Среда, 02 Декември 2015   
Гала вечер со врвни уметнички квалитет во Сиднеј

Стефо Нанцу добитник на две врвни награди, Душан Ристевски награден за животно дело

gala-vecer-sidnej-2

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј минатата сабота, 28 ноември, во преполнетиот театар на Hurstville Civic Theatre во Hurstville (предградие на Сиднеј) ја одржа својата Гала вечер при што се доделија награди за глума и театарска уметност под името Александар Македонски. Исто така премиерно се изведе монодрамата ЧЕНТО од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу, а во изведба на Васко Србиновски и Стефо Нанцу.

Со посебна изведба под името Аудиција настапија членови на Театарот, а музичкиот дел беше исполнет со настапи на КУД Илинден, како и познатите музичари Петко Чавкоски, Илија Ампевски и Божин Бојковски настапија со македонски традиционални инструменти кои ја воодушевија публиката. На Гала вечерта присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија Веле Трпевски.

Жири комисијата во состав на Тони Радевски (познат режисер на кратки филмови), Радица Бојковска (новинар и продуцент на Радио ЅВЅ), Иван Трпоски (поет и писател) имаа одговорна работа да ги изберат најдобрите глумци во неколкуте категории од изведените драми Ограда и Доктор Жими Мајка. Исто така имаше награда по избор од публиката.

gala-vecer-sidnej-1

Театарските награди Александар Македонски за глума за 2015 година ги добија следните лица:

Hајдобра машка улога: Стефо Нанцу со улогата на Кевин во Ограда

Најдобра женска улога: Јаворка Котевска со улогата на Петкана во Др. Жими Ϻајка

Најдобра машка придружна улога: Петар Павловски со улогата на Петар во Ограда

Најдобра женска придружна улога: Гордана Милошевска со улогата на Магда во Др. Жими Ϻајка 

Најдобар дебитант: Антонио Нешковски со улогата на Тони во Др. Жими Ϻајка

Награда со избор од публиката: Стефо Нанцу со улогата на Кевин во Ограда

Награда за животно дело во театарската уметност: Душан Ристевски. Оваа награда се додели по избор на членовите на Театарот.

gala-vecer-sidnej-3

Прекрасната изведбата на монодрамата „Ченто“ од врвниот артист Васко Србиновски, а со помош на Стефо Нанцу, не врати во минатото кога првиот претседател на Република Македонија Методија Андонов – Ченто, невино осуден, во затвот Идризово ги одлежуваше деновите во самица. Трогателната слика на Ченто кој сонуваше да ја обедини Македонија, ја расплака публиката. Можам со воодушевување да оценам дека оваа улога за Васко преставуваше една од најпредизвикувачките и најтешките кои тој досега ги има одиграно на сцена. Со оваа престава Театарот го проширува својот репертоар и покажува дека професионално умее да стави на сцена уникатно прекрасни престави.

Водител на вечерта беше Валентина Апостоловска, а сценски директор Никола Апостоловски.

Добро е да се забележи дека покровители на драмското прикажување на „Ченто“ и Гала вечерта беа Др Гордана Цвејоска Стеванс и нејзината стоматолошка ординација Your Smile Centre, Македонското пензионерско друштво од Ферфилд и Прилепското социјално друштво од Сиднеј кои го носат името на Методија Андонов-Ченто.

Иван Трпоски

gala-vecer-sidnej-4

gala-vecer-sidnej-5

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.