|
|
Актуелности во македонската криза во мај-септември 2015 година (4 дел) |
Пишува: ЈанкоТОМОВ Актуелностите се забележани преку цитати од автории на статии, од македонската дневна медија и интернет изданијата, кои даваат слика за состојбата на Република Македонија, во времето кога актуелната влада на премиерот Никола Груевски, драстично се соочува со ненормални антимакедонски барања од страна на опозиционата СДСМ. Опозицијата е надвор од Собранието, која преку протести и демонстрации створи политичка криза, а со помош на американскиот милионер СОРОС, кој ја финансира фондацијата на Милчин “Отворено општество”. Надоврзано на политичката криза, во втората половина на Август, отпочна и бегалска криза, на бегалци од војните во Сирија и Ирак, каде десетици Иљади бегалци, Грција ги трупа и бутка преку границата во Република Македонија. Во “Вечер” на 7 септември15, стои дека Мито земале Македонски министери, пред 10 години (2005). Во нив спаѓаат Владо Бучковски и некои имиња од ДУИ, кои во кеш примиле 2,5 милиони Евра. Богоевски бил заштитен кључен сведок, а кој е во затвор во Македонија, рекол дека Павле Трајанов, бивш министер за внатрешни работии во владата на Љубчо Ѓеоргиевски добил копи од аферата. “Дојче Телеком АГ”, постигнал спогодба во вредност од 95 милиони долари, со СЕЦ и Американското министерство за Правда, во декември 2011 година. Истрагата се води против директорите на “Маџар Телеком” (Балот,Штрауб и Морваи), пред Њујоркшкиот суд .Според Драган П. Латас, уредник на “Вечер”постоеле три игри: 1. Да се спречи изградбата на Рускиот гасовод; 2. Да се овозможи двојазичност и федерализација на Македонија; 3. Да се обезбеди власт која ке го смени Уставот. При тоа, Драган П. Латас ке рече: “Освен криминалот со прибирање, пакување и трговија со туѓи телефонски разговори, Брисел и Вашингтон погазија уште едно врвно правило на Западната демократија-право на приватност и заштита на угледот на граѓаните. А тоа се случи со дозволување и заштита на СДСМ и Сороидите јавно да ги објавуваат тие снимани и пакувани туѓи, приватни телефонски разговори”. Американецот Питер Фејт кој во 2001 година го спаси УЧКа, повторно се нудел на Македонската влада да бил посредник во преговорите со СДСМ-владата го одбила.Тој поворно неканет дошол во Македонија на 3 јуни о.г. за да ги слушнел Албанците и да им помогнел за Охридскиот договор. Пропорционален изборен систем имал предност кај 20 земји-членки на ЕУ (од вкупно 28). 17 од овие држави го користеле Пропорционалниот изборен модел. Сите имале отворени листи, додека само италија, Португалија и Шпанија имале затворени листи. П р о д о л ж у в а
|