на овие редови и современик и соработник на поменатите, им одаде почит за нивната пожртвуваност и оданост кон Македонското дело, за осамостојувањето на Република Македонија-Третиот Илинден. Горните информации се недоволни и мизерни, ако се земе бројноста на патриотите кои го помагаа македонското движење, преку познатите Македонски политички организации, од е Втората светска војна до осамостојувањето и понатаму до денес. Не смее да се запоставува работата околу признавање на Драган Богдановски и неговите најблиски соработници од диаспората, кои се бореа за Трет Илинден –за осамостојување и обединување на Македонија и македонскиот народ. Нели реагираме за неизвинувањето на Киро Глигоров, дека бил во заблуда и недоволно информиран, кога пред цел свет во Обединетиоте Нации, во Април 1993 година, кога се примаше Македонија за цленство. Тој тогаш рече дека ние македонците сме биле Словени дојдени од позади Карпатите!? Ние Македонците во диаспората, од тогаш него не го почитуваме, зошто и во тоа време на првите години од независноста, имавме факти и историјски податоци дека нашето постоење е од праисторијата и античкиот период на ови денешни простои на Македонија. Така првата генерација на раководството на ВМРО-ДПМНЕ во СР Македонија, ја состави идеологот Драган Богдановски, набрзина, по грешка го постави и подржа незрелиот 24 годишен Љубчо Георгиевски. Во тоа време Богдановски, немаше контакти со Македонски интелектуалци во Македонија, кога се пушти од 11 годишна робија од Идризово, кои требаше да раководат со ВМРО-ДПМНЕ. Интелектуалците скоро сите беа или членови нас СКЈ-СКМ, на МААК или незаинтересирани за осамостојување на Македонија. Ние од диаспората-иселеништвото бевме далеку, исто така недоволно информирани за положбата за патриотските квалитети на првата гарнитуре на партијата, која званично се оснива во Македонија на 17 јуни 1990 година во Скопје. Така покасно се открија бугароманите и криминалците, кои по грабањето на народните имања, со денационализацијата, од страна на бившите директори на фирмите и фабриките, членови на СДСМ, а потоа тие имања што остана, поедини најблиски на Георгиевски ги дограбале. Така, покрај поедини лопови СДСМ-овци и самиот Георгиевски станаа милионери!? Јанко Томов П р о д о л ж у в а |