Македонскиот културен центар “СОНЦЕ” од Корча, по повод големиот македонски празник 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба, организира во Корча, Македонски фолклорен фестивал “СОНЦЕ 2015”. На Македонскиот фоклорен фестивал “СОНЦЕ 2015”, настапи и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо со фолклорната група од Требиште, Голо Брдо. Групата ја предводеа преседателот Ули Халилај и членовите Саимир Кадриу, Берхан Равмановски, Астрит Пупулеку, Микел Уручи. Покрај тоа учесво зедоа и фолклорните групи од Долна Горица, Мала Преспа со групата Деветогодишното училиште “Отпорот на Горичени”, од Горна Горица, Преспа Мала Преспа со пејачката група “Гориченки”. Од Пиринска Македонија, настапи фолклорната група од Разлог, “Пирински глас”, и од Република Македонија настапи ансамбалот “Македонија”.
|