|
|
Лидерите и раководствата за осамостојување на Македонија заборавени!? (3 дел) |
Околу преставниците на власта на Република Македонија и раководството на ВМРО-ДПМНЕ за чествувањето на Третиот Илинден-Денот на републиката 8 септември 2015 година. Не сакам да бидам погрешно сватен, кога пишувам дека никој од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, мислам од членовите на ИК и на ЦК, не му даде почит и признание на најглавната личност на борбата за осамостојување и обединување на Македонија и осноивач на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски, кој со своите соработници –лидери и членови на раководства на Македонски политички партии, во Македонија и диаспората, после Втората светска војна, до осамостојувањето, кои ги дадоа најдобрите примери како треба да се бори и промовира македонската националност и како треба да се бори за осамостојувањето на Македонија, со воведување и опстојување на демократските современи принципи на владеењето. Ниту јас ниту моите соработници и истомисленици, за идеологот Драган Богдановски и неговите заборавени соработници, немаме намера, барем јас така мислам, да го омаловажиме претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, односно премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, кого навистина го почитуваме. Ние сме свесни за неговата зафатеност и немањето доволоно време, за завземеност да му стави крај на контраверзните ставови, кои владеат во оваа политичка партија, за оснивачот и идеологот Драган Богдановски. Драган Богдановски сам неможеше, преку 5 деценијските активности во македонското движење, а и со лежење во затвор во Идризово 11 години, да ја оснива и современата актуелна ВМРО-ДПМНЕ, без неговите соработници-лидери и раководства на МАК,ДОМ,ДООМ, ТНМРО, НМРО, НОФМ, ДПМНЕ, кои се темал за техничкото оснивање на ВМРО-ДПМНЕ. Треба страници и страници да пишувам, ако е потребно, за да докажам, посебно за периодот од 2006 година до денес, колку национално политички статии публикував за подршка за ВМРО-ДПМНЕ и за лидерот и премирот Никола Груевски. Тоа може да се потврди со интернет списанието Македонска нација и моите и-маили на 600 читатели и соработници од светот. Мислам дека би се сложил и мојот ценет соборец, Маноил Јаковлески Мане, кој е главен и одговорен уредник на патриотското списание Македонска нација, кое списание е слика и пример за подршката на ВМРО-ДПМНЕ и актуелната власт на Република Македонија. Тука е и многу активниот бранител на Македонската кауза, претседателот на СМК, Тодор Петров, кој со повеке неделни статии –написи, пред се правно и организационо, застанува во озобличување и одбрана против разноврсни шовинистички антимакедонски напади, од соседните шовинистички влади и институции, а и од меѓународната заедница, бранејки ја актиелната власт на републиката, а посебно суверенитетот и уставното име на Македонија. Со подршка кон ВМРО-ДПМНЕ, од периодот кога се оснива и во Македонија, спаѓаат и многубројните автори на национални, историјски и политички дела, специјално од диаспората, кои ја овековечија вистината за Македонското движење во диаспората со извесни соработки од патриотски ВМРО-вци од републиката и идеологот и оснивачот на ВМРО-ДПМНЕ, со неговите соработници, сакаат да се прифати, како реална, според историјските факти поткрепени со документи, публикувани во нивните дела, како учесници и подржувачи на Македонското движење. Жално одекна оваа запоставеност на актерите на осамостојувањето од диаспората, а и поединци од Македонија, една година пред одржувањето на јубиејната 25 годинина, од почетокот на Третиот Илинден. Со гордост и голема почит ке ги спомнам само поедини најблиски соработници на Драган Богдановски, кои се покојни и некои од нив кои не го дочекаа осамостојувањето-Третиот Илинден: Драган Богдановски (1929-1998); Благоја Шамбевски Шамбе ( 1921-1974); Панко Стамкоски (1938-2007); Михаил Шариновски Солунски (1932-1999), Крсто Шкодров (1944-2005), Ристе Блажев Ристески (1931-2000); Крсто Јенчев Димитров (1912-2003), Јонче Трајчевски (…-2015) и други заслужни патриоти и борци за осамостојување на Македонија. И ако поедини лидери и видни активисти на раководствата на Македонските политички организации беа со извесни социјалистички и комунистички идеологии, сепак нивните подржувачи и членство беа против Европскиот и Југословенскиот комунизам, за демократска самостојна Република Македонија. И После 24 години од осамостојувањето, секако останаа во живот, мал број активисти на движењето и најактивните и најблиски соработници на Драган Богдановскии, кои треба барем да се почитуваат нивните авторски дела и богата патриотска активност. За горната цел, само сакам да ги потсетам, актуелните помлади патриотски генерации на ВМРО-ДПМНЕ, за да имаат поголем успех во иднината, во патриотските активности за Македонија, дека треба да мислат како и тие да бидат почитувани од своите идни млади Македонски генерации, за традиционалното почитување КОН СВОЈОТ РОДИТЕЛ, БЕЗ КОЈ НЕМАШЕ ДА ПОСТОАТ ПАТРИОТСКИ НА ОВОЈ СВЕТ. Ако не беа лидерите на Првиот Илинден од 1903 година, немаше да има Втор Илинден во 1944 година, а ако ги немаше двата Илиндена ќе го немаше најглавниот Трет Илинден од 1991 година, благодарение на неговите основоположители, најповеке од диаспората, што го имаме осамостојувањето и современата суверена Република Македонија. П р о д о л ж у в а
|