|
|
Лидерите и раководствата за осамостојување на Македонија заборавени (6 дел) |
Пишува: ЈанкоТОМОВ Не соодветни изјави, за значењето за Денот на републиката 8 септември 2015-Третиот Илинден, од поедини преставници на власта на Република Македонија: Во “Нова Македонија” на 7 септември 2015 : “Вељановски: Референдумот од 8 септември 1991 година наша најголема современа победа” Трајко Вељановски, спикер на собранието на Р.М., вели дека е тоа резултат од сонувањата на генерациите од двата илиндена!? Тоа е точно. Бидејки желбите на Македонскиот народ, за слобода и осамостојување на Македонија, се базирани од двата Илиндена, подготвени со дипломатска борба против Југословенскиот комунизам и социјализам во Македонија, најповеке во диаспората, од патриотското иселеништво. Од тие резултати, со префрлување во социјалистичка Македонија, основаната ВМРО-ДПМНЕ во диаспората, граѓаните од Македонија, ама и македонските иселеници од диаспората, излегоа на гласање на референдумот во Македонија на 8 септември 1991 година. Референдум како референдум е ништо ако него не го подготвел патриотски народ и посебно патриотска емиграција, кои во тешки и опасни активности од 4-5 декади, водеа дипломатска борба против комунизмот и социјализмот, со цел за осамостојување и обединување на Македонија. Оваа патриотска генерација на иселеништвото ја створи ВМРО-ДПМНЕ. За таа патриотска емиграција, Вељановски, не спомна ниту збор! Во “Вечер” на 8 септември 2015: “Обраќање на премиерот Никола Груевски по повод 8 септември, денот на независноста – СЕГА СМЕ СВОИ НА СВОЕТО, ЕУ и НАТО-ГЛАВЕН ПРЕДЗВИК” Овде премиерот зборуваше во чест на независноста, а никаде не ја спомна од каде дојде оваа независност, кој се бореше да ја створи и да ја стекне!? Премиерот зборуваше за сите проблеми кои доаѓаат од страна на опозицијата на владата на републиката СДСМ. Како пример, премиерот кажал дека СДСМ го подржувале школството, кое барало да нема предмети за матура, како што е математиката, впрочем СДСМ одма го употребувала тоа за одржување на демонстрации против владата на Р.М. Премиерот му дава предност на членсвото во ЕУ и НАТО, а не го спомнува тоа дека единствен услов за тоа членство е приемот со уставното име на Македонија, кое Грција го забранува. Членство во ЕУ и НАТО, само со уставното име, а исто така НЕ и против Русија, напротив за братска соработка со Америка, Европа и целиот слободољубив свет, тоа е желба на поголемиот дел на македонскиот нарот во Р.М. , во диаспората и во етничките делови на Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своите говори за Првиот Илинден на 2 август 1903 година и Вториот Илинден од 2 август 1944 година на Првото заседание на АСНОМ, никако не ја спомна диаспората, дека борбата за самостојна Македонија е водена против Југословенските комунисти и социјалисти, кои денес ја преставуваат опозиционата СДСМ!? Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер на владата на Република Македонија, не го спомна и лидерот на македонската борба за осамостојување и обединување на Македонија, Драган Богдановски, кој е идеолог и оснивач на ВМРО-ДПМНЕ, како и неговите позначајни соработници, денес најповеќето од нив покојни, во диаспората и во Македонија. П р о д о л ж у в а
|