Понеделник, 12 Октомври 2015   
ДИЈАСПОРАТА ПУСТА ДА ОСТАНЕ

Petar KrivchevskiПетре Кривчевски

Лидерот на опозицијата во екот на преговорите ги запали фитилите на друг вид негова бомба. Имено, овојпат ја (до)отштрафи тезата за клоца на дијаспората. Го отвори срцето и го симна каменот од него. Камен голем колку пет континенти а тежок (дури!) три пратенички мандати. Другарчето од Муртино а олигарх од Струмица ја батали битката за една изборна единица и ѝ се нафрли на дијаспората. Зошто? Знаете и добро и сите но повторувањето е иљач за забравањето па не е на одмет да потсетиме. Да, муабетот ми е за гласот или поточно молкот на дијаспората, но пред тоа два-три лафа за надежите на Зоран и компанија – снимките.

Имено, уште од школските денови знаеме дека кој не знаеше или бегаше или мафтосуваше (ме боли ова, она…) та така и политикантиве. Сепак тоа го сметам за ноторно, на сите познато и веќе апсолвирано па помалку дури и дегутантно. Она што виси во воздухот и ја загадува целава оваа атмосфера со Катица и околу неа е вистината дека што прибавил, што поседува и што ќе (се одлучи да) предава Заев ќе остане вечна загатка. Тајна никогаш не откриена. Самата таа констатација дека вистинската вистина, а не Заевата, нема никогаш да излезе на виделина (не е дотолку да ги предаде снимките на контото на сопствената штета) става еден огромен знак прашалник пред целата идна „хајка“ на Јанева и дружина.

И второ, покрај селекцијата како з(ј)амка се наметнува и копијата. Односно, не наивните туку ни децата од улица не би поверувале дека снимките ќе бидат предадени а нивни копии не направени и не задржани. Од ними битните. И тоа никој жив не може да го тврди а камо ли и докажи. Значи, пред да се вратам на дијаспората да ја завршам мислата: Зоран Заев со нелегалните снимки ај што ја држи во залог јавноста но нема да дозволи, велиме, вистинската вистина да излезе на виделина. Каква и да е, таа ќе е кроена од негова рака и ножица и по негова мерка и мерак. Или пак ако, нека, лицето под маска, човекот од маскембалот нека си го истера инаетот а најнакрај одново ќе суди судијата над сите судии. Не, не врховниот или уставниот, не ниту специјалниот. Граѓанинот! Во април идната година, е тогаш дури правата вистина ќе излезе на виделина. Ова сега сето е купи-ден-помини и позиција и фотелја задржи. Туку ај за муабетот, дијаспората и (не)можноста таа да гласа.

А бе мајката, и со голо око се гледа сличноста на стратегијата и ма(м)ката: бегство од народот, неговиот глас и суд и барање на влез низ мала врата на големата сцена. Тие де, државотворците кои како чорапи менуваат имиња, знамиња, устави и општини за лични интереси и позиции. Другарките и другарите камуфлирани комунисти кои од уста не ги вадат а бегаат како од оган од граѓаните, нивните потреби и решенија, но и казните или наградите сетне заними на избори.

Така да сета оваа маскарада околу дијаспората е последица на истата таа причина: стравот од гласот на народот. Оти тој иако е во право но еве веќе редум деветпати наред „греши“ со јасна намера (и најави од анкети) по истиот терк и пат да си продолжи. Туку, вака! Бидејќи правото на глас на секој граѓанин (со лична карта/пасош) му е дадено и загарантирано со устав, никој поединечно (или пак и групно) не може да му го оспори или одземи. Но во констелација на состојбите какви што се, далеку од огништето – далеку од гласањето прашањето е како тоа да им се овозможи или олесни.

Изговорот на лузерот секој глас да имал еднаква тежина колку решето држи вода. Оти, ако е така, еднакви ли ни се можностите нам, на тукашните, кои на влечки одиме на избори и на некои кои мораат да поминат стотици па и илјади километри? Затоа, а и за се друго, постои само едно сеопфатно решение веќе применето од најмудрите. Можност за избор: гласање во татковината, во нејзините ДКП, по пошта или интернет. Само тоа му е мајката, и тогаш и така на овој бел свет сите граѓани една држава ќе бидат со исти права и можности.

Но, бидејќи тоа не е лесен ниту краткорочен процес нужно е час поскоро да се започне со работа на него. А до тогаш? Поарно и тројца од ич. Значи да констатираме, билката за болката на опзицијата не е во законите туку во заканите, уцените, лагите и измамите од продукцијата на ветер и магла на „Павелшатевска“ (нивна „Бихаќска“) кои не врват кај дијаспората, впрочем како и дома, па бараат можност барем неа да ја помножат со нула.

П.С. Најмал и најточен заедничи содржател за сето погоре кажано (но и општо): подобро музеи, споменици и панорамско тркало за народот отколку мито за Вицето и хациенда и јахта во Грција за Зоран и Радмила!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.