|
|
Актуелности во македонската криза во мај-септември 2015 година (2 дел) |
Пишува: ЈанкоТОМОВ Актуелностите се забележани преку цитати од автории на статии, од македонската дневна медија и интернет изданијата, кои даваат слика за состојбата на Република Македонија, во времето кога актуелната влада на премиерот Никола Груевски, драстично се соочува со ненормални антимакедонски барања од страна на опозиционата СДСМ. Опозицијата е надвор од Собранието, која преку протести и демонстрации створи политичка криза, а со помош на американскиот милионер СОРОС, кој ја финансира фондацијата на Милчин “Отворено општество”. Надоврзано на политичката криза, во втората половина на Август, отпочна и бегалска криза, на бегалци од воните во Сирија и Ирак, каде десетици Иљади бегалци, Грција ги трупа и бутка преку границата во Република Македонија. За време на решавањето на договорот од Пржино, на 15 Јули 2015, наметнат од Брисел и Вашингтон, многу проблеми се створија, на комисиите составени од преставници на ВМРО-ДОМНЕ, СДСМ, ДУИ и ПДП, кои секојпат заседаваат во зградата на Европската унија, во Скопје. Покрај тоа, скоро истовремено се појави нова криза во Европа со големи бранови на бегалци, од војните во Сирија и Ирак, кои Грција ги пушта во Република Македонија, нарочно од границата кај Гевгелија. Во Македонската медија, читаме разни написи, кои се полни со експертски и стручни познавања на проблемите, нарочно од областа на меѓународното право, а врз база на уставните начела на Република Македонија, кои се кршени од опозиционата СДСМ со помош на СОРОС, Брисел и Вашингтон. Во “Нова Македонија” на 25 Април 2015, има наслов: “”Стравуваме од можноста брат да го нападне братот и соседот соседот” од Гоце Трпковски. Проф. Јове Кекеновски, поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Лазаревиќ, поранешен заменик министер за здравство, Горан Митевски поранешен шеф на УБК, закажале прес конференција на 24 Април во Софија и Белград. Нивната цел била да ја запознаат тамошната јавност, со нивната идеја, за сменување на актуелната влас на Република Македонија, а на нејзино место да дојде опозиционата СДСМ, со цел за да се одржале и предвремени парламентарни избори. Такви исти или слични најави биле планирани и на прес конференции во Тирана, Албанија, Приштина, Косово и во Солун , Грција. Образложението на оваа група било дека наводно Медиумите на Република Македонија не им давале простор на оваа група и затоа требало постоеките метрополи на соседите да ги дознале вистините, за положбата во Македонија. Стравување од можноста “брат да го нападне братот и соседот соседот”, тогаш зошто оваа група ја подржува антимакедонската политика на раководството на СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев, кога знаат дека имаат финансијска поткрепа од СОРОС и Вашингтон? По мое мислење каде ви беше умот каде води оваа антидемократска авантура на бившите комунисти кои се скриени во сегашните социјалисти!? Каде се чуло и видело да во некоја држава во светот се повратува истиот систем на владеењето, после 25 или 50 години!? Вие Македонци кои бевте во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во републиката, сигурно сакавте “преку симит погача” и не ги задржавте своите функции, а со тоа и можности да повеќе и подобро размислете да владеачките партија да има поуспешна активност за просперитет на Република Македонија. Не е лоша идејата да се створи натпревар меѓу членството и во самата централа на ВМРО-ДПМНЕ, со понапредни идеи, но идеи остварливи, за сите области на животот, кои ги води една напредна партија, за да најспособните си ги завземат своите места во партијата, без да настане бунт или караници, туку едноставно да биде сето тоа во полза на партијата, а не на поединци. Горната група, која била против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и против неговото раководење со власта на републиката, имала извесно влијание и кај поединци, во поедини Македонски организации, а и помеѓу видни поединци во Македонските православни општини и здруженија, како и во поедини Македонски радио станици, во Австралија, Канада и САД. Никој незнае дали и меѓу нив има прсти СОРОС? Тие нивни, можеби тајни соработници, кои мислеле само на отстранување на ВМРО-ДПМНЕ, од власт, а не им текнувало дека со тоа ја подржуваат антимакедонската политика на СДСМ и