25.10.2015 година во Витен, Сојузна Република Германија претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај, освари средба со г-дин Халит Хабип Оглу претседател на Федерацијата на Турците во Западна Тракија во Европа (ABTTF) кој истовремено е и потпреседател на Федерална Унија на Европските Малцинства (ФУЕН). На средбата присуствуваше и потпретседателот на Федерацијата на Турците во Западна Тракија во Европа (ABTTF) г-дин Усуф Сами. При тоа, претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана го информира потпреседател на Федерална Унија на Европските Малциства (ФУЕН) г-дин Халит Хабип Оглу за состојбата на македонското национално малцинство во Република Албанија и за активностите на Друштвото. На средбата се разговараше за ангажманот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана како член на Федерална Унија на Европските Малциства (ФУЕН). Се нагласи потребата за соработка меѓу Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и Федерацијата на Турците во Западна Тракија во Европа (ABTTF) двете организаци се членки на Федерална Унија на Европските Малциства (ФУЕН). Посетата заврши со предавање на подароци од страна на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана на делегацијата на Федерацијата на Турците во Западна Тракија во Европа (ABTTF).
|