|
|
Лидерите и раководствата за осамостојување на Македонија заборавени!? (2 дел) |
Чествувањето за Илиндените: Првиот Илинден од 1903 и Вториот Илинден од 1944, се разликуваа во однос за Третиот Илинден 1991, со тоа што се избегнати спомнувањата на лидери-личности и нивни соработници, кои биле протогисти за осамостојувањето од Југословенскиот комунизам! Никој од новинарите не даваат честитки за осамостојувањето на Р.М., бидејки тоа осамостојување е дело на македонското патриотско иселеништво, кое го оснива ВМРО-ДПМНЕ, а која демократска партија ја префрли во Македонија. Така организацијата ги прибра сите демократски ВМРО-ски сили, кои страдаа за време на комунизмот во Европа, а тоа беше доволно да го организираат Референдумот на 8 септември 1991 година, со кое ја отфрли од себе југословенската и македонска комунистичка управа и дел од античката Македонска држава стана Независна Суверена Република Македонија. СДСМ-овците, со свој стил, за да не им станат трн во окото на слободољубивиот свет, во Кавадарци го прославија Второто заседание на АСНОМ, кога нивните родители го свргнаа од власт првиот и вистински претседател на АСНОМ, Методи Андонов Ченто и ги уништија по затвори најдрагите чеда на Македонија, кои бараа самостојност и демократија, а не колективизација- комунизам и Југословенизам. Еве го насловот во нивната новина: “Кавадарци одбележа 71 година од ослободувањето”. Во порталот Инфомакс мк стои: “Заев се скина од плачење на гробот на екс претседателот на Р.М. Киро Глигоров! Изгледа нема кој да го подржи Зоран Заев да отпочне нови антимакедонски провокации за наводните “Западнокарпатни словенски корења од 5-6 век”! Во “Утрински весник” на 8 септември 2015 година, стои напис: “КАДЕ САКАВМЕ КАДЕ СТИГНАВМЕ” од новинарот Слободан Најдовски. Тој вели “ Дали ги постигнавме целите кои ние и генерации кои живееле пред нас ги имавме”? Овој новинар мисли на македонските генерации надоени со комунистички и социјалистички идеологии, кои владееја во Македонија-Југославија од 1945-1991 година, а и понатаму од кога Никола Груевски го превзеде раководството на ВМРО-ДПМНЕ, од бугароманот со криминално досие Љубчо Георгиевски и на парламентарните избори во 2006 година убедливо победи. Од тогаш досега, ВМРО-ДПМНЕ раководено од Никола Груевски, преку Владата, Собранието и Претседателот на републиката, видно ја обновува Македонија, воведувајки ја во современ Европски стил на живеење. Исто така во градчето Македонски Брод била организирана прослава, од Поречјето, каде имало голем број доселеници Срби и Црногорци, од Балканските војни, каде голем број борци во НОБ имаше организирано, тогашниот шпиун за Југословенските партизани, Светозар Вукмановиќ Темпо. Темпо еден од најголемите противници на Методија Андонов Ченто, заедно со гемиџиите и Илинденците, Павел Шатев, Панко Брашнаров и плејада чесни Македонски борци. Пишува Јанко Томов |