Согласно своите надлежности претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај ја укинува позицијата генерален координатор на Друштвото. Оваа позиција до сега ја извршуваше Стојанка Палко, која на 01.11.2013 година беше избрана за генерален координатор.
Македонското друштво “Илинден“-Тирана и се заблагодарува на Стојанка Палко за придонесот како генерален кординадор во Друштвото, при што Палко и натаму ќе продолжи да ги поддржува активностите на Македонското друштво “Илинден“-Тирана. Стојанка Палко е родена во Поградец, Република Албанија. Основно и гимназиско образование има завршено во Поградец. Во 2006 година е добитник на стипендија од Република Македонија за студирање на Унверзитетот Св. Кирил и Методиј, т.е. на Стоматолошкиот факултет во Скопје, Република Македонија. За време на студиите има присуствувано на разни медицински и стоматолошки конгреси, како и на семинари и обуки, што многу и помогнаа во усовршувањето и надградувањето на нејзините знаења, вештини и способности. Од 2010 година е член на Македонското друштво “Илинден“ - Тирана. Дипломира во 2012 година на Стоматолошкиот Факултет во Скопје, Република Македонија како доктор по стоматологија. Во 2012 година беше еден од учесниците на третата Школа за млади лидери што се организира под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Од 2012 година до сега работи како доктор по стоматологија во Тирана. Македонското друштво “Илинден“- Тирана и посакува личен и професионален успех на Стојанка Палко. |