|
|
Нашата сила е нашиот народ, нашиот народ е нашата држава |
Нашата сила е нашиот народ, нашиот народ е нашата држава, тоа е слоганот со кој ова година се одбележа 25 годишниот јубилеј на ВМРО ДПМНЕ во целиот свет. На 19 Август ова година се навршија 25 години непрекинато работење на ЗК на ВМРО ДПМНЕ од Перт, по тој повод на 23 Октомври на денот на ВМРО во анфи театарот на Едитх Цоњан Университѕ се одржа предавање на тема ВМРО ДПМНЕ 1990 – ВМРО ДПМНЕ 2015 каде беа присутни голем број на политичари од политичкиот живот на Австралија. Најпрвин председателот на Задграничниот Комитет г-нот Трајковски ги поздрави присутните и зборуваше за значењето и делото на ВМРО ДПМНЕ како и кратка историа за формирањето на ЗК во Перт. Големо внимание привлече професорот Адриан Пенистан, кој зборуваше за значењето и делото на ВМРО ДПМНЕ, Наредниот ден во саботата навечер во просториите на МКЦ Илинден беше одржана централната прослава Комитска Вечер, во прекрасен амбиент. Председателот Г-нот Трајковски на најстарите членови во името на ЗК им додели рачни часовници за нивниот придонес и афирмирање на ЗК. На истата вечер беа доделени и благодарници на активисти на ЗК на ВМРО ДПМНЕ како и на заслужни членови од Македонската заедница. Ова вечер беше збогатена со гости од ЗК на ВМРО ДПМНЕ од Аделаид Јужна Австралија председателот Тане Кузманов и секретарот г-нот Предраг Иваноски и представници на Македонските Организации и друштва од Перт. Во неделата на 25 Октомври во Македонската Православна Црковна Општина Свети Никола во организација на ЗК на ВМРО ДПМНЕ а во служба на свештеникот протоореј отец Мирко Пеше беше организирана панихида во чест и спомен на сите починати членови и оснивачи на партијата, а во 12 часот беа положени венци и свежо цвеке пред бистата на великанот Гоце Делчев во просториите на Македонската Народна Општина Вардар. Прославата заврши со пикник кој беше организиран во чест на гостите од ЗК на ВМРО ДПМНЕ од Адеалид Јужна Австралија, за која домакините припремија убава македонски специјалитети. Македонска нација
|