Во Тирана на 07.12.2015 година се одржува Саем на младински организаци координиран од Лидерството на млади од Тирана, а помогнат и од Министерство за социјална политика и млади, Националната служба за млади, Националната мрежа за млади во Албанија и Агенцијата за поддршка на граѓанското општество. Исто така организирањето на овој Саем е помогнато и од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ и Црца Албанија. Саемот на младински организација се организира со цел зајакнување и поддршка за организаците кои обезбедуваат соработка на младинци со граѓанското општество. Покрај тоа, пвој саем има задача да се зголемиобемот на работа, како и одржливоста на младинските организации преку зголемен пристап до средствата од разните донатори заинтересирани за помагање на работата на младите. Саемот на младински организации го посети Претседателот на Македонско друштво” Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај. Според него Саемот на младински организации е добра можност за нив да го осознаат начинот на работа, мисијата и активностите кои во повеќето случаи се на доброволна основа. Од друга страна, со взаемното ангажирање се зајакнуваат капацитетите на младинските организации сп што воспоставуваат конзистентност во нивната работа, а со тоа го отвораат патот за поддршка од фондации и други финансиери. Покрај другото, претседателот на Македонско друштво” Илинден”-Тирана во текот на средбите со многубројни органзаци и фондаци разговараше за идна соработка меѓу организаците.
|