меѓународната заедница, која има цел за дестабилизација на Македонија, менување и исчезнување на уставното и национално име на македонците и на згаснувањео на суверенитетот на Македонија, можеби и поделба на Македонија меѓу шовинистичките и фашистички соседи!? Во “Дневник” од 22 Јули 2015 има наслов: “Обвинителството: Десетина лица од бомбите на Заев на распит”. За незаконско прислушкување: Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Тито Петковски, Андреј Жерновски, Оливер Спасовски и Стево Пендаровски, отворен предмет по кој активно постапув надлежен Јавен Обвинител. Во интернет портолот на “Матица на иселениците на Македонија” на 25 Јули 2015 има наслов: “Наил: Признавање под уставно име и прием на Македонија во НАТО”. Претседателот-спикерот на парламентот на Нов Јужен Велс, Австралија Фредерик Џон Наил, тоа го рекол при средбата со потпретседателот-зменик спикерот на собранието на Р.М., Антонио Милошевски. Што го натерало Наи тоа да го рече!? И други Австралијански политичари тоа го имаа речено пред своите партијски колеги, но сеуште Австралијската федерална влада сеуште го нема признаено уставното име на Македонија. Спротивно та тоа, во еден од медиумските изданија, прочитав, дека амбасадорт на Велика Британија, во Скопје, Кристофор Иво, рекол “Подобрување на односите со соседите “, со што препорачува дека на Република Македонија “треба годинава различни дипломатски активности”. Нели овоа е голма зезанција, од Европските подржувачи на фашистичките Бугарски и Грчки влади, кои се према Македонија, нарочно преку “Подобрување на односите со соседите”,што значи ЗЕМЕТЕ СИ БУГАРСКА, ГРЧКА ИЛИ АЛБАНСКА НАЦИОНАЛНОСТ И ЗАКОПАЈТЕ ЈА СВОЈАТА СУВЕРЕНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !? Во “Вечер” на 18 Август 2015 година, Мирјана Најчевска од СДСМ, инаку попранешна раководителка на Хелсиншкиот комитет, рекла: “Македонскиот народ е составен од глуперди и цепаници неделкани!”. ( Значи глупердии низаедни, цепаници неделкани, разбудете се пред да биде ептен доцна, напиша Најчевска на својот фејзбук профил…”). Истомисленици на Најчевска биле: Бранко Геровски, Ѓунел Исмаил, Љубомир Фрчковски и други. Стево Пендаровски, од СДСМ, кој бил претседателски кандидат на изборите во 2014 година, рекол: “… граѓаните прво беа стока, а потоа и овци”. Дали македонските правосудски органи, не би требало актерите на овие народни навреди, да ги преваспитаат за пример, во поправните институции на републиката! Во демократските држави, вакви случаеви се подвргнати на јавни “жигосувања”, преку редовните медиумски, ТВ и радиа програми. Во “Дневник” на 21 Август 2015, авторката Искра Коровешовска, во статијата: “Задоцнета Бриселска најава”, вели за калкулациите и планирањето на Брисел (ЕУ), колку и како ќе ги распоредат парите од ЕУ за помош на државите во кои пристигнуваат бегалците од Сирија и Ирак. Искра пишува, дека новинарите прашале зошто за Македонија немало планирање или обеќање за давање парична помош на Македонија, од ЕУ, за справување со бегалците. Притоа вели: “Едноставно ни велеа дека земјата не е членка и не е дел од таканаречениот план и програма за отворена и безбедна Европа 2014-2020. Колку за потсетување, во согласност со овој план од т.н. фонд за миграција и бегалци, за Грција се одвоени околу 260 милиони евра. И тоа многу пред мигрантската криза да земе замав”. Брисел најавил 3.2 милиона евра за помош на Србија, за справување со емиграцијата. За Македонија се уште ништо, а скоро сите емигрант кои влегуваат преку Турција и Грција влегуваат во Македонија. Во “Нова Македонија”, од 21 Август 2015 има наслов: “УНХЦР: Србија и Македонија не може да бидат оставени сами да се справуваат со бегалците”. Портпаролот на УНХЦР, Мелиса Флеминг, ја повикала Европа да најде решение за бегалската криза. Мелиса Флеминг ја критикувала одлуката на Македонија, која сакала да ја затвори границата за да не минуваат мигрантите. Од друга страна Европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, рекол дека Македонија има право да врши контрола на лица кои сакаат да влезат во Македонија и да забрани влез на оние кои не ги исполнуваат критериумите, што е согласно со меѓународното право. А зошто овој УНХЦР на Обединетите нации не ги земе обврските на себе, тие да го решат овој актуелен проблем на Македонија со емигрантите. П р о д о л ж у в а
|